Јавна Соба на Телеграм

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ајде баш да видиме на колку ќе ги осудат. Особено ако меѓу приведените има такви кои активно барале детска порнографија. Дали за прв пат ќе биде правно процесиран максималниот сељачизам и манијакалност.
Треба да ги казнат максимално за да се упати порака до останатите.
И нивните имиња да осамнат по сите медиуми.
Не смее да има анонимност за такви ликови.
А на робија, пошто сексуалните престапници и не се нешто омилени, има да го видат Стамбол.

А и сите ние можеме да придонесеме со ширење на веста за овие настани по форуми, соц.мрежи и нормално ИРЛ низ муабет. Иако не е популарно да се споменуваат такви манијаци, потребно е.
Озбилно, кога ќе помислам какви језиви фаци си го фаќале пред мене кога сум одела накај школо (збориме за дете од 10-11 години). Живеев во зграда што е дел од трговски и се вртеа секакви рано наутро, ама наместо некој да преземе нешто, децата бевме научени да ги игнорираме пошто биле надрогирани, не можеле да не фатат. :zelen Мајка ми секогаш ме носеше кога можеше, ама и таа мораше на работа, па другото беше снаџи се.

Да сум сега, би ги сликала и би ги лепела сликите насекаде по град. Башка што и лесно е да дознаеш идентитет, нема тука срам и приватност за такви манијаци. Лупни го одма по социјални мрежи.
Еве гледам малолетна сестра на познаничка така фино си објавила некој шупак што ѝ пишувал секакви гадости, чисто се сомневам дека на друг ќе му текне да ѝ пише сега (иако фиромци знае да изненадат).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Мора нешто да се преземе, премногу се молчи за манијаците кои виреат наоколу, освен робија треба да има регистар па со пар кликови на нет да се знае кој е манијак. Не смее да се анонимни како сега, едноставно е крајно неодговорно тоа.

Штета што си имала такви искуства со манијаци, тоа е срам за машкиот пол бре, све тоа треба да иде под мач а не да ги оставаат да манијачат по школи за основци ццц.....
Јас пак имам спротивни спомени за среќа.
Иако меморијата ми е ограничена за далечно минато, ми текнува дека возрасни жени ме штипкаа по образи и ми делеа комплименти а некои на шала кажуваа дека ќе ме женеле со ќерките, не знам зошто толку сум бил симпатичен на возрасни жени :) Или ќе ме погалеа по коса и прашуваа која ми е симпатија од класот или така нешто...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Јао, тоа стандард стрини на чешма прашања уште од мал ти лупаат. Тебе најголема мисла ти е домашното до 6 да го завршиш за да излезеш до 8 да си поиграш, они женачки и мажачки. Ама еј, и до денес на мајка ми ѝ викаат дека имале син ко за мене, 2-3 дури и сваќо ја викаат. :^) Мисликш 15-ти век сме и мајките ќе не даваат.
А, за штипкање образи мислам сега истите треба да ги тужам да ми плаќаат редовен фејслифт од што ме имаат влечено некои без осет.

Мислам имаше некој регистар за педофили онлајн, можно е да имаше и тема за истото, ако не се лажам.
Работата е што сигурно веќе или не постои или не е апдејтиран од 2013-та...
А не да треба, со адреса на живеење би ги ставила.
 
Има еден регистар ама толку е непрегледен и дно, колку да се каже ете работиме нешто.
И тоа тој е само за осудени педофили.
Педофилите се мал процент од вкупниот дел сексуални злосторници, има многу категории и мора, апсолутно мора сите да бидат во регистар.
Конкретно за педофили треба РФИД чип под кожа како што имам пишувано па да се знае во секој момент каде се и каде биле. Ако сигналот упати кон тоа дека се мотаат околу некоја градинка или основно = по дифолт на робија.
Може да се преуреди некој објект, пример оној изгорениот хотел Изгрев на Преспа во затвор за сексуални злосторници, доволно е изолиран и квалитетно граден во екс-Југа. 23,30 часа внатре и 30 мин. на кров колку да осетат воздух.

Ама не може тоа, ќе се јават веднаш оние за заштита на правата на осудениците па не е хумано па ова она....а никој не ги есапи жртвите.

Интелектуално можам да сфатам зошто, но емотивно не можам. Па нема бре нешто поубаво на овој свет од симпатично женско, особено со патики на неа, значи не overtly sexy туку баш она симпатична девојка или жена......и на еден таков дар од природата, есенција на естрогенот, некој манијак да и нанесе зло.......не сфаќам.
Дали дека жените ме размазиле до некој степен и имам само добри спомени со нив па сеа ми е несфатливо.

А имавме еден педофил во нашиов влез, среќа што го продаде станот и отиде некаде, гастербајтер-повратник со бенефициран стаж од запад, 60+ возраст вол скапан, ни жена ни деца ни куче ни маче, вреба ромски девојчиња.
Уште појезиво, наводно некои од родителите на девојчињата знаеле за тоа и ги праќале кај него да заработат нешто за фамилијата :banghead:banghead:banghead

Откако му извадив глас дека е гнасен педофил низ влез и низ населба со сите пропратни детали, често почнаа да го викаат педо, би сакал да верувам дека имав мала улога во тоа што се исели оттука откако сите го дознаа дека сака да е*е девојчиња 40+ години помлади од него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Еј да, ги осудија пацериве пред некои две недели.
Ќе видиме колку ќе одлежат од ова, иако за детска порнографија би ги стрпала доживотно.
Загрижувачки се последните реченици дека имало и втора таква „соба“ и 12к зачленети, значи 12к манијачишта што секојдневно шетаат меѓу нас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider