Сето ова ме асоцира на едно прочистување, што е и самата поента на потопот, е сега може да се работи за прочистување на светот, но може да се работи и за внатрешно прочистување на секој човек посебно. Четириесет дена и четириесет ноќи се доволно да се излечи било која ,,болест", ако започне прочистувањето, под услов да се биде дисциплиниран и да не се јаде и да не се пие... за четириесет дена и четириесет ноки се исцелува се што е на земјата под услов да не се внесува било каов отров во себе, не е битно дали ке не отруе физички или духовно.Ќе направиме неколку споредби со некој текстови од библијата.
1.
Битие (1 Moj.) 7:4 (MKB)
Зашто, по седум дена, ќе пуштам дожд на земјата: четириесет денови и четириесет ноќи, та ќе го истребам од лицето на земјата секое живо суштество, што сум го создал.”
ВтЗакон. (5 Moj.) 9:11 (MKB)
Кога поминаа четириесет денови и четириесет ноќи, Господ ми даде две камени плочи - плочи на Заветот.
Излез (2 Moj.) 34:28 (MKB)
Мојсеј остана таму со Господа четириесет денови и четириесет ноќи. Ниту јадеше леб ниту пиеше вода. Тогаш ги напиша врз плочите зборовите на Заветот - Десетте заповеди.
Лука 4:2 (MKB)
1 А Исус исполнет со Светиот Дух, се врати од Јордан, и Духот Го водеше во пустината
2 четириесет дена, каде беше искушуван од ѓаволот. А во тие дни не јадеше ништо, а кога поминаа тие, Тој огладне.
2. Арката нема кормило,ниту сидро и плови таму каде ја води водата.
Матеј 8:20 (MKB)
А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небесни - гнезда, а Синот Човечки нема каде да ја положи главата.”
3."Потопот" ја крена Арката највисоко од сите планини.
Марко 16:19 (MKB)
А Господ Исус, откако им го рече тоа, се вознесе на небо и седна оддесно на Бога.
Ова се само неколку,иако ги споредувам со приказната за Исус и Мојсе,битна е поентата да се разбере што точно преставувала Арката.
Прашав,но никој не даде одговор,дали видел некој како изгледа праведник?
Инаку сметам дека потопот е симболика за настапување на ерата на водолија која што е ера на љубов и ера на исцелување. Ерата на водолија е ера во која што настануваат големи промени за кратко време и човештвото го менуваат од ,,корен'' затоа и во приказната се обновува човештвото за четириесет дена и четириесет ноќи, незнам дали овој период има некоја друга симболика освен симболиката на исцелување, кое малку го објаснив погоре.
Незнам точно која е симболиката на арката, најверојатно една од планетите кои што владеат со овјој знак -уран и сатурн...
Уран преставува бесполност, универзалност, единство, слобода и целосна промена, па некако се ми оди натака посебно ми се совпаѓа оној дел кога во арката влегуваат по едно машко и едно женско од секој вид, односно, половите се застапени во ист број, еднакви се, се соединуваат и со самото тоа никој од нив не преовладува...