Агресија кај малолетници - пропуст на родителите или?

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
tepacka-0413.jpg

Брутално тепање, крвничко тегнење за коса, клоцање, невидено насилство извршено во школски двор во основно училиште во Неготино...Сите го видовме видеото од тепачката снимена со мобилен телефон...и...и што..каде сме луѓе, на вакво девијантско однесување, децана се смеат и сеир си прават(facepalm)
Згрозена сум, запрепастена...девојчиња да се тепаат:nah

Незнам какви мерки ќе превземе просветниот инспекторат, незнам какви педагошки мерки ќе бидат изречени...но, ова е невидено..децава ни одат во пропаст:(
Мислам дека под итно треба родителите да се свестат, треба да се актуелизира оваа работа и да се превземе нешто...имало и порано тепачки меѓу деца, ама вакво нешто меѓу девојчиња, немам видено(worried)
 
la.madrugada

Нов член
26 март 2018
15
6
3
Верена

Така е тоа, ретко некој во Македонија да ги решава проблемите со разговор. Од децата до политичарите ама сите сѐ некоја сила употребуваат и затоа нема зошто да не чуди кога нема кој да им разјасни на децата оти тепањето е лоша опција во било која состобја.
Остави што се степале па дури и има секогаш некој што снима и дури го става на нет. Не знам дали е видетото снимено и зачвано како „Спомен“ или само за лајкови по интернет. Ако е било снимено за одбрана на нападнатото девојче не би било разпростането низ целата Македонија, туку се би де решило помеѓу нив и полицијата.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ваков сензационалинзам ептен ми пречи. Брутално, невидено насилство, ова е невидено нешто, пропаст. Стварно не е во ред тепањето, далеку од тоа дека го оправдувам ама овакви наслови ми пречат, мислиш го распарчиле детето и го мезеле додека другите само гледале сеир.
Видеото тешко дека е снимено за доказ, повеќе е за после да се гледа со тие што не биле таму. Не е ова невидено нити па ќе биде нешто што ќе запре, отсекогаш така функционирало тоа. Или покажуваш заби или ќе изедеш ќотек, секогаш ќе има некое такво дете што ќе биде поагресивно. Си има педагози, психолози, си има родители, треба да седнат и да работат со тие деца и ќе го сменат.
 
Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Си има педагози, психолози, си има родители, треба да седнат и да работат со тие деца и ќе го сменат.
Тука е грешката. Не знам како било порано по школите ќе ти пишам како е сега.
Седи мирно дете кое учи низ ходник, во школски двор, во училница или посебно по физичко салите и соблекувалните. Има два момента. Првиот момент е кога професорот не е во сала или во училница и тогаш ..фраерите.. стануваат, кружат низ соблекувална или училница и ги малтретираат мирните ученици и тоа со закана да не кажат на професорот. Вториот момент е кога професорот е на час, ропакот те мава, ти кажуваш на професорот, а он не те рецка вика не се карајте.
Имало моменти кога некое дете по неколку пати на ден било навредувано, понижувано и тепано, па се осудило да каже на класната. Класната не се замара, ама ги вика учениците да поразговара за на крај да рече ова веќе да не сум го слушнала да се смирите. Што се случува? Детето кое се пожалило ќе биде после школо претепано или понижувано пред сите.
Доаѓа момент кога треба да се пожалиш и кај педагогот или психологот. Ама пошо они веќе го знаат немирниот ученик, као демек ве повикуваат и двајцата или и родителите, ама по завршување на муабетот, на мирниот му викаат не се карајте, а со тепачот се здружуваат, зошто знаеш, он е немирен ако му се спротистават ќе им прави проблеми и на нив, па затоа им е миленик.
Настанува тешка тепачка, тепачот вади нож или го мава со тупаници. Родителите на мирниот сакаат да пријават во полиција, но секако пред тоа да поразговараат со родителите на немирниот, а и со него. Ама пошо татко му на немирниот бил џандар, па он со поддршка на син му вика дека неговиот син такви работи не правел. Во најлош случај немирниот се чатали и на родителите на мирниот.

И така во круг, мирното дете се моли што побрзо да заврши средно или основно и гледа секој ден да изнајде начин за да го заобиколи или да не ги сретне лошиот момак. Затоа треба малку државата да се поангажира и да го реши ова. Училиштето само по себе е дно, ништо не превзема.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
И се сведува дека треба да покажеш заби така? Види јасни ми се мене сите тие работи, порано било така, во иднина ќе биде така. Не го поддржувам тој начин ама така функционира во глобала. Ако сакаш да не те закачаат покажуваш заби.
И јас бев со 5.0 просек од прво до матура, пробувале проблематични деца (родители по партии на власт, џандари, инспектори и сл) да ми прават проблеми и сум се тепал со нив затоа што знаев дека не функционираат демагогии со нив туку мораш да покажеш заби за да не те замараат и така и било, така и ќе биде.
И ако мислиш дека тука се само школите проблем, не се баш. Ете ти ги Финска и Норвешка нели ко алфа и омега во образовниот и државниот систем, доволно е да прогуглаш и ќе видиш какви работи таму се случуваат. Ти можеш да им трубиш постојано на децата да не се тепаат и да им држиш предавања за тоа, да имаат секој ден по некој час со психолози и педагози, да правиш казнени системи и што ти знам што ама на крај пак ќе се најде некој што ќе биде поагресивен и ќе се степа со некој друг дури и за скроз банална причина.
 
pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Зашто насловот на темата е променет??? (барем да го сменевте во тепачака помеѓу малолетни девојчиња)
Сите што го видоа скандалозното видео се занемени од бруталноста на девојчињата..значи не беше тоа амерички филм, девојчињата не се скубнаа малку, аман луѓе...па тие навистина крвнички тепаа едно девојче, закрвавени до тој степен што како во лудило ја шутираа, клоцаа, додека друго девојче кое ја имаше фатено за коса, буквално ја тегнеше, влечејќи ја по патот....хорор филм...Па што може да е причина за толку крвава разврска да биде меѓу малолетни деца?
Најдебилно и фрапантно е што другите деца гледаа сеир, снимаат со мобилен..ментална работа..никој да не притрча да ги раздвои...болна младина:(
Имало и ќе има тепање помеѓу врсниците, но кој е крив..каде затаивме во воспитувањето, кога требаше алармот да го уклучиме..децава не знаат со моабет да ги решат проблемите..ТРЕБА под итно да се превземат мерки, правила, казни..не смееме да ја оставиме работава да отиде во заборав.
Многу ме загрижува што девојчињава станаа машкоданки, наместо убав поздрав они употребуваат исто како машките-кај си бе брат(facepalm)
Моралот е паднат на најниско ниво, однесување, облекување....до каде ли ќе стигнат??(think)
 
Последна промена:

Patika

Староседелец
21 февруари 2018
41
19
608
Јас би ги затворил нивните родители да ја издржат казната за нивното невоспитување на своите деца !
 
pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Јас би ги затворил нивните родители да ја издржат казната за нивното невоспитување на своите деца !
И што?? Проблемот ќе го решиш, насилството на младите ќе го намалиш?
Па зошто ги праќаме децата да одат во училиште, за што да учат?
Треба да се воведе психологија, морал и ментално однесување.
 
Patika

Староседелец
21 февруари 2018
41
19
608
И што?? Проблемот ќе го решиш, насилството на младите ќе го намалиш?
Па зошто ги праќаме децата да одат во училиште, за што да учат?Треба да се воведе психологија, морал и ментално однесување.
Во училиште децата се праќаат да се образуваат т.е. да добијат соодветно образовање што во иднина може да биде негова професија, а не да се воспитуваат. Училиштата немаат никаква врска со воспитување на децата, можеби надоградба доколку има континуитет од дома кога детето има домашно воспитување со 5 и 6 години до предшколска возраст, тоа е воспитување од своите родители кое е како база за понатамошни морално и ментално однесување и надградување.Што ќе надградиш и воспитуваш во училиштата кога тој ученик има секојдневно невоспитано однесување во домашна атмосфера од сопствените родители?
Овој случај во Неготино т.е. ваквото насилничко однесување на понежниот пол во вакви тинајџерска возраст е поради недостаток на домашно воспитување и затоа проблемот се решава на таков начин, да се затвори во казненопоправен дом или во затвор токму родителот, а детето „нека гледа“ како родителот плаќа за неговите и за сопствените глупости! Инаку воведување на психолог или социјален работник во училиштата е само промашен обид да од „дрво“ се моделира нешто- не ја бидува!
 
Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
И се сведува дека треба да покажеш заби така? Види јасни ми се мене сите тие работи, порано било така, во иднина ќе биде така. Не го поддржувам тој начин ама така функционира во глобала. Ако сакаш да не те закачаат покажуваш заби.
И јас бев со 5.0 просек од прво до матура, пробувале проблематични деца (родители по партии на власт, џандари, инспектори и сл) да ми прават проблеми и сум се тепал со нив затоа што знаев дека не функционираат демагогии со нив туку мораш да покажеш заби за да не те замараат и така и било, така и ќе биде.
И ако мислиш дека тука се само школите проблем, не се баш. Ете ти ги Финска и Норвешка нели ко алфа и омега во образовниот и државниот систем, доволно е да прогуглаш и ќе видиш какви работи таму се случуваат. Ти можеш да им трубиш постојано на децата да не се тепаат и да им држиш предавања за тоа, да имаат секој ден по некој час со психолози и педагози, да правиш казнени системи и што ти знам што ама на крај пак ќе се најде некој што ќе биде поагресивен и ќе се степа со некој друг дури и за скроз банална причина.
Па во тоа е поентата, некое дете секогаш ќе биде тепано, друго ќе покаже заби или ќе го остават на раат или уште повеќе ќе го тепаат. Кога државата би посветила повеќе внимание и кога секоја пријава за раков случај би била казнувана со паѓање година или бркање од школото, парична казна кон родителите, но и казни кон вработените во училиштето за незамарањето, бар малку би се подобрило се.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider