Коцкање vs. алкохолизам - што е полошо?

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Јас не си дадов мислење на темава...Ама ја едитираа и сега има плус дрога.
Според мене се е лошо...и како што кажаа дека за се е потребно пари ако сакаш да се коцкаш пиеш или дрогираш.
Знам да уплакам спортска прогноза ама не како некој што се забораваат во коцкарница или казино.
За останатите пороци др пат ке зборувам.Мозокот уште не ми работи како што треба :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio and Давор

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Прочитав навистина интересни мислења од одредени членови, детални објаснувања за нивните ставови, и претпоставувам дека за да може така да се зборува, потребно е да имале (ин)директно искуство со коцкари или алкохоличари, за што, секако, жалам...
Но луѓе, да велите дека коцкањето не може да се излечи е апсурдно. Можеби се работи за најтешкото одвикнување од порок/навика, но тоа секако не значи и невозможно. Во тој случај и Marchisio испаѓа дека не’ лаже, а не верувам во тоа, и баш мило ми е што престанал навреме со тие глупости. Истовремено, остајте што сме ние Македонија, во поразвиените земји има цели институции основани со единствена цел да им помогнат на зависниците од овој гнасен/одвратен порок. (puke)
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Ја мислу коцка е полошо, штетиш на себе и на сфоју фамилију мноо поише од што ке штетиш сс алкохол
И сс алкохол штетиш си и на себе и на тија около тебе, ама некако поише ми иде дека сс коцку моеш понегативно да влијаеш на сфои људи, например на тфоју фамилијум, сс хипотеке и дугови моеш да отидеш у офсајд, што може скупо да те кошта
куќа оно ово, моеш на улицу да останеш ако забегаш сс коцку, а за алкохол е полсно, поефтино е...
а и алкохол е штетан по јетру и по сфе : ) и лоша слика е за целу фамилију ако се има хроника у куќу
за алкохол сам да се пијуцка умерено, а за коцку ич не сам...
У живот не сам се коцнаја, кладионица не се рачуна : )
 

Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
беше навистина тешко да се откажам од казино секојпат кога ќе земев плата помислував на казино и на рулет имав многу добивано и многу губено но најважно е дека престанав поради мојот карактер, пеколот што го поминав не му посакувам на никого, друштвото што го имав беше крајност одкако се тргнав на страна и не се дружам со нив јас сум поинаков човек ако сакаш можеш да успееш, имај само цврст карактер и ќе успееш да ги промениш работите на подобро
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Кој еднаш бил коцкар,никогаш не се одвикнал,можеби само привремено,но за секогаш,не е вистина.
(значи зборам за зависник,не човек кој играл 5-6 пати во животот)
Но ете,не тврдам,само споделувам мислење од моето 12 годишно работно искуство со коцкари.
Кој сакал верувал,кој не сакал три ипол.:|
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Кој еднаш бил коцкар,никогаш не се одвикнал,можеби само привремено,но за секогаш,не е вистина.
(значи зборам за зависник,не човек кој играл 5-6 пати во животот)
Но ете,не тврдам,само споделувам мислење од моето 12 годишно работно искуство со коцкари.
Кој сакал верувал,кој не сакал три ипол.:|
Ај тебе да ќе те прашам као човек кој е секојдневно во контакт со луѓе од ваков порок. Дали постојат т.н. коцкари кои можат да се контролираат - да зачуваат соодветна свота на страна а останатото го пуштаат во оптек? Пошо го читав Џамбаз и ми спомна еден таму што секогаш победувал, а знам дека коцка не е баш така па ми помина низ глава овој вториов заклучок.
 

МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп
Кој еднаш бил коцкар,никогаш не се одвикнал,можеби само привремено,но за секогаш,не е вистина.
(значи зборам за зависник,не човек кој играл 5-6 пати во животот)
Но ете,не тврдам,само споделувам мислење од моето 12 годишно работно искуство со коцкари.
Кој сакал верувал,кој не сакал три ипол.:|
И јас така мислам иако немам такво искуство како твоето
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ако мислам за примерот кој Џамбазов го пишувал дека само победувал,лично знам како тогаш победуваше.Но мојот збор покрај неговиот е не валиден.Затоа ке го премолчам тоа.
Нема контрола во таа работа.
Доколку постои контрола,ке постои и начин како да се победат коцкарниците.
Најбитна работа е да знае човек да се контролира кога влегува на такви места.Но тоа не постои.
Еднаш ке се исконтролира,да,двапати....но доволно е само еднаш да не ја одржи таа самоконтрола и цел труд пага во вода.
Сум видела доста примери и доста човечки приказни.Навистина не сум видела на некого да му успее.
Не дека не знам примери на луге кои не се трудат да престанат,но не сум видела да им успее тоа засекогаш.
Таа не за џабе ја викаат гаволска работа.
Те понесува самата атмосвера таму,те понесува самата добивка од која никогаш не си задоволен,самата загуба.
Тоа според мене уствари е зависност од адреналинот чие ниво се качува и симнува додека играш.
Тоа чувство ако го осетиш еднаш да те раздрма добро,никогаш неможеш да престанеш да имаш желба пак да го доживееш. (worried)
За жал.
 

Barney

Нов член
17 април 2013
23
15
3
доста помага и ваквата активност ... вежбав бразилско џиу-џицу 6-7 месеци и трчав покрај кеј, се немаше сила за коцкарски глупости, ама работата и обврските ме натераа да немам време за BGG и трчање, и полека пак се вратив на стариот пат :banghead

"доброто" во моево е што имав карактер кога губев ... до одредена сума ако изгубам си идев, ама последниот пат се заборавив и за прв пат и се "прегазив" ...
сега останува на мене да си го одржам зборот, до сега се што сум ветил - сум исполнил (y)

повеќето рековте дека подобро е алкохоличар од коцкар ... ха, не е точно
да го тргнеме фактот дека и двете се за во канта
- коцкарот кога добива, жена му е најсреќна на свет, се што посакала - тогаш добива, плус коцкарот скоро секогаш е соодветно облечен (во казино јас уште не сум видел да пуштат некој пијан или клошар) и никогаш нема да ја посрамоти во јавност !!! - а кога губи, никогаш не ја криви ни жена му ни било кој, сам си се удира во глава !!!
- алкохоличарот како ке и ги исполни желбите или да ја однесе на вечера , кога не знае ни за себе !?
тој може секоја вечер да ја малтретира и неа и децата , и кога ке стане утре дента , да не знае што се десило ...


Се согласувам со тебе !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN