За посвојување има во некои држави каде што дозволуваат не сум сигурно но мислам дека во Бугарија дозволуваат, така да кога ќе дојде време ќе си се распрашам па и ако не нема да ми биде лошо да емигрирам на запад или нешто поблиску
Како што иде ново и ново време така се помалку и помалку ќе не има, мене искрено ми е страв да помислам што би било со луѓето за 40 години, ако ги има. Виртуелата многу лош замав зема не кај сите но кај повеќето, место ние да управуваме со неа се доведовме во ситуација она да управува со нас. Не научи да се изолираме што е една од клучните работи за тие комфор зони.
Се зависи од тоа што животот ќе ми сервира, знаеш кога еднаш ќе се изгориш после дуваш и на ладното. Затоа погоре ги спомнав посвојувањето и инвитро оплодувањето, ни јас не би сакала сама да бидам во животот но мислам дека не би можела да успеам да формирам едно нормлано типично семејство (маж, жена деца) затоа на некој начин ги ставам на приоритет тие две работи, знам дека е тешко и скоро невозможно ама не би сакала да се откажам од таа желба, тоа доаѓа некако како алтернативна замена за семејство (мајка и деца) и што се однесува до мене мислам дека е сосема доволно
Јас по се изгледа дека сум од тие што им станува "тешко".
Не е убаво ни едното не е убаво ни другото. Треба да се научиме да бидеме искрени, а тоа ни малку не е лесно но барем би се спасиле од вакви ситуации, да треба да мразиме некого или да се однесуваме како странци со луѓето со кои буквално се сме си споделувале.