Едноставна песна со пар акорди и рифови, а толку моќна.
2021-1961=60 години како се слуша, и денес има милиони прегледи на Тјуб.
Дали во 2021+60=2081 ќе се слушаат денешниве песни?
Секако дека не.
Музиката, покој и на душа, после кратко и тешко боледување се упокои под напливот на амерички шунд и кич, немаањето 4-та бритиш инвејжн и општата затупавеност на рандом музички фан.
Првите симптоми, барем на овие простори беа турбо-фолкот, стравична и громозорна појава при чие слушање забрзано изумираат мозочни клетки на кој се надоврза и најлошиот правец во историјата на музиката, техното со сите негови форми. Туц-туц до степен на ретардација. Местото на музичарите го земаа Ди Џеи и Ем Си, јебал ги напален носорог.
Она што денес врви за популарна музика со аутотјун и сотвферски срања е толку лошо, неоригинално, тешко да се запамети, тешко влгува во глава што е чудо.
Музиката никогаш нема да се опорави од компјутерите. Од појавата на голото говно наречено техно каде што за да воопшто биде перцепирано тоа тешко срање публиката морала да биде на Екстази или на мет, нема враќање.
Дури и рандом певљки од крај на 90-ти како Кристина Агилера делуваат како џинови во споредба со денешните ѕвезди, Пиар проекти на разни фирми за медиуми. Денес музиката излегува директ од фабрика. И таков квалитет има. Кинеска роба и западна популарна музика. Спој на трешот и шундот.
Да, сеуште рандом бенд ќе излезе со ок песна, но тоа е далеку од мејнстрим во водите на андерграундот на алтернативата на алтернативата, мејнстримот се удави во говна.
Едина среќа е што технологијата ги отвори вратите на 500 годишно творештво, од барокна музика (Пахлебел, која музика) до третата бритиш инвазија од 90-те. Така што прилично лесно може да се игнорира денешното срање со копање по минатото на разните видео платформи.