Озбилно, кога ќе помислам какви језиви фаци си го фаќале пред мене кога сум одела накај школо (збориме за дете од 10-11 години). Живеев во зграда што е дел од трговски и се вртеа секакви рано наутро, ама наместо некој да преземе нешто, децата бевме научени да ги игнорираме пошто биле надрогирани, не можеле да не фатат. Мајка ми секогаш ме носеше кога можеше, ама и таа мораше на работа, па другото беше снаџи се.Ајде баш да видиме на колку ќе ги осудат. Особено ако меѓу приведените има такви кои активно барале детска порнографија. Дали за прв пат ќе биде правно процесиран максималниот сељачизам и манијакалност.
Треба да ги казнат максимално за да се упати порака до останатите.
И нивните имиња да осамнат по сите медиуми.
Не смее да има анонимност за такви ликови.
А на робија, пошто сексуалните престапници и не се нешто омилени, има да го видат Стамбол.
А и сите ние можеме да придонесеме со ширење на веста за овие настани по форуми, соц.мрежи и нормално ИРЛ низ муабет. Иако не е популарно да се споменуваат такви манијаци, потребно е.
Да сум сега, би ги сликала и би ги лепела сликите насекаде по град. Башка што и лесно е да дознаеш идентитет, нема тука срам и приватност за такви манијаци. Лупни го одма по социјални мрежи.
Еве гледам малолетна сестра на познаничка така фино си објавила некој шупак што ѝ пишувал секакви гадости, чисто се сомневам дека на друг ќе му текне да ѝ пише сега (иако фиромци знае да изненадат).