Најмногу сакам да готвам. Си експериментирам со што стигнам, ме опушта, интересно ми е, па ајде запишувај рецепт ако е погодено, па менувај нареден пат ако не е, ама ми се допаѓа.
Мразам бришење прашина, посебно во деловите каде мора да се тргнат парчиња мебел за да не остане само замаскирано напред, а позади да има ластичиња, фискални од 2013, рандом пердуви што некако се протнале при проветрување, итн... Тешко ми е тоа тргање и местење.
И влечење мокри алишта не ми е баш најомилено, но се трпи.