Агресија кај малолетници - пропуст на родителите или?

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кај нас тоа функционира така и не можеш да го смениш тоа, не можеш на фин начин да одбегнеш тоа што некој партиски полтрон го воспитал детето дека директорот на училиштето му е „наш човек“ што детето си го сфатило ко „Можам што сакам да правам“. И да не се случи во школо, ќе се случи некаде на улица и ќе биде началникот на полицијата „наш човек“.
Затоа викам дека можеш и секој ден да им ставиш предавања со педагози и психолози и пак нема да се искорени тоа затоа што некој пак ќе си бара проблем.
Не би рекол дека е само образовниот систем глупав. Целиот систем во глобала е глупав и застарен и не го бидува и влијае врз однесувањето и сфаќањата на секоја единка.

Како прво треба да се симне аурата на значајност која беспотребно лебди околу вработените во образовниот систем.
Ако тие вработени не можат да најдат начин да обезбедат барем физичка безбедност на мало дете - тогаш што да се каже понатаму? Без разлика дали е партиски или не, дали насилните деца се синови или ќерки на рандом лик кој собира картони, наставниот кадар едноставно не се замара, тепачот може да е син на Ставре локален алкос без врски и пари, исто ќе биде, нивната улога е да земат плата на први. А сето тоа остава последици кои ќе се влечкаат со децении и општествениот товар ќе остане огромен.
Нема incentive за вработените да ги заштитат децата, нема одговорност, нема конкуренција, не им се заканува отпуштање, плус за нив постои таа посмената аура на доброчинители.
А 13 години присуство во тој систем се законски задолжителни. (9+4)

Прв чекор е демистификација на лицата кои се бават со таа професија. Да се знае дека лицата кои се бават со таа професија се апсолутно дно, неспоредливо повеќе штета прават во средината од дилерите на пример.
 

Dina_LC

Староседелец
21 февруари 2012
7
10
1,003
dinalazarova.com
Како прво треба да се симне аурата на значајност која беспотребно лебди околу вработените во образовниот систем.
Ако тие вработени не можат да најдат начин да обезбедат барем физичка безбедност на мало дете - тогаш што да се каже понатаму? Без разлика дали е партиски или не, дали насилните деца се синови или ќерки на рандом лик кој собира картони, наставниот кадар едноставно не се замара, тепачот може да е син на Ставре локален алкос без врски и пари, исто ќе биде, нивната улога е да земат плата на први. А сето тоа остава последици кои ќе се влечкаат со децении и општествениот товар ќе остане огромен.
Нема incentive за вработените да ги заштитат децата, нема одговорност, нема конкуренција, не им се заканува отпуштање, плус за нив постои таа посмената аура на доброчинители.
А 13 години присуство во тој систем се законски задолжителни. (9+4)

Прв чекор е демистификација на лицата кои се бават со таа професија. Да се знае дека лицата кои се бават со таа професија се апсолутно дно, неспоредливо повеќе штета прават во средината од дилерите на пример.
Класика. Три години подоцна од твојот пост ситуацијата дури и полоша.
Пред да почнам морам да кажам - со твојот пост се си кажа.

Сега се горе кажаното и плус што се случува во денешницава е препишано на короната. Родителот му се јавува на наставникот и му вика лелелел па не знам знаете со ова коронава децата станаа многу агресивни, нервозни. Наставниците на состаноците со директорката истиот коментар. Директорката на сосстанокот со Мин. за Обр. истиот коментар. (Ова се лично сум слушнала од родител, наставник, директорка и советник).

Јас им поставив прашање и им кажав, дека ги разбирам ама дека ако ја вратиме училишната дисциплина ни е единствен спас за нашите деца да се спасат од моменталнава кризна ситуација - настана тишина ... и како со прашалници ме гледаа(сигурно рекоа од кај падна оваа и во што верува? )

Работам со деца и родители. Ми се јавува родител да ми донесе дете што правело проблеми во училиште во смисол да поразговарам со него. :nah И јас сум мајка, ама неможе проблемот да е кај детето(7 год), тоа дете се што знае од вас научил. Значи кој треба прво да работи на себе? Јас можев да ги земам парите и као си работам со детето. Ама што ке постигнам? Проблемот се работи од корен а не од цветот.

Најлесно е да се криеме позади децата и префрламе одговорности на нив, затоа што они се на најнискиот левел од пирамидата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Electra

kockakockica@

Истакнат Член
30 мај 2022
107
51
338
Четири и кусур години по отварањето на темава, чсетири пати побетер е стасана ситуацијата во однесувањето на младиве генерации..како ли ке се однесуваат за десет години...насилство, терор, убиства, самоубиства,кражби...ќе остане ли некој нормален:place
 

kockakockica@

Истакнат Член
30 мај 2022
107
51
338

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
А бе знаете како велат „Ако сакаш да го смениш светот, почни од своето семејството„ или нешто така беше, битно контекстот е тој...
Проблемот е многу голем...
Ние едно десетина години наназад потфрливме како родители и тоа го потпишувам со две раце...
Влијанието на материјализмот е огромно...
Од мали децата се опсипани со предмети наместо со љубов и внимание...
Со екран наместо со мајка и татко или свои врсници...
Многу е комплексно растењето и развојот на денешните деца и тоа за жал и физичкото и психичкото развивање...
И да, проблемот е пред се` во родителите, кои се `презафатени` за сопствнеите деца, премногу попустливи и толерантни, нивните деца се принцови и принцези на кои не смее ни прашинка да падне, а камоли да им фали влакно?! Мама и тато се секогаш тука за се`, да им го олеснат животот нели?
А свесни ли се дека со тоа не им прават услуга, туку само ги осакатуваат за цел живот?
Нели, велат `Дај му на човек риба си го нахранил еднаш, научи го да лови риба, си го нахранил за цел живот`.
Исто и кај воспитувањето на децата...
Децата се` помалку знаат животни вештини...
Немаат добро совладана моторика, немаат дефинирани емоции, збунети се, претрупани со информации, наметнати стандарди за нормалното, детски некојси права и што не..
А втори кривци се се разбира просветните работници...
А и не ни чудо зашто таа професија во денешно време ретко на кој му е прв избор и ја работи со љубов и ќеиф, туку на повеќето од нив педагошкиот факултет им бил втор или трет избор, па така да, што да очекуваш од тој наставник?
Посветеност?
Едукација?
Воспитување?
Педагошки пристап?
Психолошки пристап?
За повеќето од нив овие се само мисловни именки и ништо повеќе...
И така да, ако таков игнорантски однос кон воспитувањето на детето има во училиштето, капак и во домот и што да очекуваме?
Обезни, невоспитани, дрски, повлечени, инфантилни, зависни, разгалени, безобразни....
И да не продолжувам...
Ако не си способен да му се посветиш на детето 100% тогаш подобро размисли два, три па и сто пати пред да станеш родител.
 

kockakockica@

Истакнат Член
30 мај 2022
107
51
338
Однесувањето на младиве е бетер и бетер.
Една година од последното мислење на темава, состојбата и проблемите со агресивна, дивјачка, луда младина е отидена во неповрат.
Никој ништо не превзема.
Страшно