Јавна Соба на Телеграм

Sasho

Истакнат Член
12 ноември 2020
43
14
108
42
Абее нека остават они слика уште од расцветан газ па после шаволот крив. Не оправдувам ама се претерува бе човек со просторечи порнографија по цел интернет,па порно ке си пуштам ако ми треба а не секакви шатки тука.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Во што се кладиме дека вака и ќе остане или ќе фатат некоја ситна риба, некои детишта, ќе им лупнат можеби 30 дневен или условна и ајт.
Еееј, детска порнографија!
Аман!
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Собираат докази, најверојатно имаат убацено некој внатре. Кај и да е ќе го решат случајот.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Инаку на Инстаграм следам некои профили преку кои дознав колку уствари оваа т.н. одмаздничка порнографија е присутна, и тоа не само од машки спрема женски, туку и женски против женски од х причини.
Имаше еден профил објавено од Србија неколку такви соби со по над 20-30.000 членови, но разликата е што таму немаа (бар колку што знам) марширања и не знам што, туку на глава им се качија на релевантните органи, исподознаа самите идентитети, пишуваа на работодавците на ликовите од собите. Искрено, подвиг за восхит.
Овде и да пишеш, прашање е кој знае да користи мејл правилно...
А, Заев се заканувал дека ќе го укине Телеграм бе. :rofl Па се препукуваат таа девојката Ана ја викнале од СДСМ да одржи говор, партиски пиун одма била. Еден на Твитер дури и ја нарече садо-мазо дека била облечена пошто девојката носеше кожно палто.
Фиромче, трагедијо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ко и што си мислев, ништо ново во врска со случајов. Се затворила собата, демек приведени, демек ова... ама демек.
Вчера гледам ми стигаат два предлога за пријателство на ФБ (а баш воопшто не го користам, ни па додавам и прифаќам луѓе веќе) и прва мисла штто ми прелета е да не ме пишал некој таму пошто секако не треба да имаш голи слики за да се најдеш по групите. :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Фактот што кога ќе пребараш „јавна соба телеграм“ на Гугл и темава на форумов е на првата страница доволно зборува колку се заборави случајов.
Во меѓувреме има уште којзнае колку групи каде се шират најобични слики од Фејсбук или Инстаграм со „сочни“ описи за девојчињата на нив, малолетни девојчиња објавуваат скриншотс од перверзњаци што им ги праќаат половите органи ничим изазвани. Идила, велам...
Оно па и мене пред некои 3 години памтам рандом детиште од 19-20 години ми прати така видео од неговата „гордост“. Сега да ми се случи, реално би ги постирала на стори без срам и/или би ги праќала на мајка им.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ако, сама ќе си правам муабет. :zelen
Конечно.
И им се заканува минимум 8 години казна и се надевам дека барем толку ќе е.
Треба да се гонат и најактивните во групата, оние што бараа „dajte kurvicina od xx grad", не само креаториве.
Види па постариот бил цел вол од 32 години (не дека за другиов па е пооправдано) и наместо да прави било што со мизерниот живот, решил да го љушти на девојчиња... вау.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Ова е колку да замачкаат очи, за да не се буни јавноста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ма, тоа секако, ама ако барем 2% од таа група извлечат некаква поука, it's a start.
Сакам, но навистина не можам да очекувам премногу од оваа раја, така да и ова е некој минимум. А, на извиканите во групите никој нема да им го врати мирот, за жал.
Мислам, реално и нема женско што нема добиено слики од пениси без да праша за нив или непристојни понуди од непознат, дали во живо или на нет.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ма, тоа секако, ама ако барем 2% од таа група извлечат некаква поука, it's a start.
Сакам, но навистина не можам да очекувам премногу од оваа раја, така да и ова е некој минимум. А, на извиканите во групите никој нема да им го врати мирот, за жал.
Мислам, реално и нема женско што нема добиено слики од пениси без да праша за нив или непристојни понуди од непознат, дали во живо или на нет.

Ајде баш да видиме на колку ќе ги осудат. Особено ако меѓу приведените има такви кои активно барале детска порнографија. Дали за прв пат ќе биде правно процесиран максималниот сељачизам и манијакалност.
Треба да ги казнат максимално за да се упати порака до останатите.
И нивните имиња да осамнат по сите медиуми.
Не смее да има анонимност за такви ликови.
А на робија, пошто сексуалните престапници и не се нешто омилени, има да го видат Стамбол.

А и сите ние можеме да придонесеме со ширење на веста за овие настани по форуми, соц.мрежи и нормално ИРЛ низ муабет. Иако не е популарно да се споменуваат такви манијаци, потребно е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra