Ќе ти пратам во порака, па ако наоѓаш материјал по нет, праќај да додавам таму.
Ако ништо друго, бар да знаеме кој ни се движи по улициве. Може баш комшијава до мене ќе го начекам кајшто тресе бисери, па да знам да си бегам кога ќе го видам.
Трет ден еве се расправам со оние што го бранат чинот, што само ми кажува дека би направиле такво нешто при прва пружена прилика.
Кај нас за убиство мислам 5-6 години лежат, не па друго. Башка си имаш и одморчиња кога нема доволно стража или ако има премногу новајлии за потежок криминал, а неретко и не ни лежат. Иронично, некаде на врвот сме со полицајци по глава на жител. Сите од метро и пол станаа цајкани.
Добро е што и рајава ни е препроста и не разбира закон, иначе има по улици да си збираме делови од телото. Што се 5-6 години да одлежиш некого, пф.
Немам активност на соц.мрежи иначе ќе пратев
Ми доаѓа да направам профил само за да ги избрукам тие што бранат таков чин, никако бре ова хунзиве и остали промашаји од колективни идентитети да се цивилизираат, па уште и жени има што поддржуваат такви срања е тоа е тек нешто.
И треба да се знае кој се движи наоколу, добра идеја ти е, јас во рамки на свои можности праќам порака.
Преку онакво со оваа мизогинија пуштена на најјако, што е работава не разбирам.
Ајде некако не знам...некоја изварала некого па овој замразил жени, а што да прават жени кои биле изварани, да замразат машки пол?!
Има свашта, мајки кои биле дно, баби кои тепале деца, професорки кои понижавале, ама тоа го има уште повеќе во обратна насока па што значи сега жените масовно да започнат со омраза?
Освен 2-3 случаи, све остало од женски пол во мојот живот се покажало како добра ситуација, еве и сега за позајмица за подкаст пак ми помогна женска особа уште како мал како низ магла ми е ме штипкаа за образи разни тетки и комшивки па галење по коса па муабети коа ќе порасниш таман и ќерка ми ќе порасни па ќе бидете пар или во таа смисла нешто
Далеку најдобриот период во мојот живот беше овозможен од женска особа која ја прифати мојата наклоност и љубов сосема отворено и комплетно и знаеше како да ја манифестира својата наклоност кон мене на најубав можен начин.
Од родбина, женската страна знае да се јави да праша дали сум жив, што е како е, повремено ама не ме забораваат а машката страна....хммм......некако скроз ме заборавија.
Нешто не е во ред со рајава, не знам што е тоа.