Во училиште децата се праќаат да се образуваат т.е. да добијат соодветно образовање што во иднина може да биде негова професија, а не да се воспитуваат. Училиштата немаат никаква врска со воспитување на децата, можеби надоградба доколку има континуитет од дома кога детето има домашно воспитување со 5 и 6 години до предшколска возраст, тоа е воспитување од своите родители кое е како база за понатамошни морално и ментално однесување и надградување.Што ќе надградиш и воспитуваш во училиштата кога тој ученик има секојдневно невоспитано однесување во домашна атмосфера од сопствените родители?
Овој случај во Неготино т.е. ваквото насилничко однесување на понежниот пол во вакви тинајџерска возраст е поради недостаток на домашно воспитување и затоа проблемот се решава на таков начин, да се затвори во казненопоправен дом или во затвор токму родителот, а детето „нека гледа“ како родителот плаќа за неговите и за сопствените глупости! Инаку воведување на психолог или социјален работник во училиштата е само промашен обид да од „дрво“ се моделира нешто- не ја бидува!
Факт е дека училиштата го изгубија угледот, го изгубиа она основното, а тоа да ги образуваат децата, да ги научат да учат со желба за знаење, да ги мотивираат, да учат со разбирање..а добивме една дебилна младина која разочарана од општеството во кое живее, разочарана дека знаењето не е мерило на успех, интернет генерација која се труе со неморал гледана од социјалните мрежи.
Училиштата мора да превземат мерки, да ја зајакнат дисциплината, да казнуваат, да се има униформа како порано ние што носевме кецели, исто и професорите..да нема мобилни, да нема нашминкани девојчиња, лакирани нокти идр....само правила и казни може да ја доведат во некој ред веќе оддамна излезената од колосек младина.
Родителите се разбира дека треба да бидат опоменати, повикани на разговор кај психолог, социолог идр..но најголемата казна нека ја сносат децата учесници во насилстото..па ако треба и по еден месец во дом за малолетници нека седат..(па и тие домови што ги имаме ни се катастрофа)...уфф..кај нас цела држава, сите институции ни се рахитични и хаоточни..незнам дали нешто функционира саглам.