Само што ја завршив документарката "Tell Me Who I Am" и се изнаплакав, искрено.
Алекс паѓа од мотор на 18 години и ја губи дотогашната меморија, па се ослонува целосно на приказните што му ги кажува неговото семејство, поточно највеќе неговиот брат-близнак Маркус.
Така, од 18 години почнува да гради нови мемории базирани на слики и искази на други.
Како и да е, полека почнува да се сомнева дека нешто не штимало во целиот нивен живот, па на 32 наоѓа слика која не требало да ја најде и тогаш Маркус е приморан да му признае дека мајка им ги малтретирала сексуално.
Сопствени деца, еј!
Срце ми се скина слушајќи ги. Едниов сосема збунет, по втор пат губи компас кој е тој и што е неговиот живот, а другиов пола живот се измачува со тајната, но и се радува што барем брата си може да го заштити од тие мемории.
Сега се и двајцата мажи во свои 50-ти години и дури сега Маркус му кажа подетално што се случувало и тоа преку видео пошто немал сила да го погледне во очи. Како и би, кога сопствена мајка те силувала и „давала“ на други педофили да те силуваат???
Се гледа дека се прекрасни луѓе и двајцата... како можела така да си ги осакати децата?
Мислам дека некое време ќе го мислам случајов. А уште колку има неоткриени...