Ефикасна вакцина против Ковид-19

Дали ќе се вакцинирате?

  • Да

  • Не

  • Не сум сигурен/на


Резултатите се видливи откако ќе гласате.

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Дојдоа и тие денови, кога веќе се вртат информации дека вакцината на Фајзер покажува одлични ефекти во борбата против коронавирусот и веќе станува достапна за јавноста, па да ги сумираме досегашните сознанија.

Првата личност која ја прими оваа вакцина (не зборуваме за тест, туку официјално) е 91 годишната Британка Маргарет Кинан, која засега не чувствува никакви сајд ефекти од истата.

Што се однесува до нас, Дојче Веле пренесува:
Македонските граѓани на почетокот на идната година, најверојатно во февруари или март, ќе можат да ја примат вакцината за Ковид-19. Вакцинирањето ќе биде бесплатно и на доброволна основа. Приоритет во вакцинирањето ќе имаат сите здравствени работници од ковид-центрите и оние коишто работат со заболени или сомнителни пациенти со коронавирус. Децата не се предвидени за вакцинирање.
-----------
Според надлежните потребно ќе биде да се примат две дози од вакцината. по примањето на првата доза, ќе треба да помине 21 ден, по што ќе може да се прими и втората дома. По дваесет и првиот ден се очекува заштитниот ефект на вакцината.


Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека прв ќе се вакцинира со оваа вакцина (се надеваме не ко што го „вакцинираше“ внучето), а веќе се обезбедени околу 833,000 вакцини за во Р. Македонија.
Можеби и малку се прецениле, мене ак ме прашате. :zelen

Во мртва трка за одобрување е и вакцината на Модерна и Националните Институти за Здравје, но уште не е познато кога ФДА би дале амин за нејзина употреба.

Имаме незадолжителна вакцинација, но страшен број на заболени ко за мала земја и секако - лидери сме во регионот по смртни случаи.
Како и да е, главното прашање е дали би се вакцинирале своеволно?
Зошто да, а зошто не?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alexander and Outrider

Машкар Џианенгоро

Полноправен Член
16 октомври 2020
39
33
18
Медицинските лица ќе се вакцинираат,полицијата, армијата, луѓе шо имаат потешки болести, ќе има и доста млади шо ќе сакаат и ќе се ваквинираат... Па не гледам зошто би се вакцинирал и јас... Мајка ми и татко ми би можеле ако сакаат да примат вакцина,во години се па да бидат заштитени. Јас имам доста добар имунитет и не би се вакцинирал.
Би примил вакцина едино ако ми упали за работа во странство па да мора да си вакциниран.(ко демек така ќе било:D )
Маска каде шо има гужва, миење раце(како и пред ковидот) и така...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Некој дебело ќе се нафатира, лиценциран увозник и дистрибутер buffering 93%...
Добро ја издрилаа рајата со ова. Се прашувам што ќе биде следно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Искрено, и јас баш чекам да видам што ќе се случи.
Мислам дека веќе настанува општ хаос.
Имаше еден пост како бабата што прва ја примила вакцината ги наместила рацете демек ко триаголник, па одма се вмешаа Илуминати, ламинати и паркети. Ќе ја постнам баш кога ќе ја најдам. :D

Инаку не знам зошто анкетата не ми излегла уз темата, но еве сега поправив/сменив.
Че ве молам да гласаме, што викаше Андов.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Искрено, и јас баш чекам да видам што ќе се случи.
Мислам дека веќе настанува општ хаос.
Имаше еден пост како бабата што прва ја примила вакцината ги наместила рацете демек ко триаголник, па одма се вмешаа Илуминати, ламинати и паркети. Ќе ја постнам баш кога ќе ја најдам. :D

Инаку не знам зошто анкетата не ми излегла уз темата, но еве сега поправив/сменив.
Че ве молам да гласаме, што викаше Андов.

Гласав не пошто вакцина може буквално да ме сотре, имунолог ме има предупредено за тоа. Доволно е забеган имуниот систем уште му треба вакцина. Тоа би било како хиперактивна особа да му се даде метамфетамин :D
Но тоа е само лична ситуација, не треба да ја пресликувам на општ план.
Секој може да одлучи за себе, посебно ако спаѓа во ризична група, па дури и ако не спаѓа, ако има страв, хипохондрија или други психолошки состојби, може да се вакцинира for a peace of mind ваљда...

Триаголник :D Таа 90+ британка или?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Што ќе се вакцинирам, додека дојдам на ред ќе помине вирусот. Колку можам ќе се пазам, еве веќе научив да мијам раце.
Некој дебело ќе се нафатира, лиценциран увозник и дистрибутер buffering 93%...
Добро ја издрилаа рајата со ова. Се прашувам што ќе биде следно.
Па тоа беше целта од почетокот, не е битно колку ќе умрат. А и тоа вакцината којзнае колку е ефикасна.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Што ќе се вакцинирам, додека дојдам на ред ќе помине вирусот. Колку можам ќе се пазам, еве веќе научив да мијам раце.

Па тоа беше целта од почетокот, не е битно колку ќе умрат. А и тоа вакцината којзнае колку е ефикасна.

Ако ги увозат од Индија или таму некаде, ќе биде весело :)
 

Proton

Староседелец
12 февруари 2012
148
279
1,063
Скопје
Не следам често вести, но забележав дека во Србија веќе се пристигнати вакцини и утре ќе почне со вакцинација.
Исто така прочитав дека Бугарија ќе донира од нивните вакцини на Македонија.

Зошто Македонија нема набавено вакцини?
Зошто Србија набавила и веќе утре почнува со вакцинација, а ние немаме абер?