Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
I`m very happy today :sreken Знам да се радувам на ситни нешта, но вака не сум се израдувал уште од времето на Блек Најт. Не верував дека некогаш ќе се случи но ете, по се изгледа конечно Атлантида е пронајдена. Или барем главниот град на конфедерацијата од 10 земји од препотопната цивилизација.

Солон, Херодот и Платон.
Херодот, таткото на историјата со неговата карта на светот сосема прецизно ја лоцира Атлантида каде што денес се наоѓа Окото на Сахара, структура пронајдена тек 1969 со помош на авион бидејќи се работи за објект со дијаметар од 48 км!
22c4888084e59a5aa12602e3b9f5e482.jpg

mg22730333.700-1_800.jpg

eye-sahara-2.jpg

Circumstantial доказите и индициите се шокантни.
Интересно е што овој пат локацијата е скроз аут од сите досегашни предвидувања.
Се работи за структура која сериозно одговара на описите на египетските свештеници чии изјави ги запишал Солон а нив ги читале подоцна Херодот и Платон.
Се наоѓа во денешна Мавританија, во северозападна Африка.

Ова е сосема нова ситуација, на нет ја има некаде две години. Некои ликови започнале кикстарт кампања за да соберат пари со кои би најмиле археолози, геолози и антрополози, техничка опрема и остало за да можат да испитаат на лице место за што се работи.
Проблем е што Мавританија е шеријатска диктатура каде има смртна казна за еден куп "прекршоци" и којзнае дали би дозволиле копање.
Тука е и проблемот што објектот е тотално во тешка пустелија изолиран од светот и векот, далеку од патишта и можности за снабдување.

Кралот Атлас и Посејдонија :)
Bloody hell !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Другарка ми си е конечно со љубовта на нејзиниот живот и денес се венчаа!
Не мислев дека толку ќе се радувам за некој друг, ама еве, си поплакав. :rolleyes:
Трпение и слога - нема побитно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Другарка ми си е конечно со љубовта на нејзиниот живот и денес се венчаа!
Не мислев дека толку ќе се радувам за некој друг, ама еве, си поплакав. :rolleyes:
Трпение и слога - нема побитно.

Ајде да исчекаме и на твоја глава :) (на моја и онака не бива нажалост :( )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Тоа во Словенија, веројатно и тука за некое време.

Интересна состојба.
Голем дел од лицата со ретки болести се жртви на ауто-имуни дисордери од различни видови.
Заедничко за сите нив е што е пореметен имуниот систем.
И како такви, не смеат да бидат вакцинирани (заедно со страдатели на други болести кои не се авто-имуни но поради кои евентуално вакцинирање би можело да биде кобно).

Кај мене примање на вакцина може да биде сериозно штетно.
Пошто имуниот систем е пореметен и го јаде сопствениот организам, толку е јак што како нус појава на таа силина на реакциите = било какви грипови и настинки се лиминирани во старт. Не сум имал настинка или грип или било што слично откако ме фати синдромов, цела деценија сум имун на зарази.
Но последиците на изложеност на патогени не се во самите симптоми кои ги предизвикува патогенот (пошто е елиминиран брзо од страна на имун систем) туку во траењето на реакцијата на системот кој не престанува со активност одредено време, некогаш со месеци.

Бидејќи сега државата започнува со дискриминација на лицата кои не се вакцинирале, што правиме со оние илјадници, може десетии илјади за кои вакцинација може да предизвика тешки последици, вклучително и смрт?
Тие ќе бидат тотално социјално изолирани, оставени без можност за заработка, без здравстввена заштита, без слобода за движење, без пристап до нет и без можност да си купат било што, од храна до лекови, што ќе значи и сигурна смрт за нив.

Што ќе прават лицата кои не смеат да се вакцинираат?
Фактите се јасни, системот ќе осудува луѓе на смрт поради неподобност.
Ете до каде дојде работата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Дечкото осомничен за убиство...

Некој да ми кажуваше пред 10 години дека не само што омразата према жени ќе биде во пораст туку и дека тоа ќе прерасне во идеологија...ќе мислев дека забегува. А денес, шта речи. Милиони ликови од Исламабад до Ресен се обземени од омраза и параноја.

Нејасно е што постои spike во мразење жени баш во време кога тоа не би се очекувало. Во време на светска мрежа и можности за најдобар однос меѓу половите од било кога, имаме регрес на дел од популација кон некои мрачни времиња.
Како е можно млади, здрави (барем физички) луѓе со сите можни предуслови да имаат најубав можен однос со спротивниот пол, да се оддаваат на најмрачни пориви и постапки? Тешко за верување но за жал секојдневие. Жално и срамно, имајќи предвид колку лица не се во можност поради икс причини да имаат врска или се изложени на социјална изолација поради игра на судбината...
 
Случајно ми излезе ова ко предлог на Јутуб пред некој ден и баш го заследив случајов. Мислам, јасно беше веќе дека нема да ја најдат жива после скоро месец, ама ете.
Типот наместо да ја пријави исчезната, побегнал дома, па најмил адвокат веднаш, па последно гледав некаде по Флорида се сомневаат дека побегнал/се скрил.
Имаше некои дечки рандом што проаѓале низ пределот и снимале и веруваат дека случајно на камера го фатиле дечкото како копа дупка до комбето (не ова видео што е во статијата, друго беше и пократко, не можам во хистори да го најдам, веројатно било во shorts на акаунтот на телефон што ми е). Е сега, реално не можев да видам многу од снимката, ама којзнае, ќе си истражат надлежните ако држи вода.
Многу мила делува девојката, штета, цел живот пред неа... :(

Едит: Го најдов видеото, само што овде е enhanced и успорено за да се види подобро.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

И кај мене исто излезе како предлог ама сепак ми е шокантно сеуште, не сфаќам, свршени со закажана свадба и заедничка фрилeнс работа која двајцата сакаа да ја работат, живеат во first world земја, имаат услови, здрави, прави и све по ред...и на крај ова?! Тој кукаше нешто дека таа го нападнала, мислам и таа спомена а тоа е знак или на лудило или на реакција ако ја провоцирал со срања ама во секој случај не постои ништо на светот што не може да се разреши со рационален разговор (настрана болести, синдроми и ствари кои не се во можност на партнерите да ги решат)...
Типот не делуваше на социопат ама постапкиве го ставаат во тој кош, чуден случај...можноста за прикриена омраза кон жените е тука, со оглед на епилогот. Се надевам дека ќе му опнат whole life tariff.
 
Премногу ги има што делуваат така совршено однадвор, а се ќофтаат (не на убавиот начин) редовно.
Имаше гласини и дека експериментирале по малце со екстази, лсд, печурчиња на патувањето (џоинт само видов меѓу инста сторис кај девојката, ама па кој би ставил друго хах), па може се десило нешто при лош трип и бацево побегнал... којзнае. Еве вчера откриле дека пред некој ден ја искористил некаде картичката на девојката, ама уште не е најден.
Родителите му имаат помогнато гарант. Лесно е да се пребега од Флорида до Мексико...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider