Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ќе ти пратам во порака, па ако наоѓаш материјал по нет, праќај да додавам таму.
Ако ништо друго, бар да знаеме кој ни се движи по улициве. Може баш комшијава до мене ќе го начекам кајшто тресе бисери, па да знам да си бегам кога ќе го видам.
Трет ден еве се расправам со оние што го бранат чинот, што само ми кажува дека би направиле такво нешто при прва пружена прилика.

Кај нас за убиство мислам 5-6 години лежат, не па друго. Башка си имаш и одморчиња кога нема доволно стража или ако има премногу новајлии за потежок криминал, а неретко и не ни лежат. Иронично, некаде на врвот сме со полицајци по глава на жител. Сите од метро и пол станаа цајкани.
Добро е што и рајава ни е препроста и не разбира закон, иначе има по улици да си збираме делови од телото. Што се 5-6 години да одлежиш некого, пф.

Немам активност на соц.мрежи иначе ќе пратев :)
Ми доаѓа да направам профил само за да ги избрукам тие што бранат таков чин, никако бре ова хунзиве и остали промашаји од колективни идентитети да се цивилизираат, па уште и жени има што поддржуваат такви срања е тоа е тек нешто.
И треба да се знае кој се движи наоколу, добра идеја ти е, јас во рамки на свои можности праќам порака.
Преку онакво со оваа мизогинија пуштена на најјако, што е работава не разбирам.

Ајде некако не знам...некоја изварала некого па овој замразил жени, а што да прават жени кои биле изварани, да замразат машки пол?!
Има свашта, мајки кои биле дно, баби кои тепале деца, професорки кои понижавале, ама тоа го има уште повеќе во обратна насока па што значи сега жените масовно да започнат со омраза?

Освен 2-3 случаи, све остало од женски пол во мојот живот се покажало како добра ситуација, еве и сега за позајмица за подкаст пак ми помогна женска особа :) уште како мал како низ магла ми е ме штипкаа за образи разни тетки и комшивки па галење по коса па муабети коа ќе порасниш таман и ќерка ми ќе порасни па ќе бидете пар или во таа смисла нешто :D
Далеку најдобриот период во мојот живот беше овозможен од женска особа која ја прифати мојата наклоност и љубов сосема отворено и комплетно и знаеше како да ја манифестира својата наклоност кон мене на најубав можен начин.
Од родбина, женската страна знае да се јави да праша дали сум жив, што е како е, повремено ама не ме забораваат а машката страна....хммм......некако скроз ме заборавија.

Нешто не е во ред со рајава, не знам што е тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Далеку најдобриот период во мојот живот беше овозможен од женска особа која ја прифати мојата наклоност и љубов сосема отворено и комплетно и знаеше како да ја манифестира својата наклоност кон мене на најубав можен начин.
Од родбина, женската страна знае да се јави да праша дали сум жив, што е како е, повремено ама не ме забораваат а машката страна....хммм......некако скроз ме заборавија.

Нешто не е во ред со рајава, не знам што е тоа.
Праф маш не смее да има емоции нели? Башка и шѕто има да ти се јавува ако нема корист.
Чекај, стани таму лепач на плакати, советник, може градоначалник нешто, па ќе се јавуваат да ти кажат дека виделе цвет и ги потсетил на тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Праф маш не смее да има емоции нели? Башка и шѕто има да ти се јавува ако нема корист.
Чекај, стани таму лепач на плакати, советник, може градоначалник нешто, па ќе се јавуваат да ти кажат дека виделе цвет и ги потсетил на тебе.

Во склоп на муабетов уште една женска особа се понуди да помогне и тоа без да бара да и вратам пари...
Women had good influence on me :)
I`ll dedicate first episodes to women that stood by me, financially or otherwise, including you miss Electra :) your support was amazing in every way.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Лоша идеја е кафе во 11, ама па сум ги имала и полоши.
Што е битно, ќе си поседам да пречекам изгрејсонце, имам серии за гледање.
Памет за другпат.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кога човек истражува во водите на крајните гнасотии на сексуалното предаторсто, не очекува ништо добро.
Но и покрај тоа, кога се наиде на случај на пар бисексуални сатанистички сериски силователи-расисти кои силувале пошто така им заповедале гласовите во глава, човек не може а да не направи пауза.
Малку наклон е спектакуларната сурвајвор прича на последната жртва која се обиделе да ја убијат за да не ги пријави со 55 убоди и слешеви низ тело со полуизвадени црева, која пронаоѓа сила да стане и да преживее преправајќи се дека е мртва пред тоа. Каква жена...

Доволно гадости за овој месец, претерано е ова :unsure
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ах бе, ова титовиве генерации се назад за Голи Оток со она нивното „Седи си мадро, да не одиш модро“, па тоа колку криминалци се пуштени низ решетките на системот со декади ради тоа што се посрана генерација што некако се смета за супериорна, тоа е С Т Р А Ш Н О. Решетките додуша се стапчиња од сладолед, постојат само колку да се рече дека постојат, а немаат никаква улога.
Можно е да имам спомнато некаде, но некој во зградава ги крши дома од ќотек (не можам да проценам точно од каде иде) и урла ко нездрав, па кажувам дома дека би пријавила кога би имало нешто асолно, пошто лично познаник-цајкан ми кажа да не се мачам ко комшика, од фамилија само прифаќаат, ама не реагираат брзо, посебно не ако насилникот има врски. Епа супер, ајде да се убиваме тогаш слободно. The Purge лајна да јаде пошто кај нас е секој ден.
И нели само спомнав едвај дека кога би била нормална држава, убаво би било да има да пријавиш анонимно и да знаеш дека ќе си сфатен сериозно, ама тоа се претвори во лекција како сум глупава и не треба да се мешам во туѓи фамилијарни работи, они си знаат што си прават (да, сигурно им е забавно да се дере дека ќе ги убие и да ги фрла нив или предмети низ соба), ќе ме заколел комшијата ако ме начека. Бумерската фантазија не знае за граници.
Не постојат посебични, понеуки и понеуспешни генерации од нив, а уште не можат да сфатат дека поради нивната тврдоглавост, себичност и лажна супериорност сме тука каде што сме.
Не, извини, децава 2003-та ти се криви што ја изгуби куќата на лихвари во 84-та и не знаеш да си закажеш термин онлајн.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Понекогаш луѓе споменуваат дека све било во пари и кола, млади луѓе...жалосно што никогаш не доживеале нешто повеќе од генерички ситуации на симболи за богатство кое наводно ќе им овозможи јак живот.

Најубавите ствари во животот се скоро бесплатни.
Бидејќи на крајот остануваат само сеќавања, пошто сегашност и иднната не ветуваат многу, ми текнува на еден момент кога мојата љубов дојде тука као да се запознае со моите пошто да не испадне од ведро небо ќе се жени сега.

Таков период беше ретко за овие краишта некои ветрови, магли, дождови.
Некако сакав да направам нешто за неа, да излеземе ама таква магла одамна не паметев.
Кога човек е заљубен му текнуваат чудни ствари.
Па така најдов некое вино што го донеле некои за визита, земав ранец, две чаши од комплет, мп-3 плејерот, марамчиња и отварач, викнав такси и му реков да не остави кај портата. Надолу на 50м беше амфитеатарот, градба од пред некои 2200 години, реставриран и се употребува за музички настани, акустичноста на местото е неверојатна.

И така низ таа магла се гледаа само фенерите, седнавме на средина, пуштив мп-3 па се слушаше ехо, и низ таа нестварна атмосфера која се доживува еднаш во сто години се напивме по една чаша од виното, таа беше благо импресионирана, јас и кажував колку ја сакам and all sealed with a kiss :sreken
После некое време, лагано поднапиени на такво место во такво време и беше чудно како е можно некој да и посветува такво внимание па пушти некоја солза, јас разбирав од каде доаѓа па избришав солзи со марамчиња и нешто кажував дека тоа е нормално и дека е задоволство да се прави најдоброто што се знае за личноста со која сакаш да го минеш животот заедно, дека тоа доаѓа со територијата. Ама тоа и беше чудно пошто заклучи дека дотогаш се сомневала дека некој воопшто ја сакал, родители и сето тоа, ако сите биле толку незаинтересирани или рамнодушни и апатични за да и дадат внимание какво што нормално би требало да следи.

Подоцна беше по малку навикната да има внимание од мене како никогаш пред тоа па ќе ме прегрнеше спонтано и ми кажуваше дека нејзината прегратка е најсигурното место за мене на светот. Нејзината градба, нежна, мала и така некако кршлива во контраст со мене, ми значеше најмногу на светот во тој момент.
Сето тоа не чини пари. Има нешто и во љубовта, во страста, во меракот, во занесот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во случај да имате врска каде после неколку месеци особата која е со вас се радува наутро што се буди покрај вас или се радува кога се враќате дома или каде и да живеете со неа, размислете за брак. Се друго се учи или се синхронизира со тек на време, ама тоа не, тоа излегува од карактерот на особата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Секогаш е многу „позабавно“ за луѓево кога им е неизвесно, кога некој ги прави мајмуни, кога некој ги третира пет пати лошо - еднаш добро, па тоа еднаш доброто го ставаат на пиедестал.
Народов е научен да е емоционално манипулиран од мали нозе, научен дека само тешко стекнатото е слатко и вредно, дека ако некој е фин, тоа е фарса и истиот само ќе те искористи при прва прилика.
Било што, само да се осеќаат дека нешто им се дешава. Триста непотребни драми прават од анализи на еден поглед што им упатил некој. Како имате енергија бе за такви глупости?
Одете истрчајте ја негде, викајте во јастук, удрете си бокс во огледало... што било.
Мислам, може секој да се прави будала де, еве ќе си измислам различен карактер за секој еден човек во животов за да „ни е интересно“ и да одговара со нивните делузии нели, ама со меморијава тешко дека ќе запомнам по две лаги за секое едно алтер его. :D
Не знам ни јас кај терам со мисливе вака.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Outrider