Инаку на Инстаграм следам некои профили преку кои дознав колку уствари оваа т.н. одмаздничка порнографија е присутна, и тоа не само од машки спрема женски, туку и женски против женски од х причини.
Имаше еден профил објавено од Србија неколку такви соби со по над 20-30.000 членови, но разликата е што таму немаа (бар колку што знам) марширања и не знам што, туку на глава им се качија на релевантните органи, исподознаа самите идентитети, пишуваа на работодавците на ликовите од собите. Искрено, подвиг за восхит.
Овде и да пишеш, прашање е кој знае да користи мејл правилно...
А, Заев се заканувал дека ќе го укине Телеграм бе.
Па се препукуваат таа девојката Ана ја викнале од СДСМ да одржи говор, партиски пиун одма била. Еден на Твитер дури и ја нарече садо-мазо дека била облечена пошто девојката носеше кожно палто.
Фиромче, трагедијо.