За завидливоста ќе се сложам...
Сака да ги казни, затоа што не е како нив или не може да ги има...
Но, не ретко причина за сексуалните предаторства се и гневот и омразата...
Нешто што преживеал самиот предатор, не можел да се носи со тоа, акумулирал толку многу негативни емоции и фрустрации, за на крајот сиот акумулиран гнев и бес да ги произнесе преку таков грозоморен чин и тоа претежно на личности кои се слични со `хеговиот` предатор или пак лично него го асоцираат на него...
Нешто како затворен круг...
Јас сум фанатик за овие работи...
Многу сакам да навлезам во длабока психоанализа на ваквите личности...
И знам дека секогаш има причина... Секогаш...
Па макар и некоја што ние би ја протумачиле како банална или небитна, за некого е тригер за да излезе злото од него...
Еден дел од предаторите некогаш биле жртви, тоа е feedback loop и увезена социопатија, точно така.
Но тука потфрлува целиот систем, општество, фамилии, средината. Кога душата е осакатена мотивот останува освета врз рандом лица, ако не може по магарето тогаш по самарот.
Премногу случаи за кои имам слушано на убици и силователи се "произведени" од средината.
На никој не му било битно, никој не сакал да се замара, никој не сакал да размени понекој збор, да сослуша, ако веќе не може да помогне.
Некои паѓаат во замката на обвинување на самите себе. Или веруваат на лица кои им го продаваат тој муабет.
Особено ако злоставувањето се случувало во рана возраст, кога детето нема начин да го процесира сето тоа. Тоа возрасни тешко се соочуваат а не пак деца.
Оставени сами на себе, со евентуална скромна или отсуство на стручна помош таквите особи се упатуваат на патот на уништувањето. Тој проколнат круг (бидејќи и поради нивните злочини ќе изникнат нови освети) е тешко да се прекине, мора да се превенира.
А никој не се интересира за превенција, некако не е кул тоа.
Многу болат некои сознанија, злобата и пакоста помешана со сексуално понижување, не би посакал такво нешто ни на најголем непријател. До некаде сфаќам потребата за освета само што ако таа постои мора да биде насочена кон извршителите и само кон нив. Иако и тоа е во домен на фантастика но сепак.
Последна промена: