Телема

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Сме разговарале и друг пат на оваа тема.Колку и да одбиваш (како поединец) не можеш да го сокриеш фактот дека целата ваша филозофија е темел на верување, односно законот сте го добиле преку Аиваз , пратеник на силите кои што владеат со земјата.
Тоа ти е исто како што Ездра разговараше со пратеникот божји, Мојсе доби заповеди од богот и разговараше од грмушката што гори, Ное доби заповед да гради Арка....и ред други.
Како што за многуте што ги набројав нема доказ , така и за вашиот Аиваз кој освен Кроули друг никој,нуту го видел ниту муабет си направиле.
Занчи , за да прифатиш закон така како што наложува вашата филозофија, неизбежно е да се проголта постоењето на тој Аиваз и многу - многу да не се поставуваат прашања за него.Дошол му ирецитирал книга и си заминал!
А бидејќи промовирате нов еон каде верувањето е нешто кое не е во вашата програма, тогаш тој Аиваз навистина бил - цврсто убедени дека е така,а се поинаку всушност ќе премине во верување, а тоа е опасна работа бидејќи ќе се уназадиш цел еден еон.

И една забелешка, сили кој владеат со земјата е малку дискутабилно.
Ако е сила , нема потреба да владее т.с да се подели на владетел и потчинети сили , а бидејќи се преставува како сила која владее, тогаш не е сила туку слабост!
Аивазот направил лапсус при своето преставување...но во текстот точно се изразил - напишал пророкот.
13. Јас сум над вас и во вас. Мојата екстаза е во вашата.

Така да , има некој работи со пропуст, не е лошо да престанеш да се труеш со вакви книги и да се прошеташ во природа размислувајќи за своето постоење!
Неможе да биде верување Телемата од проста причина што за да ја разбереш, потребно е искуство, пракса. Нема догми во Телемата, во темава многу пати наназад е нагласено дека симболите и терминологијата треба да бидат само знак за препознавање на сопствената перцепција, на сопствениот начин на кој ги осознаваме суштинските нешта на реалноста. Ако текстовите ги толкуваш како упатство за живеење, ќе создадеш слика за Телемата која е чиста заблуда. Ти си најдобар пример за ова, со години кажуваш што е или што не е Телемата, а немаш ниту теоретски познавања, камоли практични.
Човек што решил да најде грешка по секоја цена некаде, без да има намера да го разбере тоа што го коментира и критикува е како слеп човек што се расправа за тоа дали има или не виножито пред него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
93

Расипувач на забави.
Кој те викна тебе сега, брат ти?
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Првото ти е цитат од страница која не постои: http://www.inet.hr/~theba/html/thelema.htm и не знам кој е автор... така да не можам да коментирам.
Од википедија?

А втората страница е... ептен добар извор! :)
Од тука најде да ми цитираш за да ми се спротивставиш со „твоите факти' и да ми кажеш да забегувам бидејќи нема што да зборуваш?
Имаш нешто паметно да ми кажеш или сеуште ќе лудуваш со омразата и ќе зборуваш глупости?
Дојди кога ќе бидеш спремен, па ако имам време, ќе позборуваме... вака, само ти ја хранам омразата и ништо ниту ти ниту другите не добиваат од ова...

U toku ta tri aprilska podneva zaneseni Krouli je zaista zapisao knjigu koji su mnogi njegovi sledbenici prihvatili kao Bibliju Novog Doba.

Занесени Кроули :) Абе ајде, па како ќе им се продаваат книгите на овие? Тотален out во однос на маркетинг! :D

А колку пати сум ви давал цитати како и самиот Кроули вели дека не требаат следбеници, туку повеќе требаат врски во типот колега - колега! Магика Без Солзи луѓе, ја има на македонски, таму ќе најдете многу!

@-alf- , стариот еон сеуште е силен во тебе, млад човеку - бегај од тоа дувло :)

П.С. @Abraxas истото го зборувам, но ете - наместо да се има сопствено искуство, тие бараат надворешни докази. Знаеш како Евреите кога со црна магика и со туѓа крв си ги измачкаа влезните врати за да не ги посети Ангелот на Смртта, исто и овие... кукавици!
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Расипувач на забави.
Кој те викна тебе сега, брат ти?
Чуден човек си.....со години се замараш со нас а не се трудиш да го разбереш то што го критикуваш. Чудна смисла за забава имаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Чуден човек си.....со години се замараш со нас а не се трудиш да го разбереш то што го критикуваш. Чудна смисла за забава имаш.
Јас го разбирам :)
Како поле... за културно објаснување на Законот на Телема преку него, за некои идни вистински истражувачи, кои ќе ги надминат и нашите одговори по форумите и блоговите и ќе не поправат за подобро и поефикасно применување на Законот на Телема!
:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
93
...../
Ти посочив текст каде Кроули е ословуван како ваш пророк, но ако ти викаш дека не е , во ред.Јас немам проблем со тоа , вие имате.

Па нели силите кој го дале законот владеат со земјата, а бидејќи владеат со неа,владеат и со еоните.Значи и тие од стариот еон , нели како мене што викаш се дел од силите кој владеат со земјата.
Се врзавте во чвор.:pusi
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Немам јас никаков проблем, ти имаш проблем со Кроули и Телема и новиот еон... те читам и се чудам :)
Барањето на себе си навистина има чудни патишта...
I like it :)

Знаеш дека може да најдеш 10000 страници каде што се зборува како Кроули жртвувал деца? Дека бил сатанист? Дека бил сешто...? Но никако да разберете што всушност бил... тоа е така бидејќи читате „жута штампа“ наместо оригиналните негови размисли за работите!

Ти лично си прифатил од некоја чудна потреба се што е негативно напишано за Кроули и Телема ти да го прифаќаш без прашање и да веруваш дека е вистина. Кој сум јас да ти го уништам тоа задоволство? :)

Дали треба јас секој што пишува сешто, да трчам да го демантирам?

Еднаш се зборува со соговорникот и толку, се останува на него - дали ќе биде во тоа блаженство или не...
Законот е да се даде, понатаму... не е мудро да се влијае :)

Па нели ова, па нели она... па нели си просветлен, што толку нели нели... ? Don't get it

Дали ти го прифаќаш Законот на Телема како начин на живот на Земјата?

П.С. Среди си цитатот, си заборавил некоја заграда од возбуда за мудрата мисла што ти дојде :)
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Па нели силите кој го дале законот владеат со земјата, а бидејќи владеат со неа,владеат и со еоните.Значи и тие од стариот еон , нели како мене што викаш се дел од силите кој владеат со земјата.
Се врзавте во чвор.:pusi
Прочитај ја Иницијација во еонот на детето од Даниел Гунтер, на македонски сеуште ја нема, но ја има на српски.
Таму е совршено јасно објаснето како се поврзани еоните и на кој начин функционираат.
Ако не ја најдеш, јас лично ќе ти ја позајмам за да ја прочиташ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: -alf-

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
93
Чуден човек си.....со години се замараш со нас а не се трудиш да го разбереш то што го критикуваш. Чудна смисла за забава имаш.
Обратно е, многу сте заслепени од трошките кој ви ги фрлил Кроули што секој разговор кој е упатен како критика кон концептот на духовноста на телема го разбирате како личен напад.Тоа е поради зборот со кој сте врзани кон законот на телема.А да не припаѓаш таму нема да те засегаат критиките.
А тоа што од петнижили пробувате да се објасните е само утеха за вашиот избор кој за жал според мене е погрешено духовно учење.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Прочитај ја Иницијација во еонот на детето од Даниел Гунтер, на македонски ссуште ја нема, но ја има на српски.
Таму е совршено јасно објаснето како се поврзани еоните и на кој начин функционираат.
Ако не ја најдеш, јас лично ќе ти ја позајмам за да ја прочиташ.
Таму е јасно?
Не го лажи, ќе направи хаос од размисли... Сепак е Класа B таа книга... не е совршено јасна ако немаш идеја за Телема и A.'.A.'. и сето останато...