Книжевен предизвик за 2016та

Колку книги ќе прочитам годинава?

  • 5 книги (level existence :D )

  • 10 книги (ептен лагано)

  • 15 книги (leitmotif)

  • 20 книги (средно, едно со едно)

  • 30 книги (Nescafe strong)

  • 52 книги (мењам долен веш, еднаш неделно)

  • 100 книги (level Impossibiru)


Резултатите се видливи откако ќе гласате.
Статус
Затворена за нови мислења.

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Традиционално како и секоја година, и во оваа стартувајќи од први Јануари почнува предизвикот кој си го поставуваме како бројка на прочитани книги.
Секако, покрај бројката задолжително е да се пише во кратки црти неколку реченици рецензија за пишаното дело.
Темава и покрај тоа што има анкета, незадолжително е уште веднаш да се одговори на истата, баш поради тоа што често се случува бројката на прочитани книги да биде надмината.
Па ајде дечки и девојки, пишете си ја вашата лична агенда како планирате да ја поминете следнава година на книжевен план. Уште поубаво е ако имате веќе некои одредени наслови кои ви се веќе од старт испланирани за читање. Што очекувате од нив, а што добивте за возврат?
Read, love and prosper
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and existence

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Со оглед на тоа колку сум секогаш куса со време...си велам скромни десетина книги ќе ги прочитам годинава...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Сакала или не, ќе морам минимум 20 да исчитам. Али не се жалам.
Претежно англиска литература, почнувајќи од 14ти век од The Pearl Poet и шкотските Child Ballads, па некаде до 19ти со Остин, Бронте, Бејли, Иствик, итн.
Нема што да очекувам, горе-долу ги знам приказните и кои се интересни, а кои (ве)ќе ми иде да ги запалам.

Од слободниве, имам да исчитам 2-3 што се врткаат непипнати по полици, другото е на таблет.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Секоја година се пријавувам на предизвиков и после заборавам да ги запишувам книгите што сум ги прочитал, ама се надевам дека оваа година нема да ме изневери меморијата и ќе наминувам на темава дадам краток осврт на книгите што сум ги прочитал.
Сега за сега читам напоредно две книги, сега ќе ја наведам смо првата. Насловот ѝ е „Жената и родот во исламот“ од Лејла Ахмед. Препорачувам на секоја жена, посебно на тие закоравените феминистки... да ја прочитаат.
 

Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053
Секоја година се пријавувам на предизвиков и после заборавам да ги запишувам книгите што сум ги прочитал, ама се надевам дека оваа година нема да ме изневери меморијата и ќе наминувам на темава дадам краток осврт на книгите што сум ги прочитал.
Сега за сега читам напоредно две книги, сега ќе ја наведам смо првата. Насловот ѝ е „Жената и родот во исламот“ од Лејла Ахмед. Препорачувам на секоја жена, посебно на тие закоравените феминистки... да ја прочитаат.

И јас од истата причина не можам да прифатам овакви предизвици.
Ај ако не ти е тешко пиши мал опис за книгава во соодветна тема. :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
А аудио книги се рачунаат? :unsure
Освен ако не се оние раскажани од Борис Мајсторов, не се важат :zelen

Иначе ќе почнам со лајтмотив оваа година, иако покрај ова имам еден куп материјал за учење. 2 дена пред НГ го почнав првиот случај на Шерлок "A study in scarlett" и вечерва го завршив (некои 100на страни е), со голем мерак. Поделен на 2 дела, првиот кој поголем дел е запознавање на Шерлок, Вотстон и Лестрад, како и вовед во случајот на двојно убиство со длабока бозадина која во вториот дел од романот не` води во тогашните САД и нивниот т.н. суров закон. Општество сочинето од мормони и 5 лика со своја лична судбина, која Шерлок на крајот секако успешно ја обелоденува а со тоа станува славен и омилен меѓу рајата во Лондон.
Ми се допаѓа методичноста на Дојл, иако често знае да замори, но ако ја разделиш на доволно големи „залаци“ големата слика ти е многу појасна.
Од мене 5/5 со голема пристрасност.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Избрав 20че, али ае, ќе видиме на крај што ќе испадне. :D Инаку, уште пред 2 недели си одвоив неколку книгички за почеток:

книги за читање.png

"Да се убие птицата подбивница" си ја чувам уште од мај и чекам некаков си специјален момент да ја причитам. Па решив уште поодамна дека таа ќе биде првата причитана книга за 2016. Да почне убаво годината. :D
И "Глувци и луѓе" одложував 2-3 месеца да ја прочитам, веројатно од истата причина како и првава книга.
"De Profundis" ја има и на македонски, но се решив да ја земам оваа бидејќи е пропратена со уште неколку приказни на Вајлд, така да, the more the merrier. Од оваа очекувам доста, знам дека нема да биде слична на "Сликата на Доријан Греј", но многу ми се допаѓа неговиот стил и сите тие негови премногу паметни идеи и филозофии.
"The Mysterious Island" ја земав бидејќи ми се чита некоја интересна авантура, да искулирам малце.
Уште ја немам прочитано, "The Beautiful and Damned" на Фитц, али инстантно се заљубив во неговиот стил, се надевам дека и овие 2 негови книги подеднакво ќе ме забавуваат.
"Исповедите на еден англиски уживател на опиум" се надевам дека ќе биде доволно мрдната за да ми биде интересна, баш ме интересира што е приказната.
Сакав да читнам нешто од Вулф, па ете, како прв избор ја земав "Сопствената соба/Три Гвинеи", па ќе видиме.

Сега за сега, тие се. Мирна глава некое време. :zelen
 

Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Ви се приклучувам и јас на предизвикот. 10 книги се надевам дека ќе бидат достижна цел за 2016-та. Лани успеав да прочитам петнаесетина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin
Статус
Затворена за нови мислења.