Книжевен предизвик за 2016та

Колку книги ќе прочитам годинава?

  • 5 книги (level existence :D )

  • 10 книги (ептен лагано)

  • 15 книги (leitmotif)

  • 20 книги (средно, едно со едно)

  • 30 книги (Nescafe strong)

  • 52 книги (мењам долен веш, еднаш неделно)

  • 100 книги (level Impossibiru)


Резултатите се видливи откако ќе гласате.
Статус
Затворена за нови мислења.

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
7. Првиот универзитетски ден на мојата ќерка - Игор Станојоски (134 стр.)
Изненади со својата едноставност, но кога малку подлабоко ќе загребеш на површината, книгата буквално те нурнува внатре во својата двосмислена „замашност“. Поделена на 3 дела, сегашност - минато и расплет, со сите нишки меѓусебно расплетени, се` до последните 5 реченици. Прикаската не ја раскажувам да не го расипам уживањето, по мене дефинитивно претендент за Роман на годината. Оцена 5/5.
8. Куќа од хартија - Карлос Марија Домингез (80 стр.)
Чудно книгиче. Мало по обем но поради својата чудност по малку „недокучиво“. Почнува мистериозно додека да везеш во прикаската за да на крај мистериозно те исфрли од колосек. Ако очекуваш (како што вика краткиот опис) некој класичен трип на одредени места во Латинска Америка, ќе останеш разочаран. Од друга страна книгава нуди многу повеќе, секако, ако и само ако се напрегнеш да ја сфатиш. Не е направена за релаксирање, баш напротив... Но „трипот“ што го нуди е доста интересен. Низ разни метафори, референци и секакви видови поими познати само во светот на книжевноста, писателот се обидува да ги опише трите фази со кои секој човек се судрува во животот; адолесценцијата, во која тој мисли дека го има сиот свој живот како „хартотека во библиотеките“, реалностите со кои се судрува - куќата од хартија и пожртвуваноста - буквално книгите кога ти се се` што останало во твојот живот и ти пробуваш да го споделиш тој свет со саканата личност. По мене малку претенциозен, но не така лоша книга. 3.5/5
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
9. Чик - Волфганг Херндорф (Антолог - 254 стр.)
Симпатично on-the-road романче наменето за помлада публика. Едно момче од 14 години од средна класа, растен во брак кој виси на конец се здружува со еден откачен соученик, крадат автомобил и го шетаат источниот предел на денешна Германија. Стил кој не замара, по малку ексцентричен но ништо што би отскокнало од шаблонот за пишување на вакви книги. Малце над просек ради комичните ситуации... Далеку од оноа што Керуак и Кракауер би го опишале. Оцена 3/5
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
10. Левантски ѓердан - Амин Малуф (224стр. српски)
Иако за нијанса послаба од претходните негови прочитани, сепак сосема солидна книга. Со доза сентимент кон заборавената арапска култура, опис на ситуациите во Левантот (Либан, Истаел, Палестина) во последниве 100тина години како и релациите на свежо настанатите држави, низ призма на двајца заљубени воени другари (маж и жена), како и реалностите што самата војна ги носи со себе. Топло го препорачувам на љубители на историскиот роман како и антивоените жанрови посебно опишани во книгите на Ремарк.
Оцена 4/5
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
11. Киднапиран - Р. Луис Стивенсон (244 стр. Бегемот)
Интересна авантура, малку за помладата читачка публика. Иако има блага дистинкција помеѓу главните ликови и сите останати, сепак мислам дека изобилува со премногу детали. Не ја препорачувам ако немате барем основни познавања на британската историја од 17-18 век, посебно кланските превирања во Шкотска. Оттука и` одземам една ѕвездичка. Се` останато е извонредно опишано. Вистински пријателства, авантури, описи на предели... Р. Луис Стивенсон едноставно умее да го прикаже авантуристичкиот дух општо на секој лик.
4/5
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
12. Очи со боја на чевли - Петар Андоновски (92 стр. Или-или)
Се чита во еден здив, одлична нарација со филмски тек, прекрасна и доста верна психолошка слика на прогонувач - жртва, како и нивните трауми од младост кои се главна причина на оноа што протагонистите се ден денес. Не би одел во деталест опис, да не расипам од уживањето. Не остава горкост, мислата е чиста но остава прашања за понатамошно развивање на прикаската.
4.5 - пола бод помалку од совршено, само затоа што некако стилот делуваше малку преедонставен. Топло препорачувам - 3-4 часовно уживање.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
13. Вишнова хроника - Фросина Пармаковска (226 стр. Или-или) 5/5
Се сметам за спор читач... Посебно за книги од набиен карактер со 200+ страници ги читам за некои 2 недели во просек. Но секогаш постојат исклучоци, не?
Оваа книга е еден од тие исклучоци. Набиена по структура (без многу параграфи и разделници) со континуирана мисла од почетокот до самиот крај, без задни свосмислени пораки, прикаска која се одмотува спонтано, без никаква претенциозност. Едноставно проширени реченици... И психолошки отсјај на ликовите преку нивните дела... или замисли, ако го тргнеме протагонистот - раскажувач на страна.
Едно прекрасно четиво за животот што се` може да понуди на еден млад човек, нагласените стереотипи во нашето поднебје со мала жичка на хумор, иако книгава би ја калсицифирал далеку од хумористична. Би цитирал еден друг американски писател на љубовни „блокбастери“ - “Youth offers the promise of happiness, but life offers the realities of grief.” Вака опишано накратко. Книга која ветува многу, иако набиена, се чита во еден здив, иако е полна со стереотипи исклучиво блиски за нашето поднебје, книгава би ја уживал секој светски човек. Од мене топла препорака до сите. A life changer во многу наврати.
 
Последна промена:

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
8. Психоделија во предградието (Дејвид Боуви и уметничката лабораторија во Бекенам) - Мери Финиган (147)
Автобиографија на авторката и биографија на Боуви, но на само мал од нивниот живот, можеби за неа највозбудливиот. Книгичево не е некаков си авантуристичен роман кај што се случуваат разни заплети и акции, се разбира. Али не е лошо, интересно ми е да читам за почетоците на успешни луѓе, секогаш ме мотивираат во животов.
3/5

9. Кланица пет - Курт Вонегат (149)
Каква книга! Многу интересен концепт за животот во 4 димензии. Одлично доловено патувањето низ животот, од еден момент на друг, од едно случување на друго. Во главата ролер-костер додека читаш...
4,5/5
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
10. Киднапиран - Роберт Луис Стивенсон (244)
Како добро ми дојде книгичево после Кланица пет. Таман! Обожавам вакви авантуристични приказни, да одмориш ум од "тешки" книги и да уживаш создавајќи филм во главата. Како што кажа Саладин погоре, добро развиени ликови и одлично опишани предели, но малку претерено константно спомнување на разни кланови и фамилии. Во секој случај, супер книга.
4/5
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
14. Не дaј ми никaдa дa oдем - Кaзуo Ишигурo (290 стр. Плaтo - српски)

Не знам зошто, но за книгава ми требаше многу време и посветеност да ја прочитам за отприлике една недела. Не викам дека е тешка за читање, далеку од тоа. Но нуди едно изобилие... од многу нешта. Некои ја ставаат во дистопискиот жанр, иако само еден мал (иако клучен) дел е оноа што токму дистопијата би го опфатила. Сторијата е многу повеќе од човекот како „серијски“ број, или како што некаде подоцна Рут вика - отпадок од општеството. Да го тргнеме овој клучен дел, книгата повторно би ја имала онаа психолошка длабочина, релациите меѓу обичиот човек, неговите навики, отскокнувања, стравови, зони на комфор... буквално низ се` што човековата душа поминува во еден живот. Сите тие прашања „што би било кога би било“ кои подоцна водат кон разочарувања, сите погрешни чекори кои подоцна раѓаат горчлив плод, задоцнети чекори поради погрешни проценки, па сепак исполнетиот живот кој на самиот крај нуди спомени за кои вреди да се продолжи понатаму. Главната порака е доста широкоопфатена посебно во денешниот начин на живот каде мнозинството работи и идеи се поларизирани, а не треба да се.
Нема многу да го опишам сижето, ќе препорачам само доколку сте во можност да ја купите/најдете книгава - топло препорачувам. Но и не по секоја цена да да прочитате. Додека расположението ви диктира обратно, воздржете се, инаку би делувало претенциозно од ваша страна, а сепак за да се доживее книгава, треба да се соживее со неа. Буквално во секој нејзин пишан збор.
5/5.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
15. 18% сиво - Захари Карабашлиев (276 стр. - Антолог)
Симпатична динамична on the road прикаска за еден тип - фотограф откако ќе ја „исплаче“ загубената жена, една ноќ ќе реши да ги испие своите грижи во Мексико, кое подоцна додатно ќе му го искомплицира животот. Наиме утредента, по бурната ноќ, тој се буди со една вреќа марихуана. Решен скроз да го избрише своето „славно“ минато, тој ја започнува својата on the road авантура до Њујорк. Приказната опфаќа две временски нишки, едната - сегашноста, а другата минатото - додека тој и неговата жена успевале некако да сврзат крај со крај од нивното запознавање во Бугарија, некаде при крајот на 80тите до моментот на стекнување на економска сигурност и одреден степен на некаква слава во САД.
Стилот иако доста дрзок, лесен, разбирлив и доволно присен особено за луѓе кои имаат искусено „живот во странство“. Ова се оние On the road романчиња кои кога ги почнуваш, не те пуштаат до самиот крај. Топло препорачувам, особено на оние кои им се допаднале Керуак и Фотосинтеза на Игор Ангелков.
5/5.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lizbeth
Статус
Затворена за нови мислења.