Често читаме и слушаме политички препукувања за тоа која партија е подобра, која повеќе се грижи за граѓаните, кој бил поголем лопов и лажов, кој носел ореол, итн. Верувам дека нема еден од нас што не западнал во политички-настроен муабет не по своја волја и верувам дека мнозинството сме биле убедувани да „бираме помало зло“ и ни се нуделе одредени привилегии покрај тоа помало зло.
Бидејќи сум израсната од самохрана мајка, до недоглед се бројат понудите од одредени соседи кои ни висеа на врата пред кампањи, со ветувања дека ќе ѝ најдат подобро работно место, а ќе се обезбеди нешто и за мене (имав 6-7 години кога почнаа, важи ).
Уште тогаш во мене се разви некаква одбивност кон македонската политичка сцена (иако не ни знаев што всушност е тоа, освен што редовно гласав покрај Стојан Андов кога баба ми гледаше Собраниски), а веќе како почнав повеќе да разбирам, сфатив и дека сосема сум била во право, па дури и дека е полошо од досадните тетки и чичковци што на секој чекор гледаа на поранливи категории ко поени за својот политички миленик. Среќна сум што не потклекнавме.
Но, ова е само мое мислење. Сакам да прочитам и други.
Се среќаваме со огромен излив на емоции и патриотизам по социјалниве мрежи, па можеби истото е и од љубов? Знам и за луѓе кои се носталгичари и им пречи ако дома се смени омилената чаша, а не цело државно уредување.
Но, знам и за луѓе кои ко сончогледи се вртат по партијата која е на власт, па на секое ваѓаат и палат партиски книшки театрално.
На крај остануваме со наједноставното прашање - Што е она што го тера Македонецот да излезе на гласање?