Агресија кај малолетници - пропуст на родителите или?

Patika

Староседелец
21 февруари 2018
41
19
608
Ме изнасмеа со овие..хаххахааа..па и нашиве имаат пендреци ама оди види дали смеат да удрат некој:)
Точно!

indian-police.jpg

И во Индија полицајците имаат исто пендреци,но тоа веќе се смета како „тепање“ со ладно предоружје!

18-police.jpg

Но со стапот се води како казнена мерка „ќотек“што полицаецот не се товари за применување на сила :ladno

1606_Women_Police_Flickr_User_FlyingCloud.jpg

Дури и жените полицајки имаат стапови за секој случај да не се удрат на пајак возило :zelen
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Точно!

indian-police.jpg

И во Индија полицајците имаат исто пендреци,но тоа веќе се смета како „тепање“ со ладно предоружје!

18-police.jpg

Но со стапот се води како казнена мерка „ќотек“што полицаецот не се товари за применување на сила :ladno

1606_Women_Police_Flickr_User_FlyingCloud.jpg

Дури и жените полицајки имаат стапови за секој случај да не се удрат на пајак возило :zelen

А да им дадеме на воспитувачите по еден стап, како порано што носеле на час..уствари они носеле тенко врбово гранче, па кое дете било непослушно, ќе го исплескале по дланки или прсти и правац у ќош или во магарешка клупа:D
 
Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Ама еве ти кажувам примери каде државата посветува многу повеќе внимание и пак се случуваат такви работи. Ете прогуглај за насилства во училиштата во Норвешка и Финска и ќе видиш што се` има. Пак ќе ти кажам, не го оправдувам насилството воопшто ама единствено што функционира е да вратиш директно и да покажеш заби. Џабе се и психолози и држави и не знам ти што, и секој ден да имаат задолжително разговори со психолози, педагози и што и да било пак ќе се најде некое дете што ќе биде поагресивно и ќе се тепа.
Не викам не, јас само кажувам во што е вистинското решение. Тргам од моиве генерации. На многу хулиганчиња што тепаа други, но и помалите генерации од нас, секој оној кој бил жртвата и пријавил, па имал малку повеќе врски или среќа, имаше доаѓано полиција и му беше лупано казна или неговите доаѓаа во школо. Двајца поради такви тепачки полошо настрадаа, едниот го бутнаа година, другиот го избркаа, но откако дојде во школо полиција, па на класните и директорите им текна што да прават. После таквите биле бар малку посмирени со главата надоле.
Да покажеш заби е издржана работа, ако си појак нема може пак да ти се врати. Но најголемиот дел ти се враќаат и тоа со 10 други сељаци.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Makedonec сега одлучи се, системот функционира и тие што се тепаат си добиваат казни или не функционира? Јас ти кажувам дека кога не бива разговор покажуваш заби. Идеално нема, а некој што ќе задева и ќе бара проблеми секогаш ќе има. Ти кажав сум бил многу пати во слични ситуации, некогаш се решавало со професори, директори, некогаш сакал неќел ќе се степаш и подобро да си спремен на тоа.
 
Ти кажувам системот функционира само на деца чии родители имаат врски. Другите се осудени да бидат тепани или да се тепаат. Тие што се тепаат најчесто завршуваат дотепани но не само од истиот тип, туку плус 10 души после школо.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тука е грешката. Не знам како било порано по школите ќе ти пишам како е сега.
Седи мирно дете кое учи низ ходник, во школски двор, во училница или посебно по физичко салите и соблекувалните. Има два момента. Првиот момент е кога професорот не е во сала или во училница и тогаш ..фраерите.. стануваат, кружат низ соблекувална или училница и ги малтретираат мирните ученици и тоа со закана да не кажат на професорот. Вториот момент е кога професорот е на час, ропакот те мава, ти кажуваш на професорот, а он не те рецка вика не се карајте.
Имало моменти кога некое дете по неколку пати на ден било навредувано, понижувано и тепано, па се осудило да каже на класната. Класната не се замара, ама ги вика учениците да поразговара за на крај да рече ова веќе да не сум го слушнала да се смирите. Што се случува? Детето кое се пожалило ќе биде после школо претепано или понижувано пред сите.
Доаѓа момент кога треба да се пожалиш и кај педагогот или психологот. Ама пошо они веќе го знаат немирниот ученик, као демек ве повикуваат и двајцата или и родителите, ама по завршување на муабетот, на мирниот му викаат не се карајте, а со тепачот се здружуваат, зошто знаеш, он е немирен ако му се спротистават ќе им прави проблеми и на нив, па затоа им е миленик.
Настанува тешка тепачка, тепачот вади нож или го мава со тупаници. Родителите на мирниот сакаат да пријават во полиција, но секако пред тоа да поразговараат со родителите на немирниот, а и со него. Ама пошо татко му на немирниот бил џандар, па он со поддршка на син му вика дека неговиот син такви работи не правел. Во најлош случај немирниот се чатали и на родителите на мирниот.

И така во круг, мирното дете се моли што побрзо да заврши средно или основно и гледа секој ден да изнајде начин за да го заобиколи или да не ги сретне лошиот момак. Затоа треба малку државата да се поангажира и да го реши ова. Училиштето само по себе е дно, ништо не превзема.

Горе долу секогаш било така, проблемот е во тоа што работното место наставник има некоја мистична аура, раја ги воздигнува нешто образовни работници ни ги учат деците уау lelel а во реалноста се работи за тотални идиоти со ретки исклучоци. Со партиското вработување тоа само кулминира инаку останува фактот дека во глобала тие се неписмени, гадни, морбидно глупави и дека едина задача им е да си земат плата секој први. Таму завршува нивната улога во општеството.
Такви мифки и пачаври нема ниту зад МТВ, без навреда за сексуалните работнички.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
И се сведува дека треба да покажеш заби така? Види јасни ми се мене сите тие работи, порано било така, во иднина ќе биде така. Не го поддржувам тој начин ама така функционира во глобала. Ако сакаш да не те закачаат покажуваш заби.
И јас бев со 5.0 просек од прво до матура, пробувале проблематични деца (родители по партии на власт, џандари, инспектори и сл) да ми прават проблеми и сум се тепал со нив затоа што знаев дека не функционираат демагогии со нив туку мораш да покажеш заби за да не те замараат и така и било, така и ќе биде.
И ако мислиш дека тука се само школите проблем, не се баш. Ете ти ги Финска и Норвешка нели ко алфа и омега во образовниот и државниот систем, доволно е да прогуглаш и ќе видиш какви работи таму се случуваат. Ти можеш да им трубиш постојано на децата да не се тепаат и да им држиш предавања за тоа, да имаат секој ден по некој час со психолози и педагози, да правиш казнени системи и што ти знам што ама на крај пак ќе се најде некој што ќе биде поагресивен и ќе се степа со некој друг дури и за скроз банална причина.

Те разбирам но прашањето е која е тогаш улогата на образовниот кадар? Ако не можат или не сакаат да спречат психофизичко злоставување на деца тогаш што, предавања кои се сосема бесцелни во ера на нет? Мислам, основа е тоа, едноставна безбедност, за равенки со икс непознати и килограми овес во Уганда е десетостепено.

Но тоа е проблем на застарениот и нестварно глупав образовен систем. Во основа не е изменет 1000 години, уште од времето коа Св.Наум со креда на ѕид пишувал а ученици во клупи запишувале не е сменета основата, бизарно...
Нивната неспособност не може и не смее да се маскира зад тоа што го пишуваш бидејќи има деца кои немаат ни физичка ни психичка можност за одбрана. Во крајна линија не смее дете да оди никаде каде што ќе биде изложено на страдање. А ако некој зема сигурна плата, има три месеци одмор и секакви погодности а не може да гарантира минимум физичка безбедност на мало дете = ја би то клао куме :cool:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec and violetmoon

Кај нас тоа функционира така и не можеш да го смениш тоа, не можеш на фин начин да одбегнеш тоа што некој партиски полтрон го воспитал детето дека директорот на училиштето му е „наш човек“ што детето си го сфатило ко „Можам што сакам да правам“. И да не се случи во школо, ќе се случи некаде на улица и ќе биде началникот на полицијата „наш човек“.
Затоа викам дека можеш и секој ден да им ставиш предавања со педагози и психолози и пак нема да се искорени тоа затоа што некој пак ќе си бара проблем.
Не би рекол дека е само образовниот систем глупав. Целиот систем во глобала е глупав и застарен и не го бидува и влијае врз однесувањето и сфаќањата на секоја единка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Дека се претерува со тоа бруталност и слично околу случајов ептен се претерува. Еве пример за ова никој не кажа ништо, а многу побрутално е.
https://makfax.com.mk/crna-hronika/малолетник-избоден-со-нож-во-скопје/
Казни за одговорните треба и мора да има за да се воведе некој ред, не треба со насилство да се решаваат проблеми и да се замижува пред тоа. Учителите земаат плати за да ги учат и воспитуваат нашите деца кои се таму и по 6-7 саати дневно така да и тие се одговорни за однесувањето на децата и младите.