Избрав 20че, али ае, ќе видиме на крај што ќе испадне. Инаку, уште пред 2 недели си одвоив неколку книгички за почеток:
Отвори ја прикачената датотека 26215
"Да се убие птицата подбивница" си ја чувам уште од мај и чекам некаков си специјален момент да ја причитам. Па решив уште поодамна дека таа ќе биде првата причитана книга за 2016. Да почне убаво годината.
И "Глувци и луѓе" одложував 2-3 месеца да ја прочитам, веројатно од истата причина како и првава книга.
"De Profundis" ја има и на македонски, но се решив да ја земам оваа бидејќи е пропратена со уште неколку приказни на Вајлд, така да, the more the merrier. Од оваа очекувам доста, знам дека нема да биде слична на "Сликата на Доријан Греј", но многу ми се допаѓа неговиот стил и сите тие негови премногу паметни идеи и филозофии.
"The Mysterious Island" ја земав бидејќи ми се чита некоја интересна авантура, да искулирам малце.
Уште ја немам прочитано, "The Beautiful and Damned" на Фитц, али инстантно се заљубив во неговиот стил, се надевам дека и овие 2 негови книги подеднакво ќе ме забавуваат.
"Исповедите на еден англиски уживател на опиум" се надевам дека ќе биде доволно мрдната за да ми биде интересна, баш ме интересира што е приказната.
Сакав да читнам нешто од Вулф, па ете, како прв избор ја земав "Сопствената соба/Три Гвинеи", па ќе видиме.
Сега за сега, тие се. Мирна глава некое време.
Да не испадне дека хејтам мкд превод по секоја цена ама пошто ја имам на англиски не би препорачал да се чита превод со оглед на досегашните искуства, не знам како би се пренела перцепцијата на македонски, очекувај фејл.
Инаку да се пожалам на дискриминацијата на нас, слушачите на книги, dokoga vaka