Не кренаа паника оние кои искоментираа дека персонализираната честитка не е во ред, вистинските паничари се оние кон кого беше упатена критиката, мислам дека членот кој што прв е побуни многу културно објасни зошто е против.
И јас сум против и еве ке кажам зошто:
Не се сите христијани на форумот
Ако се честита велигден на сите, тогаш би требало да е честитаат и големите муслимански, будистички, сатанистички... празници и да се земе предвид на кои религии има припадници тука, мене искрено би ми било криво да сум муслиманка и да не ми честитаат бајрам, а да ми честитаат велиген, не оди тоа така. Плус тоа истиот ден беше и 1ви мај денот на трудот кој што е голем комунистички празник, па не гледам зошто христијаните да бидат попривилегирани од комунистите на форумот, нема смисла.
Не е во прашање тоа дали честитката навредила некого или не, секој од нас може да прогледа низ прсти на таква грешка, но ова сепак е јавен форум и за самиот форум е срамота да прави вакви грешки.
Треба да ви биде мило што членовите ја забележале вашата грешка и ви укажале за да ја исправите, тоа значи дека на истите форумот им значи нешто. Мене само не ми е јасно како на никој од членовите на администрацијата не му текна истото па да реагира пред да има реакција од член.