Книжевен предизвик за 2016та

Колку книги ќе прочитам годинава?

  • 5 книги (level existence :D )

  • 10 книги (ептен лагано)

  • 15 книги (leitmotif)

  • 20 книги (средно, едно со едно)

  • 30 книги (Nescafe strong)

  • 52 книги (мењам долен веш, еднаш неделно)

  • 100 книги (level Impossibiru)


Резултатите се видливи откако ќе гласате.
Статус
Затворена за нови мислења.

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
1. „Жената и родот во исламот“ - Лејла Ахмед - 350 странички - прочитана
2. „Митот на демократијата“ - Франк Карстен - 123 странички - прочитана
3. „Неугодното во културата“ - Сигмунд Фројд - 141 страничка - прочитана

Во тек на читање: 4. "Un reino lejano" - Isabel San Sebastian - 344 странички

- Секогаш после неколку малку потешки книги и за мисловно џвакање и за читање, убаво е да се земе нешто полесно. Како што жениве што внимаваат на својата линија, по новогодишните празници се ставаат на вртоглави диети.
Un reino lejano - во превод „Едно далечно царство“ е книга за која сѐ уште тажам што никако да се најде на листата книги за преведување на македонски јазик. Исабел, пишува така лесно...што чинам дека во сечиј дом треба да има по една нејзина книга... чисто за опуштање.
Колку што сфатив од рецензиите што ме натераа да ја читам книгава, се работи за едно семејство кое има заборавено на семејните нишки, само затоа што се има посветено на сеење подобра иднина на целата цивилизација. Всушност, најмногу ме привлече тоа што пишуваше дека се случува во Средниот век, во Арагон и Кастиља. Од историјата знаеме дека Арагон и Кастиља се царствата кои благодарение на големата Изабела се споиле во едно и биле просто страв и трепет...
И не зажалив што толку ми привлече внимание книгата... само првите 20-30 страни ми покажаа за колку добра сторија ќе читам понатака... Уште првите неколку пасуси од првиот дел од книгата наречен „Hijos de un tiempo feroz“ ни покажуваат дека ќе се работи за сторија каде луѓето не се делеле на добри и лоши, сиромаси и богати, туку се делеле на Христијани и непријатели божји.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
1. „Жената и родот во исламот“ - Лејла Ахмед - Број на страници: 350 - прочитана
2. „Митот на демократијата“ - Франк Карстен - Број на страници: 123 - прочитана
3. „Неугодното во културата“ - Сигмунд Фројд - Број на страници: 141 - прочитана

4. "Un reino lejano" - Isabel San Sebastian - Број на страници: 344 - прочитана - Сега за сега најдобра. Прочитав дека се спрема филм за во 2017та од книгава. Само се надевам дека ќе внимаваат како ги одбираат актерите и локациите.... Авторката така се потрудила да ги долови, објасни... што дури и мало изместување на деталите...


Во тек на читање: 5. "Palmeras en la nieve" - Luz Gabas - Број на страници: 281
Она што ме привлече да ја читам оваа книга е тоа што во критиките насекаде е нагласено прекрасното опишување на шпанските колонии во Африка, начинот за правење на најдоброто какао во светот.
Од овие неколку први странички што ги прочитав ме привлече пишувањето без влакна на јазикот. Првата сцена - секс сцена за разделување пред, веројатно главниот јунак(сѐ уште не знам дали е така) да замине на некакво патување кое, како што е најавено ќе направи тој и таа(за сега сѐ уште безименковци) да не се видат цели 15 години.
Многу прашалници од сам почеток на дејствието, а тоа ми се допаѓа, иако, очекував книгата да биде многу полоша од ова што всушност го читам.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
1. „Жената и родот во исламот“ - Лејла Ахмед - Број на страници: 350 - прочитана
2. „Митот на демократијата“ - Франк Карстен - Број на страници: 123 - прочитана
3. „Неугодното во културата“ - Сигмунд Фројд - Број на страници: 141 - прочитана

4. "Un reino lejano" - Isabel San Sebastian - Број на страници: 344 - прочитана
5. "Palmeras en la nieve" - Luz Gabas - Број на страници: 281 - прочитана - Да бидам искрен не знам како ја дочитав до крај... Толку многу непотребни заплеткувања, толку многу неважни детали. Јас сфаќам да сакаш реализмот да бите правец кон кој ќе ја движиш градбата на романот. Сфаќам и дека реализмот бара исцрпни описи... но тие најчесто, во добрите романи и не се така беспотребни. Што ме мене интересира каков бил оквирот на рамката во која била исцртана семејната нишка, кога за семејната нишка конкретно кажуваш само 2 или 3 реченици.
Сторијата и не е така лоша. Романтична, лесна, по малку тажна, ама начинот на градење на дејствието К А Т А С Т Р О Ф А!

Во тек на читање: 6. „Параноја и хомосексуалност - Случајот Шребер“ - Број на страници: 143
Изданието е на Ѓурѓа, што значи нема многу да уживам во преводот... Тргнувам со огромни очекувања за една сума од сѐ што Фројд има кажано во врска со хомосексуалноста раштркано низ други книги. Очекувам да не ја пренагласува машката хомосексуалност туку да се зафати и со женската. Па ќе видиме што ќе добијам од очекувањата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
1. „Жената и родот во исламот“ - Лејла Ахмед - Број на страници: 350 - прочитана
2. „Митот на демократијата“ - Франк Карстен - Број на страници: 123 - прочитана
3. „Неугодното во културата“ - Сигмунд Фројд - Број на страници: 141 - прочитана

4. "Un reino lejano" - Isabel San Sebastian - Број на страници: 344 - прочитана
5. "Palmeras en la nieve" - Luz Gabas - Број на страници: 281 - прочитана
6. „Параноја и хомосексуалност - Случајот Шребер“ - Број на страници: 143
- Колку што е одличен и единствен, толку и знае да нервира. Значи неговите заклучоци донесени врз еден - два - три случаи ги дава како законитост, ги канонизира и не остава ни милиметар простор за сомнеж. А на почетокот од секоја студија почнува онака, со резерва за вадење некои заклучоци... и ти се чини добро, конечно ќе извлече заклучок кој ќе биде со простор за дополнување, ама не... хомосексуалноста според него е само последица од неправилно надминување на едиповиот комплекс, и неуспешно идентификување со истополовиот родител...

Во тек на читање: 7. Vision de los vencidos - Miguel Leon Portilla - Број на страници: 155
Пребарував денес по интернетов некоја сторија за историјата на Мексико. Оваа најмногу ми привлече внимание „Визијата на победените“... Вака на прв поглед ми наликува на некој некомплетен учебник по историја, но ќе видиме што ќе понуди.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ама ми тргна со квалитетов... (worried)

1. How To Disappear Completely - David Bowick
Сум ја симнала наместо онаа од Doug Richmond (оно па полно ги има со ист наслов), па ај викам да ѝ дадам шанса, и онака е некои 130 страни само.
Фина смисла за хумор, прилично реално-дрзок приказ на размислувањата на еден млад човек во врска со околината (етикетирање, вреѓање во себе) и неверството (моето е оправдано, на партнерот не), но освен тоа е ко тинејџер да ја пишувал (а може и бил тогаш, гледам доста млад е). Дечко запросува цура, таа го одбива, он наоѓа утеха кај друга, yada, yada...
Би ѝ дала 4/10 за трудот.

2. Biblical Mysteries - Lonely Soul
Љубим му име на писателов.
Уште едно кратко книже (110 страни) за чија релевантност не можам да тврдам пошто не сум доволно поткована. Може секташ ја пишувал, for all I know. Се содржи од 20+ кратки приказни што расправаат за можните изгубени евангелија, фамилијата на Исус, пеколот, демони, Стигмата, итн.
Ако се гледа ко книгиче со раскази, е фино - кратко и прецизно, па на таа основа би дала 7/10.
За точноста, once again, не можам да тврдам...
3. Murder in the Gunroom - Henry Beam Piper
Трилер околу наводното самоубиство на колекционерот на оружје, Лејн Флеминг, и начините на кои Ренд (типов е и приватен детектив, експерт за оружја, ванаби адвокат, и мал милион други работи) доаѓа до заклучоци околу тоа што се случило ноќта на убиството, кој ја украл колекцијата и со која цел.
Лесно се чита, има околу 160 страни, ама изобилува со непотребни описи на оружја, некогаш дури и по цела страна. Без тој дел, книгата би била сосема солидна. Ништо спектакуларно, ама солидно, со оглед на тоа што Пајпер е автор на научна фантастика и ова му е единствената крими книга.
Околу 6.5 е сосема доволна оценка.

4. Metamorphosis - Franz Kafka
Верувам доста позната на повеќето - едно утро, Грегор се буди ко бубачка, па збунет и повреден, пробува да се навикне на светот (неговата соба) и начинот на кој дури и најблиските реагираат на него.
На нет стои дека има околу 200 страници, мојава на таблет имаше 130 и нешто, ама со позбиен фонт, па веројатно е до тоа. Ја имам читано на македонски доста одамна и воопшто не ми беше јасна, а сега на англиски увидов дека и не е наменета да биде сосема јасна, туку да се сфаќа на некој свој начин бидејќи фокусот е на филозофските прашања што се на некој начин упатени повеќе кон читателот отколку од самиот Грегор кон себе.
Ми се допаѓа, 9/10.

5. Опасно Блиску - Линвуд Баркли
Пред некој ден ја почнав книгава, има 425 страни, а јас околу 4-5 глави имам само пројдено. Одлична е засега.
Тричлено семејство е убиено во својот дом во Промис Фолс, а нивниот сосед-тинејџер, Дерек, е очевидец кој не може да сведочи поради една причина/тајна. Како што се развиваат настаните, Дерек открива дека тој и неговото семејство всушност биле мета на напаѓачите, но ни самиот не знае зошто... или бар така се теши (или бар така пишува во preview-то, не сум стигнала уште до тајните што треба да ги има секој член од семејството).
Претежно сакам на англиски да читам пошто преводот секогаш одзема од приказната, ама татко на другарка ја имал, па ја позајмив.
Од Матица е, па преводот и не е така лош, освен што, за овие 50ина странички има многу печатни грешки, џабе ја пишале лекторката.
Ќе дадам оценка нареден пат.

*Ми текна да си ја препрочитам и „Малиот Принц“ еднаш пред спиење, ама срамота да ја вбројам, за саат време ја пројдов. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
4. Дневникот на Ана Франк (283 стр. на англиски)
Уф.... од кај да почнам....
Уствари вака.... нема да гњавам нешто многу за личниот живот на Ана, само ќе кажам у кратки црти. Ана со фамилијата се кријат во еден „скиен“ анекс во некоја градба, заедно со уште 2 фамилии. Целата книга е еден дневник (очигледно, не? :zelen) што значи дека не е некое силно дело од некаков познат писател. Но има своја голема длабина во себе. Иако е антивоена книга, повеќе би ја ставил во оние налик на „Птицата подбивница“ книги каде главниот протагонист се соочува со своите први животни предизвици како индивидуа - осознанието дека доаѓа во години кога може да се грижи целосно за себе. Во таков скучен живот, па и не е баш толку возможно, но некои работи не само се возможни туку и неизбежни, како самосвеста, љубовните пориви и што е најважно - сфаќањето кога младоста е многу потешка од она што старите ја прикажуваат нормално откако истата ќе ја „израснат“. Одлична лектира полна со животни лекции, препорачувам барем еднаш во животот да се прочита. Од мене 4.5/5 само заради моментот со преголемото еврејско форсирање наспроти другите народи кои истотака беа големи жртви во војната.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Телото во кое треба да се живее - Петар Андоновски (88стр.)
Кратко романче наградено за „Најдобро за 2015“ од Утрински весник. По мене, баш и не е нешто посебно. Интересна сторија и едноставен невин стил - работи кои се доста битни за пишување на психолошки роман. Но имаше пропусти, како на пример репетитивноста на одредени случки во животот на главниот протагонист (сепак за мало романче, не е потребно), како и одредена мрачнина, својствена за повеќето наши писатели (стари и нови). Крајот по малку конфузен, но доволен сам за себе (инаку и не би можело да се заврши). Доза на претенциозност и нема баш, сепак стилот погоре пишав е лесен и книгата може да се проголта во 24 часовен маратон. Не жалам што ја земав, би ја препорачал на оние што го имаат читано Колекционер од Фаулс, без никакви очекувања, онака релаксирано.
Поговорот (рецензијата) - претенциозна до даска.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
1. „Жената и родот во исламот“ - Лејла Ахмед - Број на страници: 350 - прочитана
2. „Митот на демократијата“ - Франк Карстен - Број на страници: 123 - прочитана
3. „Неугодното во културата“ - Сигмунд Фројд - Број на страници: 141 - прочитана
4. "Un reino lejano" - Isabel San Sebastian - Број на страници: 344 - прочитана
5. "Palmeras en la nieve" - Luz Gabas - Број на страници: 281 - прочитана
- морав да си напишам, за да си имам некогаш да се потсетам. Дури и режисерот на истоимениов филм сфатил дека рамката не е толку важна, колку што се важни празните места од семејното стебло... па дури 2-3 сцени им посвети, и на самиот почеток на филмот, и на самиот крај.
6. „Параноја и хомосексуалност - Случајот Шребер“ - Сигмунд Фројд - Број на страници: 143
7. "Vision de los vencidos" - Miguel Leon Portilla - Број на страници: 155 -
прекрасно. ПРЕКРАСНО. Како што си кажав претходно, еден некомплетен учебник по историја. Значи од првото подглавје каде се зборува за причините поради кои Шпанците допловиле во просторите од денешно Мексико, до последното подглавје каде зборува за бруталниот начин на кој навлегле во племенските заедници на домородците. Прекрасно, во ниту еден момент не забележав субјективен однос на авторот, што ме воодушеви. Ме заинтригира како го опишуваат губењето на своите исконски традиции... една епизода во која се објаснува дека слугинките кои биле грабнувани од шпанските војници морале да го научат шпанскиот јазик, и да заборават на своите божества па да се колнат во Исус... толку реален, толку исконски точен. Прекрасно. ПРЕКРАСНО.
8. "Pablo Escobar, mi padre. Las historias que no deberíamos saber" - Juan Pablo Escobar - Број на страници: 483 - Морам да признам дека овој пат останав запрепастен. Во Мексико, Колумбија, Чиле последниве неколку години се здробија од правење филмови и серии за нарко босовите, за сите криминалци во земјите. Значи до степен што почнав да мислам дека се гордеат со нив, а не се срамат од нив. Е, оваа книга, го опишува животот на синот на Ескобар во тие палати кои ги имал Пабло... Прекрасно сведоштво. Ми се допаѓа што постојат сцени што се толку сликовито објаснети што мислиш дека ги читаш маестралните описи на Балзак - до толку реалистично.
Едно нешто не ми се допаѓа... што колку и да вика дека сето тоа богатство, сиот тој живот не му се допаѓал, дека не уживал, се гледа на моменти дека и тој се восхитувал на мозокот од татко му, посебно во епизодата каде се објаснува пактот што го има направено Пабло со другите картели... поголемо величање на мозокот од Пабло јас до сега немам прочитано.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and ScorpioNka

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
6. Тројца воени другари - Е.М. Ремарк
Би пишал многу... Од типичната сентименталност позната за Ремарк, до расплетот на секоја поединост во прикаската низ која тој ме водеше. Па сепак во овој роман за прв пат осетив доза на индиферентност што е по малку чудно. Сите го заеме Ремарк како допира до најдлабоките дна на човековата душа, со својот едноставен но длабок стил. Скоро невозможно е оној кој го познава својот живот многу добро, да не остане рамнодушен на делата на овој писател. Па сепак, тука на Ремарк му се проникнува еден вид на хаотичност на текот на мислата. Или, со други зборови, на моменти се случува презаситеност од одредени емоции, додека некои други се нелогични. А од друга страна самиот наслов „Тројца воени другари“ го губи контекстот веднаш во случајот кога протагонистот го поминува целото свое слободно време со љубената. Тој „мањак“ на опис на пријателството посебно доаѓа до израз при самиот крај, каде читачот очекува сосема различна разрешница од онаа во книгата.
Баш поради различните очекувања уште од некаде при крајот на првата половина би и` одзел половина ѕвездичка, како и поради преголемата заситеност на боемштината иако на почеток нејзиниот опис да се доживее е многу пријатен.
За останатото... Описот за вистинските вредности во едно пријателство(иако помалку застапен од очекуваното) е големиот peak-point во книгата. Ако нешто навистина може да го погоди читателот, тоа е релацијата помеѓу тројцата воени другари. Посебно за спомнување се последните неколку случки меѓи главниот лик и Кестер. Во денешни рамки таквото пријателство би имало бајковити фантастични својства. Љубовната релација меѓу Роберт и Патриса е сама приказна за себе. Можеби по малку претерана на моменти, таа е најголемиот двигател за целата пожртвуваност во нивната дружина. Писателот се обидува да вметне по некоја животна мисла скоро секаде каде е потребно што тоа додава уште една причина повеќе зошто ми е еден од омилените. Крајна оцена е - земете прочитајте ја. Ако особено го сакате животот онаков каков што го живеете, ќе ви биде дополнително гориво да се почувствувате исполнети.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
03. The Beautiful and Damned - F. Scott Fitzgerald (417)
Книгава ја почнав во декември минатата година и до НГ читав едно 90-тина страни, па кога започна 2016 ја ставив на пауза, бидејќи сакав "Да се убие птицата подбивница" да ми биде првата прочитана книга годинава. Уште ја немам прочитано "The Great Gatsby" која нели се смета за негова најдобра (ако не најдобра, најпопуларна) книга, па не можам да направам споредба, но морам да признаам дека стилот му е ПРЕКРАСЕН. Толку му е убав, едноставно убав. Обожавам приказни кои се одвиваат во првата половина од 20-тиот век во Америка, а поготово ако е во Њујорк. Уживав 100% во книгава.
5/5

04. To The Lighthouse - Virginia Woolf (154)
Ова е првата книга која ја имам прочитано од Вулф и бидејќи се смета за ремек-дело, бев возбудена кога ја купив. Но, искрена да бидам, се разочарав. Ми беше малку досадна. Иако поентата е токму тоа ништо посебно да не се случува и да се соживееш со секојдневието и најобичните мисли на ликовите, мене на моменти ме тераше да се откажам од читање. Моментално имам уште една книга од Вулф (2 во 1), па се надевам дека ќе ми се промени впечатокот.
3,5/5

05. Лето во Италија - Дејвид Мекфарлан (309)
Книгава ме натераа да ја прочитам, демек ќе ми се допаднала. И навистина, ми се допадна поприлично многу. Целата книга беше испреплетена со уметност, љубов, историја. Единствено, крајот ми беше малку слаб.
4,5/5

06. Фото Синтеза - Игор Анѓелков (178)
Книгата е океј, не е лоша приказната, но не ми беше ништо посебна. Искрено, океј е напишана, но некако празна. Нема стил. Премногу обично пишување. Ми фалеше малку емоција, малку spark. Но, not bad.
3,5/5

07. Љубов во време на колера - Габриел Гарсија Маркес (354)
Книгава ми делуваше како да има 1000 страни. Толку многу раскажано, толкму многу приказни испреплетени. Интересна книга. Ми се допадна и стилот на пишување, доста креативен и емотивен. Кога привршував со книгава, ме фати малку депресија. Се изначитав за животите на глвните ликови, се што им се случувало од раѓање, па до смрт. Низ што поминувале, на што се радувале, на што тагувале и се мачеле... и на крајот си помислив... и сега што? Поминале низ толку бурен и емотивен живот и на крајот, починале. На крајот, сето тоа не било важно зошто завршило. Но барем, животот им бил исполнет со чувства, драми и соодноси.
4,7/5
 
Статус
Затворена за нови мислења.