Помош за проектни задачи/состави/писмени

Seashell

Истакнат Член
8 октомври 2017
4
0
301
28
:rofl леле што не ќе прочита човек на форум. Денес ако не знае некој состав да си напише по македонски јазик треба да оди да се самоубие зошто тоа е основата и не треба талент за тоа воопшто, само да се следат инструкции за вовед, заплет, кулминација, расплет и заклучок.
Кој е будала нека ти плати не 300, 3000 направи ;):zelen(star).

Не гледам ништо лошо и безпотребно во онаа што го напишав. Моите услуги му стоат на располагање на ученици кои не можат или не сакаат да се преоптоваруваат со тоа што не ги интересира или не им оди.Не секој ја има креативноста да напише состав, на сите не му доаѓаат зборовите за да напише нешто кое вреди да се прочита, од мое искуство за да напишеш состав треба да имаш инспирација, креативност и пред се да читаш многу слободна литература.Секако има и креативци и им честитам и уживам во нивните зборови, но како што не е срамота да побараш помош по математика така не е срамота и ова ;);)
 
Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133

Не можеш Математика со Македонски јазик да споредуваш.
За Математика мора да имаш роден талент, за Македонски и да немаш има шема по која пишуваш и ако ти фаќа мозокот ќе напишеш.
Не реков дека е срамота, прави што сакаш твоја работа :zelen(star) и ако намигаш така земи си крем против брчки :sreken
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153

Бај д веј, математика не е уметност, пишувањето е уметност. Сама расуди што зависи повеќе од талентот (дар), а што може, и покрај „неталентираноста“ да се развие со упорно вежбање.
До сега зборував за креативно пишување, додека пак за составите кои ги нуди девојката... не треба читање слободна литература. Оди да те видам напиши состав за „Апсурдот во Ками“ за четврта година средно, благодарение на слободната литература (Коелјо, Агата Кристи, Џејмс) што си ја прочитала :)
Искуството ме научи дека учениците се плашат од составите по македонски јазик, скоро па исто колку и од тестовите по математика или хемија, а тоа е од следниве причини:
- ги немаат прочитано книгите;
- немаат доволен фонд на зборови и она што ќе го прочитаат на интернет не успеваат да го прераскажат, а не се ни обидуваат искрено;
- преоптоварени се со „важноста“ на другите предмети, и за жал предметот Македонски јазик и литература го ставаат на последно место и полесно им е да учат, не знам, Хемија, отколку да потрошат 2 саати на составување на демо верзија на текст за писмена.
И затоа го плаќаат. И не е ретко тоа плаќање.
Се плаќаат есеи за писмени работи, за полагање матура, се плаќаат и слободни есеи кои треба да ги носат како домашна задача по Социологија, по Бизнис и претприемништво...
А да не зборувам за оние студенти кои полагаат со однапред дадени теми на есеи (зборувам за студенти од: економски, филолошки, педагошки и психологија), ако добро ја разработиш шемата на бизнис... слободно можеш семејство да гледаш од тие пари.

п.с. шемата за вовед, главен дел, заклучок, не секогаш е успешна. Може воведот да го направиш преапстрактен, може да изнесеш многу неважни информации, неповрзани со главната тема. Можеш да го направиш предолг, во однос на главниот дел, или прекраток.
Во главниот дел ако не си искусен (посебно ако си средношколец), нема да ги кратиш речениците. Ќе пишуваш една реченица по 10 редови, без точна интерпункција и ќе добиеш тројка на писмена. Тогаш сфаќаш дека потребна ти е петка за мајка ти и татко ти да не ти се качуваат на глава и едноставно плаќаш и сѐ ти е средено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Cassiopeia and existence

Твое мислење. Мене никогаш не ми било проблем и со одличен пет ги пишував составите по македонски. Ако некого го мрзи да ја прочита книгата тоа е веќе друг проблем.
Треба да го слушаш професорот и да знаеш што бара, каков стил на изразување.
Мојата не сакаше бајки, туку факти. Тие што си пишуваа така, како многу талент да имаат си имаа тројки.
Јас си поминав многу убаво и никогаш пари не дадов за состав. Кај ќе ми гарантира оваа членкава многу што си мисли дека е паметна петка за соствот ?
Прво ќе го напише па ќе треба пари да и пратат или обратно ?
Ако не ми се допадне составот, ако дете некое добие двојка, што тогаш ?
 
Seashell

Истакнат Член
8 октомври 2017
4
0
301
28
Го работам оваа со години и никогаш никој не се пожалил, а многу не платиле а добиле состав. Го пишувам составот, ти ми плаќаш а јас ќе ти го пратам доколку не ви се допаѓа слободно може да кажете што е проблемот и ќе го поправам, многу подобро е кога ќе се сретнеме па ќе продискутираме но можностите не го дозволуваат тоа бидејќи не живеат сите во Скопје. А во врска со оценувањето доколку ми кажеш дека професорот сака факти ќе пишувам со факти, доколку сака бајка ќе напишам и бајка, е сега ако не си слушал и ако не знаеш што сака професорот неможам во никоја смисла да ти помогнам. А во врска со мојата споредба со математика и македонски јазик има многу врска, во математиката е се според шема, формула и логика, а во литературата треба да имаш талент да знаеш како да се изразиш и да напишеш нешто, слободната литература помага во тоа бидејќи преку неа добиваш фонд на зборови и знаење и не секоја слободна литература е романтика. А за учениците не се сите заинтересирани за пишувањето сум имала многу кои знаат што сакаат да студираат на пример како иден студент на машински, електро, економски, медицина не сака и не мора да се замара со состави и есеи кои не сака и нема желба ниту да ги пишува ниту да ги чита. И секако стојам на нивна страна кога веќе неможат да изберат што учат, слободно може да го совладаат материјалот како сакаат.

P.S. А моите брчки не се твоја работа, и нема потреба да се навредуваме позади компјутер бидејќи така сите можеме нели ? Доколку те интересира нешто секако пиши, прашај или прокоментирај но немора да навредуваш никој.
 
Дека секој професор сака различно да се пишува, точно е.
Најголема грешка е што, ете, твојата професорка најверојатно имала завршено на катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици и повеќе обрнувала внимание на правопис, и кратка содржина на делото (проста анализа), и ти било лесно.
За жал, на друго место, ќе се погоди професор што завршил на катедрата за компаративна книжевност, или пак на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности и ќе очекува од учениците посуштинска анализа, а не прости реченици. Да ти се паднела таква професорка, ти ќе си имала тројка, а другите ќе имале петки...
Ти ја зборувам реалноста, не те фолирам.
Што се однесува до плаќањето... кога веќе некој ќе реши да порача текст, спремен е на ризикот да биде грд, но, најчесто очекуваат да добијат ремек дела... :) А мислам дека е глупаво прашањето кога треба да платиш...
Кога купуваш книга, прво ја читаш, па ја плаќаш? Истото и со јадење, прво одиш во маркет, земаш продукт, го пробуваш, па го плаќаш? :)

П.С. Не секоја нарачка на есеј се однесува на предметот Македонски јазик и литература.

Стојам зад твојот став, дека не мора секој да ги пишува ако не сака, и дури и да не ги плати, ако не сака, ќе најде да му ги напише некој друг (другар/ка, мајка, роднина).
Она што го реков во врска со слободната литература, апсолутно не го сфати. Не зборував за романтика. Читај ти ако сакаш и монографии, но, доколку не ги знаеш конкретните дела... колку сакаш имај фонд на зборови, нема да можеш да напишеш...
Она што јас сакам да те прашам, како пишуваш есеи, а правиш толку правописни (основни) грешки... ?
 
Можеби има некоја основна грешка пишувам на форум, не сум обрнала толку големо внимание, кога пишувам есеј или проектна обично обрнувам повеќе внимание и на запирки и на точки и на правописни грешки :D:D
 
jela24

Нов член
19 октомври 2017
1
0
1
23
дали можете некако да ми помогнете требе да пишувам состав за влијанието на физичката активност врз здравјето може некако помош
 
incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Твое мислење. Мене никогаш не ми било проблем и со одличен пет ги пишував составите по македонски. Ако некого го мрзи да ја прочита книгата тоа е веќе друг проблем.
Треба да го слушаш професорот и да знаеш што бара, каков стил на изразување.
Мојата не сакаше бајки, туку факти. Тие што си пишуваа така, како многу талент да имаат си имаа тројки.
Јас си поминав многу убаво и никогаш пари не дадов за состав. Кај ќе ми гарантира оваа членкава многу што си мисли дека е паметна петка за соствот ?
Прво ќе го напише па ќе треба пари да и пратат или обратно ?
Ако не ми се допадне составот, ако дете некое добие двојка, што тогаш ?
Некои не знаат да состават реченица,има вакви,некои се неписмени