Сакам да кажам/Сакам да прашам

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Како да опаметиш будала човек? Таков инат, таква тврдоглавост во животов немам видено. Дали е до гените, дали е до машкиот климкас или нешто друго не знам ама дефинитивно на татко ми ни 10 свекрви не му се рамни! Чудо од човек бе чудо, упорно и сигурно удира со главата во ѕид.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Има удолница, дно, нешто под дното, па еее таму една најдолна, црна точка што се вика Македонија.
Зашто озбилно го брукаме имево? На кого да пишам, да се извинам еве што вакви вошки се брукаме дека сме потомци на најголемиот војсководец на сите времиња? Светот не ја гледа оваа младина што (о)станала да се бори, па да речеш ај. На светот се праќаат селективни вести каде претставници ни се оние со шупливи погледи, што се бунат и кога читаат друг што им напишал да кажат.
Фајнали, да се прекрстиме во Карадонија пошто посимболично - здравје. Ем сме карани од сите страни (и на македонски, и по јазикот на брача Србе), ем зборот значи црно во јазикот на вечниот непребол, Турците. И така после фино да си извршиме едно колективно самоубиство ко во Џоунстаун. Еве предлог да си направиме сендвичи со растителен кашкавал, ливче скапана марула и цијанид, па да наздравиме за пастирот. М?

Зошто секој со двоцифрен IQ осеќа потреба да се покаже ко да е потомок на Тесла бе?
Како утре тој некој со купена диплома може моето знаење да го измери? Како, кога ни самиот не знае што бара?
Пратете си го пастирот таму што нели ќе инвестира во животот на село. Одете копајте ниви, садете компир и тиква што има повеќе семки во главата од вас, молзнете нешто, и така сме во криза за млеко, па и цице ќе фатите, може ќе се намали фрустрацијата... е, само за трече дете немојте да се плодите оти и повеќе од доста ни се шупелки ко вас.
Или они мотика не знаат да кренат, ама затоа ќе го кревале образованието на подобро ниво.
Како бе се дрзнуваш дека си кадрен да ги претставуваш сите студенти, кога на чело ти пишува и колку си паметен и колку заслужено се моташ по семинари? Кој сака нека ми збори, телешкиот поглед никогаш не излажал за паметот на личноста. Па таквите се секогаш као врвно инспиративни. Реинкарнации на Конфучие со речникот на третоодделенче (извинување до сите 8-9 годишни деца). Успехот идел кај тој што не се откажува. :frantic Ао, мислиште! Па што ќе се откажуваш, кога парите и штабот од прва ти овозможиле што си сакал. :D:nah

Вријам. Капак - професорица моја, со место во парламент, не само што објавува резултати ден по последен рок, туку и ги објавува во 10:30 за да земеш оценка во 9:30. Нема проблем, еве само да го наполнам Делореанот.
Па ѝ текнало во 11 да смени за во 12. Сета среќа, еве навремено и овие од Прилеп и Струмица ќе стигнат.
Да не важеа оценките 3 сесии, ќе ме гледавте на вести кајшто се самозапалувам сред кампус, па жими најмило.
МИ-ЗЕ-РИ-ЈА!
Па, може и Мизерија да се прекрстиме. Ем пак на М ќе сме си. (happy)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ех што убаво ќе беше да сум се родил на друго место, секаде е подобро од тука буквално. Немаше да морам да одам на протести, немаше да ме казнуваат за секакви глупости, ниту па ќе ми се закануваше некој. Се будиш сабајле и си викаш уште ли сум на истото место, истата дупка од која не може да се излезе, е да тука си кај ќе одиш. Што сакаш ти, Канада, Швицарска. Нема бе. :zelen
Штета немам роднини по светов па да отидев, затоа ќе мора да се замарам со безмозочни глуперди кои ни сами не знаат што прават.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Ех што убаво ќе беше да сум се родил на друго место, секаде е подобро од тука буквално. Немаше да морам да одам на протести, немаше да ме казнуваат за секакви глупости, ниту па ќе ми се закануваше некој. Се будиш сабајле и си викаш уште ли сум на истото место, истата дупка од која не може да се излезе, е да тука си кај ќе одиш. Што сакаш ти, Канада, Швицарска. Нема бе. :zelen
Штета немам роднини по светов па да отидев, затоа ќе мора да се замарам со безмозочни глуперди кои ни сами не знаат што прават.
Јас имам роднини у странство, али кој сака да те земе .. : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Го глеаш како носи полна гласачка кутија и си велиш у себе - “ќути, може да биде полошо“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lizbeth

Headache

Полноправен Член
14 јуни 2016
50
72
18
36
СДК проклето да е времето жива вода што ме направи!
 

vitocorleone

Староседелец
27 јуни 2012
75
39
1,018
35
2 и пол години откако не сум влегол на форумов и забелезувам некако како да станирал, што бидна нели младите седеа пред компјутер или повеќе не ги интересира ни тоа, мала забелешка позитивна гледам дека луѓето кои размислуваа останале да блогираат, луѓе со интересни размислувања, но и една мала забелешка до модераторите, на тема политика не можам да постирам пошо сум немал незнам колко постирања, ај нека ми дадат тема кај да постирам, ја разбирам да се заштитиме од политизирани ама ....... отворете детско катче ќе коментирам за моето 3 годишно синче шо несакало да јади, дрн дрн