Неможе да биде верување Телемата од проста причина што за да ја разбереш, потребно е искуство, пракса. Нема догми во Телемата, во темава многу пати наназад е нагласено дека симболите и терминологијата треба да бидат само знак за препознавање на сопствената перцепција, на сопствениот начин на кој ги осознаваме суштинските нешта на реалноста. Ако текстовите ги толкуваш како упатство за живеење, ќе создадеш слика за Телемата која е чиста заблуда. Ти си најдобар пример за ова, со години кажуваш што е или што не е Телемата, а немаш ниту теоретски познавања, камоли практични.Сме разговарале и друг пат на оваа тема.Колку и да одбиваш (како поединец) не можеш да го сокриеш фактот дека целата ваша филозофија е темел на верување, односно законот сте го добиле преку Аиваз , пратеник на силите кои што владеат со земјата.
Тоа ти е исто како што Ездра разговараше со пратеникот божји, Мојсе доби заповеди од богот и разговараше од грмушката што гори, Ное доби заповед да гради Арка....и ред други.
Како што за многуте што ги набројав нема доказ , така и за вашиот Аиваз кој освен Кроули друг никој,нуту го видел ниту муабет си направиле.
Занчи , за да прифатиш закон така како што наложува вашата филозофија, неизбежно е да се проголта постоењето на тој Аиваз и многу - многу да не се поставуваат прашања за него.Дошол му ирецитирал книга и си заминал!
А бидејќи промовирате нов еон каде верувањето е нешто кое не е во вашата програма, тогаш тој Аиваз навистина бил - цврсто убедени дека е така,а се поинаку всушност ќе премине во верување, а тоа е опасна работа бидејќи ќе се уназадиш цел еден еон.
И една забелешка, сили кој владеат со земјата е малку дискутабилно.
Ако е сила , нема потреба да владее т.с да се подели на владетел и потчинети сили , а бидејќи се преставува како сила која владее, тогаш не е сила туку слабост!
Аивазот направил лапсус при своето преставување...но во текстот точно се изразил - напишал пророкот.
13. Јас сум над вас и во вас. Мојата екстаза е во вашата.
Така да , има некој работи со пропуст, не е лошо да престанеш да се труеш со вакви книги и да се прошеташ во природа размислувајќи за своето постоење!
Човек што решил да најде грешка по секоја цена некаде, без да има намера да го разбере тоа што го коментира и критикува е како слеп човек што се расправа за тоа дали има или не виножито пред него.