Јавна Соба на Телеграм

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,417
7,077
1,153
Big Sur
За жал, имаме веќе неколку теми на слична тематика, односно каде приватноста на поединци е нарушена, но сметам дека ова е можеби и најголемиот скандал од јавен карактер, нешто што се случува на обичниот народ и секој може да биде следен таргет, па треба засебна тема, пак ќе речам, за жал...

Телеграм е една од апликациите за комуникација (како Вибер и Ватсап), но поради својата end-to-end encryption (значи никој од страна не може да ви влезе т.е. да ги чита пораките освен вие и дописникот) се користи и за матни работи од типот на договори за дилање, па еве, дури и да се прават јавни групи каде се споделуваат слики од жени, некои голи, пратени некому во доверба, други пак само симнати од Фејсбук или Инста профилот на личноста, а можеби и најтажниот дел од приказната е дека голем дел од сликите се од малолетнички.
Под сликите може да најдете секакви гадости од типот на „Се е** за 500/за една вечера/за викенд во Охрид“, итн. значи главната цел е омаловажување на личноста на сликата (а нели, што е поинтересно за наша раја од зборот „к***а“?), а ко што реков, сликите може да ги објави било кој и со било која намера.

Тука доаѓаме до уште потажниот дел, а тоа е дека нашиот оддел за сајбер-криминал е тотално немоќен и незаинтересиран да преземе нешто, посебно кога се работи за лица што не се малолетници, бидејќи ние НЕМАМЕ закон што ни ја штити приватноста на интернет, што значи не може да преземеме ништо, дури и ако знаеме со име и презиме кој објавил наша слика.
Да не должам јас, девојката на линков поубаво ја објаснува ситуацијата, што во секој случај е поразителна.
Ах, да. Собава не е нова, туку е од лани т.е. под „лани“ мислам на 2019та, брои над 7000 членови и оттогаш ништо не е преземено.

Гледам дека после притисокот сега, се дава некаква надеж дека ќе се разгледаат (леле, фала за разгледот) некои предлози да се смени законот, но разгледување не е доволно, треба итна акција и остри казни.
Да се најдам на тоа место, веројатно би изреагирала ко девојката погоре, но дете да најдам дека ми споделиле таму, посебно ако украле рандом, невина слика од ФБ/Инста профил, не знам што сум во можност да направам, но радо ќе го одлежам ако треба.

За жртвите, некои психолози ја нудат својата помош бесплатно, повеќе инфо тука.
Има и петиција предметот да стигне до ЈО, секој што сака, може да ја потпише тука.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,036
5,578
1,683
Disco
Devojko izvini,.. vie ste polnoletna, veke formirana licnost medutoa vasata slika e jako provokativna i do nekade izazovna vie ste krivi za toa.Eksponiranje so vakva fotka e jako vulgarno.Prvo trazete ja vinata vo vas. VO idnina pazite kakvi fotki stavate i trazeteja prvo vinata vo vas.
Ми се допаѓа · Одговори · 37 · 2 д.
Nesto smrdi ovde nemoze tek taka nekoj da te vrbuva ako ne si go dignes opasot moze nekoj ti obekal kariera a zenski mozok mnogu ne razmisluva i posle krivo vi e kao jas nesum takva gonetese be kurvista
Ми се допаѓа · Одговори · 10 · 2 д.
Пазете ги коментариве на линкот од Црнобело ново дно допираат. :banghead
А од каде им се телефони и адреси на манијаците? Не знам за оваа платформа од каде им е тоа инфо? Тоа колку што знам само провајдерот на нет може да го има, ако се замешани и тие ќе биде весело.

Интересно како се срозава машката популација, ајде педофили и остала патологија се знае тоа е генетика и треба да се носат под мач ама овие со hotelce i spa hehe се веројатно мнозинство на овие простори. Каде да се сместат возрасни лица кои бараат фотографии на виртуелна платформа?
 
  • Angry
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,417
7,077
1,153
Big Sur
Коментарите баш избегнувам да ги читам пошто ќе треба да се расправам со секој идиот што некако успеал да се вклучи на интернет. Ни читаат, ни имаат врска за што се работи, туку само од насловот коментираат...
Имаше еден пишано „Што си барала таму?“
Чек, што? Што барала на свој профил?

Среќна сум што немам во мое опкружување такви ликови што им е доживљај да споделат и коментираат со бацињата цицки или нечија слика по бикини ко да не виделе женско тело. Мислам дека најдобро тие да се сместат негде на Халкидики, да се потапшаат меѓусебно за да им се избистрат главите и средат хормоните.
Друга опција е нешто ко Голи Оток или златна војска, што би рекле, пошто нели сите ментални состојби се лечат и смируваат со тоа, па така можеби ќе се средат и тие.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,417
7,077
1,153
Big Sur
Денес читнав дека уапсиле четворица од собава, но коментарите пак беа кој од кој да си пукаш право во слепоочница.

- Ahaa niv gi cesala p***** pa sega zosto nekoj gi stavil
- Odi apsete kriminalci sto e ova luge sto se zabavuvaat malku
- Golema rabota napravile da zastitat kurvetini

И секако, неприкосновената фиромска логика: eee a od kade im se na tie maskite broevi od orospiite ako ne se e**t za pari aaa?

Роди ме, мајко и фрли ме да коментирам идиотизми на Фејсбук.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,036
5,578
1,683
Disco
Денес читнав дека уапсиле четворица од собава, но коментарите пак беа кој од кој да си пукаш право во слепоочница.

- Ahaa niv gi cesala p***** pa sega zosto nekoj gi stavil
- Odi apsete kriminalci sto e ova luge sto se zabavuvaat malku
- Golema rabota napravile da zastitat kurvetini

И секако, неприкосновената фиромска логика: eee a od kade im se na tie maskite broevi od orospiite ako ne se e**t za pari aaa?

Роди ме, мајко и фрли ме да коментирам идиотизми на Фејсбук.

Никнале нови групи на тоа апликацијата за неколку дена откако ја затвориле оваа,:eek: фиромските манијаци не се предаваат, се додека не се објават имиња и презимиња на манијаци јавно откако ќе бидат уапсени ништо нема да се промени, премал им е ризикот.

 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,417
7,077
1,153
Big Sur
Неебица чуда прави, а и сигурна сум дека голем дел по групите се женски што лепат слики за да оцрнат други женски.
Џабе е она girl power, queens support queens и друг булшит, кога тоа само за однадвор им е, а ваму повеќето би се изеле една со друга.

Знам дека при ланскиот скандал имаше слики и на Порнхаб или некој сличен порно сајт, па и по некое видео од девојките од групата, ги пријавувавме бар тие постојано, но беше језиво пошто најголемиот дел слики беа факинг обични слики, не збориме ни за ништо провокативно. Факинг слика по фармерчиња и маичка... не знам, не ми е јасно ништо во врска со мајндсетот на овие суштества.

Ми текна па и пред некоја година на Твитер кога изби хаштаг Велешанки и така се постираа слики и видеа (али овие беа баш експлицитни) од девојчиња што дали пијани/дрогирани, по своја волја или пак без знаење, биле снимени при секс или праќале слики на тогашните дечковци. Трагичното беше што мнозинството беа малолетни.
Се расправав неколку дена таму, строго против објавувањето, а ми стигаа пораки у стил штом толку се расправаш, си ги видела сликите значи, кажи кај да ги најдам.
Шта речи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,853
2,668
1,683
Han Wavel
А што демек толку е тешко да се најде кој стои зад ова и да се затвори. Не сакаат а не дека не можат. Уапсиле четворица, готово дајте им медал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,417
7,077
1,153
Big Sur
Има(ше) толку раја што е потпишана со име (па и презиме), што е прелесно. Башка, сигурна сум дека скоро секој (пошто секаде има будали што не знаеш ни дека постојат, а ти умислиле свашта) знае бар тие експлицитните слики на кого ги има праќано, а за клипчињата па да не зборам. Барем третина од тие досега можеа да се испоапсат.

Денес доброто е што имаше марш за поддршка на жртвите и пристоен одзив на истиот, па можеби некој ќе потегне конци. Срамно и жално е ова.
Лошото е што упорно има коментари што се исмеваат со целата ситуација и набиваат вина на девојки што се „осмелиле“ да постираат своја слика на свој профил.
Вересии белосветски.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Saladin

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,036
5,578
1,683
Disco
Ова е како главата на Кербер или Медуза, една глава сечеш никнуваат две нови, откако ја затвориле оваа група се појавиле 3-4 други, манијаците мигрирале на нив и сега повторно роварат. Секој оној кој навел адреса или телефон треба да биде прокажан на сајт наменет за сексуални дивијанти каде што ќе стои нивно име презиме и адреса, заедно со евентуална фотка од ликот за да женски (и понекое машко) особи би можеле да ги препознаат ИРЛ ако случајно ги сретнат.
Ова со 3-4 уапсени е мачкање очи. Наводно во тие групи вриело од цајкани-манијаци што е причина за досегашното неангажирање на властите и сегашното чисто симболично.
Тоа е и нормално бидејќи 90% од цајканите се сексуално изопачени содомити.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,417
7,077
1,153
Big Sur
Океј, еве нешто ново во врска со темава.
Добиле некои притвор од 30 дена, вау.
Само прашањето ми е зошто чекале дури сега да ги притворат, кога наводно ги знаеле од лани?
Или ко и за сите други работи, треба да се искози човек за да дојде до внимание, па да се направи нешто?