Вчера ја примив првата доза Синофарм кон 8:30. Освен тоа што го преспав пола ден после тоа, немам апсолутно никави сајд ефекти. Океј, тука може игра улога и фактот што легнав во 1:30, а станав во 5:40.
Никакви реакции нема ни другарка ми што прими еден час после мене.
Искрено, баш ме изненади организацијата во Куманово. Волонтерите од Црвен Крст одлично се снаоѓаат со помагање при пополнувањето формулари на тие што треба, внатре е супер организирано и по прописи, а сум најпозитивно изненадена од одзивот на луѓе. Според тоа колку имаме теоретичари на заговор и неверувачи во вакцини, одлично е.
Моиве прво чекаа да видат од прва рака реакции на мене (нема врска, ама ајде, убеди ги), па сега еве се пријавија и едвај чекаат да ги викнат.
Ако можете, навистина не чекајте. Нема ништо страшно.