Ne veruvam vo Gospod. Zatoa sto tie sto pravat loso ne se kazneti, a stradaat pogresni luge. Nema pravda, vo ovoj svet poln so losotija, sto mislam deka nie, lugeto(opsto) ce pocneme da se davime megu sebe i oci da si kopame edni na drugi. Losotijata ne zapira, neznam do koga toa ce trae.
Додека не сфатиш дека ,,доброто" и ,,злото" постојат само како нечива перцепција и немаат никаква врска со Господ.
Ако тоа не го разбереш во оваа инкарнација, тогаш ќе живееш со убедувањето за неправеден свет.
Ако имаш идеја за која сметаш дека е ,,праведна" треба самата да се бориш да ја пласираш пред останатите со цел да стане дел од нивната перцепција а не да чекаш некое надприродно битие да го стори тоа.
Господ што нештата ги дели на ,,праведни" и ,,неправедни" е апсурд, бидејќи според особините треба да биде апсолутно битие, а праведноста и неправедноста се терминологии што и припаѓаат на дуалноста. Апсолутното нема дуални карактеристики. Реалноста или Постоењето се како пирамида, на врвот е апсолутноста, на дното е релативноста. Тие се една целина, но од врвот можеш да видиш (Разбереш) повеќе нешта одколку од основата. А кога ќе ги разбереш, повеќе не се погрешни, неправедни, лоши, бидејќи имаат намена, цел зошто постојат и покрај тоа што таа цел не се гледа од ,,пониските" слоеви на Постоењето.