Ох, се извинувам на вашата сезнајност и клекнувам да молам за прошка. Никогаш не успеав да ги разликувам тие поими, разјасни ми ги.
Сфашта.
Jaс мислам дека веќе ти одговорив, а ти како сакаш сфати го тоа.
Психијатрија (ст. грчки - psyche-душа, iatros-лекар) се дефинира како медицинска гранка која се занимава со настанувањето, развојот и манифестирањето на болестите на човековата личност кои произлегуваат од субјективниот индивидуален живот и неговите односи со околината. Психијатријата претставува медицинска дисциплина која се занимава со дијагностицирање и лекување (фармаколошкитретман, психотераписки техники) на менталните растројства кај луѓето.
Психијатар е доктор на медицина, специалист по психијатрија. Специализацијата најчесто трае 4 години.
Психологија (од грч. ψυχή, "психи", душа, дух; и λόγος, "логос", знаење) е збир на академски, клинички и производствени дисциплини, коишто се занимаваат со објаснување и предвидување на човечките и животинските дејства, расположенија, мисли, чувства, мотивации, односи, можности и патологии. Животинската психологија вообичаено се изучува како одделна тема , но и како начин за добивање одредени сознанија врзани за човечката психологија низ споредба.