Охо, ми заврши Прстенот на Канал 5. У пм со мозоков. Ем ми стиска, ем не ми дава да сменам канал.
Нема везе де, и онака не планирав три дена да спијам...
Таман имаме време да си поприкажеме со Самара за одржување на косата со бунарска вода.
Ме мачи и кај ќе си ги сушам гаќите одсега. Над пареа од манџа, да примат и арома, а постарине таман ќе може да се вадат дека жолтата дамка им е од реата на манџата.
Германец смее да се испува на сред улица и тоа е сосема нормално, јас не можам гаќа на сопствена тераса да закачам. Демек памучна гаќа на жица толку куроповикателна е, што сите ќе земат двоглед и ќе ја стрелаат со желни погледи.
Немаме закон за психопати, педофили и убијци, ама затоа имаме за гаќи! Битна е иновативноста.