Коцкање vs. алкохолизам - што е полошо?

Devil`s Octave

Нов член
10 јануари 2016
5
2
3
42
И двете. Ако имаш пари, ако немаш..... Види тоа е тема за размислување оти најчесто сиромасите се впуштаат на такви пороци токму поради сиромаштијата пример:

- Пие ( најчесто Ж`та од пазар ) затоа што очекува извршители тој ден
- Пие ( тука пивото помага ) затоа што му се здосадило жена му да му бара пари и синот џепарац
- Се коцка ( тоа после плата ) Мисли дека секогаш на рулетот првото е црно ( само на бои игра....толку и знае)
- Се коцка ( губи се што има и другиот ден.....) се фали како ги „одрал“ синоќа у Адмирал
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

EmilijaS

Староседелец
20 јануари 2016
65
39
1,028
28
Реално гледано, двете се лоши зла и према мене дури и поддеднакво лоши. Ги читав мислењава од прва страна до сега и видов различни мислења со кои се согласувам.
Коцкањето е зависност. Некои се коцкаат со спорт, некои во казино. Искрено оние кои пишуваат ливчиња од мали суми спортска према мене и не е некое коцкање и не е толку лошо. Барем јас мислам дека ретко кој пишувал повеќе од 20 денари за ливче и обично пишуваат за тимови кои ги пратат како играат и имаат поголеми шанси да победат. Во глобала има многу луѓе кои уплаќаат лото два пати неделно, па не беа воопшто споменати и спортската ја ставам јас во иста категорија со лотото. Е сега сериозниот дел - казино. Ми се чини казино во комбинација со алкохол би било смртна комбинација. Казиното е како дрога, те навлекува повеќе и повеќе и додека се свестиш си изгубил се што имаш. Некои мамат некои не. Јас не ги сметам за успешни луѓе оние кои заработиле со коцкање, а познавам неколку. Можам да кажам дека досега најубавата куќа која ја имам припаѓа на човек кој го познавам и кој ја заработи на коцка. Добар е за сега, со години добро се држи. Веројатно коцкар со трик- два под ракавот ама дури и да створиш нешто тоа нели не оправдува дека е лошо хоби и тешка зависност. Мислам дека сепак покрај коцкар дека фамилија не би можела да биди среќна. Читав мислења кои нагласуваа дека жената е среќна кога коцкарот добива, и секој е среќен кога некој добива не само коцкарот и жена му ама со колку повеќе жени имам зборувано не би се впуштиле во врска со коцкар. Ама зошто? Не е сигурно. Од денес за утре работата.
Алкохолизмот е исто така зависност. На многу пати, во многу дискусии и разговори со пријатели и на др форуми споменувам дека радо би сакала да легализираат марихуана, него алкохолот да остани легален. Колку и да е убаво да се напиеш чашка- две, толку е три пати полошо кога ќе претераш и го преминиш лимитот. Алкохолот нели различно се одразува кај секој човек, но кај повеќето алкохоличари водечко чувство е агресијата. Ни семејството на алкохоличарот не би можела да замислам дека би било среќно. И кај двата случаи го споменав семејството зошто крај краева покрај самиот коцкар/алкохоличар, семејството како невин фактор трпи најмногу. Често тоа е дисфункционално семејство каде е можно семејно насилство, обвинување, префрлање вина, карање, не идење дома со вечери поради тие пијани авантури.
Накратко, никогаш не сум можела да кажам кое зло би го избрала меѓу двете, но сметам дека секоја зависност можи да се излечи. Шансите некој од алкохол да се извлечи мислам дека се поголеми зошто секој на крајот кога ќе му биди загрозено здравјето станува свесен, или барем на кратко. Со коцката ми се чини дека човек и да изгуби ќе игра пак само за да добие тоа што изгубил. Барем таков впечаток сум добила од примерите кои до сега сум ги видела во моето опкрушување ама сепак стојам зад тоа дека со цврста волја можи да се излези и од секоја зависност која би стигнала до било кој човек. Зошто темата е помеѓу избор, сепак би рекла дека можеби коцкањето е малку помало зло од алкохолот зошто некои луѓе имаат граница дури и во коцкањето, не го инволвираат семејството или пак раководат со страни средства кои не би го загрозиле комфортот на неговото семејство.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Немa ништo пoлoшo oд пијaницa, некoј кoј цел ден ќе седи вo некoјa биртијa и пoсле ќе дoјде дoмa дa ги мaлтретирa. Нaјлoшo нештo, кoцкaњетo вo спoредбa сo oвa не е ништo, не ни мoже дa се спoреди спoред мене. Убaвo викa бaбa ми, oд пијaниoт и будaлите бегaaт не пa нoрмaлните, a oд кoцкaрoт никoј не бегa, oсвен негoвите блиски мoжеби. Читaв нa темaвa имaше некoј пишaнo декa кoцкaрите дремеле пo кaзинa пo цели денoви штo не е тoчнo, имa и пaметни кoцкaри кoи знaaт дa кaжaт дoстa е. Имa и штo дремaт не викaм не, aмa не се сите тaкви. Збoрaм зa кaзинo, зa oние штo дремaт пo клaдилници мислaм декa се oчaјни и немaaт штo дa прaвaт.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Зашто од коцкањето све ќе изгувиш пари сакани ма дури и куќа со алкохолот моеш да намалиш со рехабилитација вракање во нормална хх
Како да не. Баш од алкохолот нема враќање, со коцкање ако си паметен можеш да заработиш, а со алкохол можеш само да ги тепаш домашните. Си видел ти коцкар да тепа по дома?