Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Едноставна песна со пар акорди и рифови, а толку моќна.
2021-1961=60 години како се слуша, и денес има милиони прегледи на Тјуб.
Дали во 2021+60=2081 ќе се слушаат денешниве песни?
Секако дека не.
Музиката, покој и на душа, после кратко и тешко боледување се упокои под напливот на амерички шунд и кич, немаањето 4-та бритиш инвејжн и општата затупавеност на рандом музички фан.

Првите симптоми, барем на овие простори беа турбо-фолкот, стравична и громозорна појава при чие слушање забрзано изумираат мозочни клетки на кој се надоврза и најлошиот правец во историјата на музиката, техното со сите негови форми. Туц-туц до степен на ретардација. Местото на музичарите го земаа Ди Џеи и Ем Си, јебал ги напален носорог.
Она што денес врви за популарна музика со аутотјун и сотвферски срања е толку лошо, неоригинално, тешко да се запамети, тешко влгува во глава што е чудо.
Музиката никогаш нема да се опорави од компјутерите. Од појавата на голото говно наречено техно каде што за да воопшто биде перцепирано тоа тешко срање публиката морала да биде на Екстази или на мет, нема враќање.

Дури и рандом певљки од крај на 90-ти како Кристина Агилера делуваат како џинови во споредба со денешните ѕвезди, Пиар проекти на разни фирми за медиуми. Денес музиката излегува директ од фабрика. И таков квалитет има. Кинеска роба и западна популарна музика. Спој на трешот и шундот.

Да, сеуште рандом бенд ќе излезе со ок песна, но тоа е далеку од мејнстрим во водите на андерграундот на алтернативата на алтернативата, мејнстримот се удави во говна.

Едина среќа е што технологијата ги отвори вратите на 500 годишно творештво, од барокна музика (Пахлебел, која музика) до третата бритиш инвазија од 90-те. Така што прилично лесно може да се игнорира денешното срање со копање по минатото на разните видео платформи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Betadine and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Океј, сега сфаќам колку сум зависна од интернет т.е. колку е составен дел од сите мои обврски и задолжен за скоро сета моја комуникација со луѓе.
Вчера цел ден скапав дома од жешково + без нет пошто им рикнала главната мрежа + со болки во стомак + мобилниот интернет ми се истроши.
Победа? Секако.
И само што ставив додатни 2гб на мобилниот интернет за да истера вечерта - дојде вифито. Ко во секој клише филм.
А, вака кога имам нет здраво за готово, не правам ништо посебно. Дури и серии/филмови ретко гледам периодов.
 
Betadine

Нов член
6 јуни 2021
3
1
3
46

А книги читаш?
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Оние кои веруваат во Бог, во креатор, ја имаат исмислено онаа изрека (не е библиска) дека Бог никому не давал толкав терет кој бил надвор од можноста на поединецот да го издржи.

Како и многу религиски мотивирани анегдоти и оваа е неточна. Болно неточна. Какви трагедии се случуваат по овој свет, на луѓе им е све одземено за кратко време, растеле дете со години па го изгубиле, какви све настани постојат, за среќа во малцинство на население што човек не може да верува.

Што кога добиваш дополнителен терет кога веќе имаш еден огромен, секојдневен, физички?
Прашањата се нижат како на телепринтер. Зошто никој не кажал ништо до сега? За мирна куча и неотварање на стари рани, тоа е очекуваниот одговор.
А што кога сепак ќе се открие ако не све, барем дел од настаните кои се криеле?
Каде понатаму, како?

Кога е присутен физички доказ дека тоа дете постоело. И што се случило со него. На влегување во адолесценција.
Овој пат нема враќање.

Во филмовите каде имаме случаи на амнезија или делумна амнезија често се употребува сценаристички трик каде има некој pivot момент на кој личноста е потсетена дали случајно дали намерно и оттогаш нагло навираат сеќавања и све се враќа.
Во реалноста и не е баш така, иако понекоја меморија се провлекува низ маглата на времето. Независно од грозоморнте моменти кои беа откриени, било така уназад со години и ќе биде и понатаму.

Како онаа меморија...да. The girls were so nice to me. God bless them.

Нема каде повеќе. Сите мостови се срушени. Останува да се оди напред.
 
Последна промена:

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ме тепа трема дека ќе одам на одмор пошто последен пат кога бев, отпосле ми се појача анксот.
И знам дека нема логика да ги поврзувам настаните така, ама ете... Лани се погоди пандемијава, па стивна животот, ама сега мора некако да се гура колку-толку во нормала.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Betadine

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Деновиве гледав некои видеа на тема жртви на сексуално предаторство.
Кај сите постои некоја скршеност, некој праг кој не смеел да се мине.
А причината не секогаш била само сексуална.
Често пати сескуалните злочини, понекогаш придружени од други видови психо-физичко насилство влечат корен од завидливост. Не знам како никој не приметил до сега, но тоа е прилично снажен фактор во целата динамика.

Зошто завидливост?
Затоа што жртвите биле све она кое сторителите не биле и никогаш немало да бидат.
Тие неколку видеа што ги видов беа сите баш со cute girls. Значи не она деколте со градник помал еден број, фармкерки помали два броја и танга која виси надвор, не оние hot girls по кои блее секое машко битие по светов. Тоа е очигледно и еманира чисто сексуална фора, не остава премногу на имагинација.
Не, најубавите жени се оние кои се cute.

Баш она природно cute девојки кои имаат некаква едноставна аура на убавина во себе.
А манијаците имаат сосема обратно, нивното присуство е мачење за околината, грозни се и внатре и надвор. И завдиливи. И не можат да простат на особите кои се нивна спротивност. Добиваат нагон да ги уништат.

Во иста категорија, иако можеби поретко изразено се cute boys. Како во мојот случај. Најтажно е што страшните настани биле иницирани од убави случувања помеѓу мене and some cute girls. Ништо сексуално во тоа рано-адолесцентско време, чисто онака, симпатии и по некој hug.

Има толку да се каже, толку да се сподели, да се предупреди над се. Ужасот се случува и сега, во овој момент некаде, на некоја или на некој.
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
@slunka
Fala ti konzervativna strejt zhena, zaedno so prijatelot so mislenje nad tebe mozhe da se druzhite I da si ostanete tuka zashto sramota e da se meshate vo svetot so vakviot fascinanten 21vi vek um.
PS se nadevam od decava shto gi imate, ili kje gi imate barem edno da e gej xD vi posakuvam se najubavo I se vakvi chorapi da si kupuvate

Морав вака, зашто темата ја затвориле, а не знам зошто...
Многу пристрасни и повредени се пронајдоа многу луѓе, не знам зошто...Особено ти...
А уште поинтересно што те погоди коментарот за чорапите...Ужас... :rofl
И ај после бе сакај ги или подржи ги...
Да ти појаснам, госпожа или господичен, не знам навистина што си, за мене си само еден лик на форум, ништо друго...
Сум пораснала со геј другар, и имам и други геј пријатели и познаници... И никогаш не би ги клала на клада да горат, ама и никогаш не сум ги подржала ниту ќе ги подржам во нешто вакво, да парадираат или да се облекуваат ко фрикови само за да нагласат некоја поента...
А ќе ги подржам да си најдат партнер, да си уживаат заедно, ама без експонирање и наметнување....
Нека си најдат љубов, ако тоа ги прави среќни...
И верувај не ми е гајле со кого и со што се ебавате, ич не ми е гајле... Ни мене, ни на кого било...
Гајле ми е што тоа го експонирате на најлош и најизопачен можен начин, што промовирате и наметнувате нешто што е приватно и интимно...
Па уште сте зеле дечиња и сте им дале знаменца да мафтаат...
Е тоа ме иритира...
Зошто инволвирате невини деца во нешто поврзано со секс (и тоа девијантен секс)...? Таму ли им е местото? Знаат ли за што мафтаат со тие знаменцата?
И да оваа стрејт мајка, ќе го прифати своето чедо какво и да е, геј или стрејт што сака нека биди, само да е среќен, жив и здрав, тоа ми е најважно...
И можеби кога ќе има поддршка од дома за некои работи, нема да има потреба да земи труба в раце или знаме со боите на виножитото, да се облечи како фрик и да бара подршка од цел свет....
А јас тебе душо нема да те колнам, и нема да ти мешам деца (зашто ако си геј можда нема ни да ги имаш), јас тебе само ќе те жалам..
Ќе те жалам што си исфрустрирана, искомплексирана, несфатена и неостварена личност... (Толку можев да те проценам од тие неколку реченици што ги напиша...)...
И да се разбереме, стварно не ми е јасно зошто е затворена темата, овде сме да разменуваме мислења, различни ставови, да дебатираме, а не на секој еден спротивставен став да се затвора тема...
тогаш форумот како форум нема сврха ни поента...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Деновиве гледав некои видеа на тема жртви на сексуално предаторство.
Кај сите постои некоја скршеност, некој праг кој не смеел да се мине.
А причината не секогаш била само сексуална.
Често пати сескуалните злочини, понекогаш придружени од други видови психо-физичко насилство влечат корен од завидливост. Не знам како никој не приметил до сега, но тоа е прилично снажен фактор во целата динамика.

Зошто завидливост?
Затоа што жртвите биле све она кое сторителите не биле и никогаш немало да бидат.
Тие неколку видеа што ги видов беа сите баш со cute girls. Значи не она деколте со градник помал еден број, фармкерки помали два броја и танга која виси надвор, не оние hot girls по кои блее секое машко битие по светов. Тоа е очигледно и еманира чисто сексуална фора, не остава премногу на имагинација.
Не, најубавите жени се оние кои се cute.

Баш она природно cute девојки кои имаат некаква едноставна аура на убавина во себе.
А манијаците имаат сосема обратно, нивното присуство е мачење за околината, грозни се и внатре и надвор. И завдиливи. И не можат да простат на особите кои се нивна спротивност. Добиваат нагон да ги уништат.

Во иста категорија, иако можеби поретко изразено се cute boys. Како во мојот случај. Најтажно е што страшните настани биле иницирани од убави случувања помеѓу мене and some cute girls. Ништо сексуално во тоа рано-адолесцентско време, чисто онака, симпатии и по некој hug.

Има толку да се каже, толку да се сподели, да се предупреди над се. Ужасот се случува и сега, во овој момент некаде, на некоја или на некој.
За завидливоста ќе се сложам...
Сака да ги казни, затоа што не е како нив или не може да ги има...
Но, не ретко причина за сексуалните предаторства се и гневот и омразата...
Нешто што преживеал самиот предатор, не можел да се носи со тоа, акумулирал толку многу негативни емоции и фрустрации, за на крајот сиот акумулиран гнев и бес да ги произнесе преку таков грозоморен чин и тоа претежно на личности кои се слични со `хеговиот` предатор или пак лично него го асоцираат на него...
Нешто како затворен круг...
Јас сум фанатик за овие работи...
Многу сакам да навлезам во длабока психоанализа на ваквите личности...
И знам дека секогаш има причина... Секогаш...
Па макар и некоја што ние би ја протумачиле како банална или небитна, за некого е тригер за да излезе злото од него...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider