Има демек, пишува во првиот пост дека чекаме испорака на 833,000 вакцини (освен ако нешто не се сменило пошто и јас не пратам нешто посебно вести). Последно ко што разбрав, се нарачуваат уште толку, нели за втората доза што ќе треба.Не следам често вести, но забележав дека во Србија веќе се пристигнати вакцини и утре ќе почне со вакцинација.
Исто така прочитав дека Бугарија ќе донира од нивните вакцини на Македонија.
Зошто Македонија нема набавено вакцини?
Зошто Србија набавила и веќе утре почнува со вакцинација, а ние немаме абер?
Можеби нема да направат услов за да излезеш, ама сигурно другите ќе го направат услов за да влезеш.Само да не ни направат услов дека мора да се вакцинираме ако сакаме излез од државава. Како и да е сра*е ни се пишува.
Ова болдираното е една од најчестите заблуди околу вакцинирањето и една од причините зошто треба да се зголеми бројот на часови по Биологија во основно и средно, особено делот за човечките системи.Медицинските лица ќе се вакцинираат,полицијата, армијата, луѓе шо имаат потешки болести, ќе има и доста млади шо ќе сакаат и ќе се ваквинираат... Па не гледам зошто би се вакцинирал и јас... Мајка ми и татко ми би можеле ако сакаат да примат вакцина,во години се па да бидат заштитени. Јас имам доста добар имунитет и не би се вакцинирал.
Би примил вакцина едино ако ми упали за работа во странство па да мора да си вакциниран.(ко демек така ќе било )
Маска каде шо има гужва, миење раце(како и пред ковидот) и така...
Со делот дека треба да се подобри изучувањето на Биологија се сложувам.Ова болдираното е една од најчестите заблуди околу вакцинирањето и една од причините зошто треба да се зголеми бројот на часови по Биологија во основно и средно, особено делот за човечките системи.
Не ја разбирам целата пизма околу вакцините. Неколку пати низ поблиската историја е докажан ефектот на вакцините општо, а последната декада и ефектот на антиваксерите излезе на виделина.