Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
За завидливоста ќе се сложам...
Сака да ги казни, затоа што не е како нив или не може да ги има...
Но, не ретко причина за сексуалните предаторства се и гневот и омразата...
Нешто што преживеал самиот предатор, не можел да се носи со тоа, акумулирал толку многу негативни емоции и фрустрации, за на крајот сиот акумулиран гнев и бес да ги произнесе преку таков грозоморен чин и тоа претежно на личности кои се слични со `хеговиот` предатор или пак лично него го асоцираат на него...
Нешто како затворен круг...
Јас сум фанатик за овие работи...
Многу сакам да навлезам во длабока психоанализа на ваквите личности...
И знам дека секогаш има причина... Секогаш...
Па макар и некоја што ние би ја протумачиле како банална или небитна, за некого е тригер за да излезе злото од него...

Еден дел од предаторите некогаш биле жртви, тоа е feedback loop и увезена социопатија, точно така.
Но тука потфрлува целиот систем, општество, фамилии, средината. Кога душата е осакатена мотивот останува освета врз рандом лица, ако не може по магарето тогаш по самарот.
Премногу случаи за кои имам слушано на убици и силователи се "произведени" од средината.
На никој не му било битно, никој не сакал да се замара, никој не сакал да размени понекој збор, да сослуша, ако веќе не може да помогне.
Некои паѓаат во замката на обвинување на самите себе. Или веруваат на лица кои им го продаваат тој муабет.
Особено ако злоставувањето се случувало во рана возраст, кога детето нема начин да го процесира сето тоа. Тоа возрасни тешко се соочуваат а не пак деца.

Оставени сами на себе, со евентуална скромна или отсуство на стручна помош таквите особи се упатуваат на патот на уништувањето. Тој проколнат круг (бидејќи и поради нивните злочини ќе изникнат нови освети) е тешко да се прекине, мора да се превенира.

А никој не се интересира за превенција, некако не е кул тоа.

Многу болат некои сознанија, злобата и пакоста помешана со сексуално понижување, не би посакал такво нешто ни на најголем непријател. До некаде сфаќам потребата за освета само што ако таа постои мора да биде насочена кон извршителите и само кон нив. Иако и тоа е во домен на фантастика но сепак.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Coccinella

Староседелец
5 август 2016
19
11
1,003
Каков живот, вие со проблеми во смисла не ме сака симпатијата сакам да умрам, не сте свесни колку сте среќни.
Јас, како мала ги изгубив двата родители во сообраќајка, баба ми ме изгледа, ме донесе на прав пат. Јас и таа, и мајка и татко баба ми. Никогаш не осетив празнина ни се сметав себеси поразлична од другите. Се поради неа.
Лани ќе го реновиравме куќичето, јас се запнав...
Зедовме кредит на мое име пошто сум јас вработена, на минималец и баба ми да плаќа, ништо од мојата плата, да не живеам различно...
Летото во август почнавме со реновирање, баба ми почина од корона во октомври. Јас сама, едвај сврзувам крај со крај, од тогаш до сега видов колку е тежок животот кога си сам, заглавив во сметки, во долгови...
Кредитот јас треба да го исплаќам, 4 000 рата, а земам 15 000, за што побрзо, за сметки, за леб...
Колку пати мислев да се убијам, немам храброст.
Денес порака од кредитот, каснам, присилна наплата со извршител.
А јас сама, што побрзо, струја, вода, кредит, леб.
Среќни сте вие што само симпатијата не ве сака...
Јас што да правам, каде да се обратам, кој да ми помогне.
Можам само вака да се исповедам некаде...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ја затворив темата за хомосексуалност пошто се претера со навреди и тоа не е покана да се развлекува таа тема по другиве теми.

Инаку @Coccinella си пробала да побараш помош по групите на фб? Некој додатен приход, можеби и донации.
@JaMi памтам се бавеше со тие работи, можеби може повеќе да помогне.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ја затворив темата за хомосексуалност пошто се претера со навреди и тоа не е покана да се развлекува таа тема по другиве теми.

Инаку @Coccinella си пробала да побараш помош по групите на фб? Некој додатен приход, можеби и донации.
@JaMi памтам се бавеше со тие работи, можеби може повеќе да помогне.
А, ако ги затвориш сите теми кои не ти одговараат и кај што не се развива дискусијата согласно твоите убедувања и ставови, не знам кај би продолжиле ние со дискусијата?
Нормално е дека ќе развлекуваме дискусии и по други теми...
А, ти можеш слободно да ги затвараш сите теми, дури и форумов...
Мислам what's the point?
Форумов ионака едвај `живурка` и наместо да ти биде мило што воопшто се развила некоја дискусија на посериона тема, ти реши да затвараш теми....
Е па форум не опстојува од теми од типо `омилен парфем, последно јадев и сл`...
Ама. вие си знаете...
 

Coccinella

Староседелец
5 август 2016
19
11
1,003
Ја затворив темата за хомосексуалност пошто се претера со навреди и тоа не е покана да се развлекува таа тема по другиве теми.

Инаку @Coccinella си пробала да побараш помош по групите на фб? Некој додатен приход, можеби и донации.
@JaMi памтам се бавеше со тие работи, можеби може повеќе да помогне.
Не, незгодно ми е, и башка кој би ми помогнал кога има пред мене луѓе на кои далеку попотребна им е помош и разбирам секако дека е така.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Јас се извинувам вака што ќе се вметнам во разговорот, @Coccinella моето сочувство за баба ти, многу ми е жал што поминуваш низ толку тежок период од животот.
Не можам ни да претпоставам колку ти е тешко, но би сакала да прашам, дали си пробала со некоја дополнителна хонорарна работа, со договор на дело, нормално доколку ти дозволува времето, или да најдеш, цимер/ка ако имаш услови за такво нешто, и да плаќаат колку за ратата пак е од голема помош?
Или да пробаш кај банката да ти ја намалат ратата, мислам дека во ваква ситуација банката излегува во пресрет?
Немој да се откажуваш само, животот секогаш ни прави вакви сопки, но верувам дека си силна и дека ќе застанеш на нозе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Coccinella

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Пак смртен случај. Овој пат сосема различна ситуација, сосема различни емоции. Како бре :(
А не може човек да оди ни на последно испраќање, не не не све је ова погрешно :(
 
  • Sad
Реакции: MoonFairy

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Пак смртен случај. Овој пат сосема различна ситуација, сосема различни емоции. Како бре :(
А не може човек да оди ни на последно испраќање, не не не све је ова погрешно :(
Нема што да се каже во вакви ситуации...
Ниеден збор не дава утеха...
Ама, животот продолжува, вака или онака...
За жал, неизбежни се тие работи...
Порано или подоцна, сите не` чека истото...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Coccinella

Староседелец
5 август 2016
19
11
1,003
Еве вчера ми дојде писмо дома, агент за наплата дома и на работа...
Во случај да знаете некој што би можел да помогне нешто пишете ми, ќе ви пратам се. Никогаш не би барала помош, ама допрено е дното.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Нема што да се каже во вакви ситуации...
Ниеден збор не дава утеха...
Ама, животот продолжува, вака или онака...
За жал, неизбежни се тие работи...
Порано или подоцна, сите не` чека истото...

Секогаш останува празнина...