"Те вработуваат во државна администрација, целиот среќен после долго време "лепење плакати", ја имаш работата од соништата или барем така мислиш и доаѓа моментот на работа. Почнуваш, запознаваш старо нови колеги, се дружите, излегувате на кафе, до крајот на работното време сте од браќа поблиски, а после врагови. И така поминуваат денови, месеци, во кафе муабети и по малку работа се до моментот кога сфаќаш, дека на работа ти е најубаво само денот кога земаш плата.
Секој нареден ден за тебе е голгота, светот ти се руши, странки ти досаѓаат, принтерот работи па не работи, кафе ти се пие, ти се јаде па спие, ама не, мора да работиш, а никој не те разбира дека ти всушност не сакаше да те наместат за тоа работно место, а за местото на директорот."
* Инспирација од една администрација