Љубовта во моето срце
Љубов е чувство што означува сакање некого или нешто.Може да значи емотивна поврзаност со одреден човек или пак да се однесува на желба да се зачува нешто.
Љубовта е присутна насекаде околу нас.Прекрасно е да се живее во свет каде луѓето меѓусебно се сакаат,се почитуваат и си помагаат едни со други.Меѓутоа,овие човечки вредности полека изчезнуваат и сега сме сведоци на постојани кавги,постојана желба да му се наштети некому,општа меѓучовечка омраза.Ја нема повеќе онаа сплотеност и поврзаност помеѓу луѓето.
Човек што нема нити малку љубов во него е како риба без вода.Покрај тоа,треба да има и одредена емпатија,желба да се помогне некому од срце,без некој друг да го натера на тоа.Искрена насмевка,искрени мисли спрема некого,разбирање и прифаќање на другиот-тоа е најважното нешто што некој треба да го има.Сакајќи да бидеме успешни,забораваме на оваа основна карактеристика.Подложни сме на лошото и злобата,но не смееме да ги прифатиме како нешто нормално и како дел од нашиот карактер.Мора да се негува позитивен однос со било кого,затоа што сите сме луѓе,без разлика на вера,боја и националност.Можеме сите да помогнеме во создавање на еден нов свет,ново општество во кое ќе владее сплотеност,меѓусебна поддршка и разбирање.Без ова не можеме ние како поединци да напредуваме.Треба сите да учествуваме во ова и пред се,да сакаме
нешто да промениме.