Кај нас тоа функционира така и не можеш да го смениш тоа, не можеш на фин начин да одбегнеш тоа што некој партиски полтрон го воспитал детето дека директорот на училиштето му е „наш човек“ што детето си го сфатило ко „Можам што сакам да правам“. И да не се случи во школо, ќе се случи некаде на улица и ќе биде началникот на полицијата „наш човек“.
Затоа викам дека можеш и секој ден да им ставиш предавања со педагози и психолози и пак нема да се искорени тоа затоа што некој пак ќе си бара проблем.
Не би рекол дека е само образовниот систем глупав. Целиот систем во глобала е глупав и застарен и не го бидува и влијае врз однесувањето и сфаќањата на секоја единка.
Како прво треба да се симне аурата на значајност која беспотребно лебди околу вработените во образовниот систем.
Ако тие вработени не можат да најдат начин да обезбедат барем физичка безбедност на мало дете - тогаш што да се каже понатаму? Без разлика дали е партиски или не, дали насилните деца се синови или ќерки на рандом лик кој собира картони, наставниот кадар едноставно не се замара, тепачот може да е син на Ставре локален алкос без врски и пари, исто ќе биде, нивната улога е да земат плата на први. А сето тоа остава последици кои ќе се влечкаат со децении и општествениот товар ќе остане огромен.
Нема incentive за вработените да ги заштитат децата, нема одговорност, нема конкуренција, не им се заканува отпуштање, плус за нив постои таа посмената аура на доброчинители.
А 13 години присуство во тој систем се законски задолжителни. (9+4)
Прв чекор е демистификација на лицата кои се бават со таа професија. Да се знае дека лицата кои се бават со таа професија се апсолутно дно, неспоредливо повеќе штета прават во средината од дилерите на пример.