Ное преставува период од 900 год од човечко постоење во кој се раѓале и умирале исто како сега, со што се развивале, достигнале одреден напредок и тука завршува.
Тој само го обележува нивниот крај, исто како што Исусовото доаѓање го одбележува крајот на овој род,но и почеток на нов.
Во некои книги Ное го претставуваат како втор татко на човештвото, на новата цивилизација, бродоградбата и ред други работи за кои јас врска немам.
Многу ми е жал што неможам да ти бидам добар соговорник за оваа тема, ма уствари воопшто за религијата која изобилува со прекрасни приказни, митови, легенди што и да се...а ти толку добро ги познаваш и не те мрзи да ми објасниш. Успеа да ме заинтересираш за религијава, почнав да гуглам, да читам,и сфатив дека народов уствари нема благе везе од библијата а замисли да ги прашаме помладиве, незнаат ни Ное кој бил

Во моментов наидов на една книга-Од Исус до Мухаммед.- убаво си пишува дека барањето вистина е обврска на целото човештво а нејзиното споделување е право на секој човек

Интересно е што во стариот завет се вели дека потопот бил универзален, на цела земја...додека во куранот пишува дека потопот се случил 3000 год. п.н.е.
и била уништена една цивилизација овозможувајќи да се создаде после тоа една комплетно нова цивилизација на Месопотамаска висорамнина.