07. Љубов во време на колера - Габриел Гарсија Маркес (354)
Книгава ми делуваше како да има 1000 страни. Толку многу раскажано, толкму многу приказни испреплетени. Интересна книга. Ми се допадна и стилот на пишување, доста креативен и емотивен. Кога привршував со книгава, ме фати малку депресија. Се изначитав за животите на глвните ликови, се што им се случувало од раѓање, па до смрт. Низ што поминувале, на што се радувале, на што тагувале и се мачеле... и на крајот си помислив... и сега што? Поминале низ толку бурен и емотивен живот и на крајот, починале. На крајот, сето тоа не било важно зошто завршило. Но барем, животот им бил исполнет со чувства, драми и соодноси.
4,7/5
Јас прочитав некои 14 страни од таа книга бидејќи бев љубопитен дали Маркес после неговото ремек недело сто години самоча успеал да се издигне над своето вообичаено ниво на Вицотека Март `97 и рандом шкрабаници по зидовите во ќенефот на меѓуградска во Скопје - и не бев изненаден, имбецилот повторно почна да го рециклира своето срање сто години глупоча само со искомбинирани имиња, истата динамика на шпанска серија на амфети, заклучокот после 14 страни беше дека хартијата е особено мека
Пред некое време објавија дека умрел што беше одлична вест и онака се изнаживеал долго и богато во една од оние игри на судбината каде имаме тотален рандом лик кој успева во некоја област без да има бил какво познавање во истата, сериозно има некоја космичка ситуација тука дури еднаш го гуглав да видам шо и како, која е тајната да се продаде незнаење и некадарност и од страницата на википедија ме поздрави неговата приглупа фаца ама џабе, не можев да најдам одговор, тотална мистерија
Бабетина во Вефчани или Октиси ќе ти раскаже трипати посодржајни трачарии за рандом селски фамилии...