Свадба - да или не?

Ananas

Истакнат Член
14 јануари 2019
75
33
328
32
Не би сакал. Наместо тоа, патување до Малдиви би дошло поубаво од свадба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Години подоцна, уште стојам на не, а мило ми е и што повеќе луѓе, дури и постари, сфаќаат колку безвеза трошок е.
Поточно, сега уште повеќе сум против.
Тоа целувки, тоа непознати гости, па да се потам цел ден, да ме шлапкаат... НИ-КА-КО. Немам нерви за ништо.
Можеби една вечера со најблиски. Една за друштво, една за семејство и доста е.
 

fancybaby-g

Староседелец
11 април 2016
3
2
1,003
Секој треба да си прави како што му е ќејф.
Некои живеат за оро пред куќа.

Мој личен став е дека традиционална свадба (со земање невеста итн.) е непотребен циркуз и финансиски терет.
Најчесто родителите и земаат кредит за да ја платат свадбата.

Фамилијарен ручек од најблиска фамилија од 30-тина луѓе е идеално.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Абе свадба не мора ептен онака со одење по невеста, па давање пари за да ти ја дадат и слично, ама да се сврти орце пред куќа мора. Јас ко селски човек и старомоден, свадба без тапан на улица неќам. Само да биде тој ден, сите ќе ве канам да ми играте, кој нема да игра ќе биде казнет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Порано не бев, но сега како стареам и станувам сенилен некако и не би имал против скромна свадба, но под услов музиката да биде внимателно одбрана од страна на зетот и невестата, никакви ора, народњаци, певаљки, неартикулирани крици и слична патологија.
Јас се чудам на раја, како мислат да им биде успешен брак кога го започнале со народњаци? Мислам, сериозно...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

MajkaMuNaMarko

Староседелец
18 февруари 2020
38
19
1,008
38
Мене од се ми е најнејасно што пукнаа да прават свадби и веридби за време на коронава. Мислам ок, помирете се, нема да има свадби у наредни 5 години. Со гаранција. Отидете сами, земете се. Или не се зимајте. Не гледам поента во стресови без поента. Не е дека ако не сте земени ќе биде крајот на светот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Мене од се ми е најнејасно што пукнаа да прават свадби и веридби за време на коронава. Мислам ок, помирете се, нема да има свадби у наредни 5 години. Со гаранција. Отидете сами, земете се. Или не се зимајте. Не гледам поента во стресови без поента. Не е дека ако не сте земени ќе биде крајот на светот.
И тоа не е ај да речеш една регистрација направиле со најблиски, туку цели свадбишта, со по 300 гости.
Родендени никако не може да трпат, крштевки, значи се убија, а јас имам релативно мал круг пријатели, па се нагледав и наслушав приказни за свадби со сите адети, со гости од немајкаде...
Ем пари фрли си, ем коронче закачи си.
Мислам еве, видовме и од свадбата на внуката на Амди што стана. Цели 600 души, ристосбогоројцаиситесветци.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MajkaMuNaMarko

MajkaMuNaMarko

Староседелец
18 февруари 2020
38
19
1,008
38
И тоа не е ај да речеш една регистрација направиле со најблиски, туку цели свадбишта, со по 300 гости.
Родендени никако не може да трпат, крштевки, значи се убија, а јас имам релативно мал круг пријатели, па се нагледав и наслушав приказни за свадби со сите адети, со гости од немајкаде...
Ем пари фрли си, ем коронче закачи си.
Мислам еве, видовме и од свадбата на внуката на Амди што стана. Цели 600 души, ристосбогоројцаиситесветци.
Јас се изненадив од голем број блиски што за жива глава не сакаат да откажат свадба или да си ја направат едноставно сами...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra