Што изградил Ное?

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Ја знаеме сите приказната,како Ное со упатство од Бог изградил арка во која ќе го смести своето семејство заедно со сите животни од секој род по две машко и женско.Иако многумина сметаат дека потпот од 40 дена и 40 ноќи навистина бил,сепак се работи за духовна приказна со многу метафори.
Што според Вас,метафорично е преставено со арката или сепак сметате дека се работи за вистински настан?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Пронајден нацртот на Арката на Ное: Тврди дека пронашол 4.000 години стара плоча со опис на митското пловило
tocka-117462.jpg



Плочата, која според Финкел е "една во милион", потекнува од 1750. г.п.н.е, и на неа е запишана вавилонската "Приказна за поплавите".


Кустосот на Британскиот Музеј, Ирвинг Финкел тврди дека открил 4.000 години стара плоча на која биле опишани материјалите и мерките за изградба на Арката на Ное. Финкел ја напишал книгата "Арката пред Ное", во која ја опишува на начин непознат за ниеден археолог кој досега се занимавал со таа тема.

Финкел тврди дека Арката на Ное била кружна и во својот музејски блог тврди дека плочата во музејот ја донел Даглас Симондс, кој ја добил како наследство од својот татко. Човекот плочата ја пронашол по Втората светска војна во Египет.


Плочата, која според Финкел е "една во милион", потекнува од 1750. г.п.н.е, и на неа е запишана вавилонската "Приказна за поплавите". Вавилонската приказна и нејзината сличност со приказната за поплавата во Библијата се познати од порано, но плочата на Финкел "содржи неверојатни нови податоци".

Наведува неколку видови на материјали, кои Ное според упатствата на Бог ги користел за изградба.

Според неговата приказна, Арката на Ное била голема 3,6 квадратни километри, односно колку едно и пол фудбалско игралиште, а нејзините ѕидови биле високи шест метри.

http://tocka.com.mk/5/117462/pronaj...odini-stara-ploca-so-opis-na-mitskoto-plovilo
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Пронајдена арката на Ное?!
Една евангелистичко-христијанска екипа истражувачи излезе со информација дека ја"пронашла арката на Ное". Но, археолозите и историчарите ја оспоруваат веродостојноста на наодот. Да се потсетиме, според една библиска приказна "Бог испратил тотален потоп на Земјата за да ги казни луѓето со уништување поради нивниот разврат. Претходно му наложил на единствениот праведник Ное да изгради арка (брод) за себе и за семејството и да го наполни со по две животни, машко и женско од секој вид. Потопот го уништил сиот жив свет, освен жителите во арката". Деновиве, арката на Ное повторно стана актуелна, кога една евангелистичко-христијанска меѓународна група излезе со тврдење "дека ги пронашла неговите остатоци, закопани под снег и под вулкански остатоци на планината Арарат во Турција, на околу 4 илјади метри надморска височина. Датирањето на наодот со метода на распаѓање на радиоактивен јаглен покажа негова старост од околу 4800 год., што според пронаоѓачите приближно коинцидира со времето на тоталниот потоп според ...
http://daily.mk/vesti/pronajdena-arkata-na-noe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Пронајдена Ноевата арка
Група кинески и турски научници објавија дека најверојатно ја принашле Ноевата арка на врвот на 4-илјади метри надморска височина на планина Арарат во Турција.

edwardhicksnoahsark.jpg


Научниците истакнаа дека се пронајдени дрвени остатоци во кои била тестирана старосната граница на јаглеродот и за кои се претпоставува дека се остатоци од арката стари 4.800 години што се поклопува со времето на Големиот потоп на Земјата.

- Не можеме да речеме дека тоа 100 % е арката на Ное, но 99,9 % сме сигурни. Древната структура има неколку прегради со дрвени греди во кои веројатно биле сместени животните, изјави Јанг Винг Ченг, режисер од Хонг Конг и член на истражувачкиот тим.

AraratAnomaly1.jpg


Локалните научници побараа од владата во Анкара планината Арарат да ја воведе на листата на UNESKO, бидејќи овој реон е едно од најинтересните места полно со археолошки наоѓалишта.

Според Библијата во времето на Големиот потоп Бог му наредил на Ное да изгради брод во кој ќе бидат сместени по две животни од секоја раса. Се претпоставува дека по поплавата водата се повлекла, а бродот останал на копно. Многу веруваат дека таа останала на планината Арарат бидејќи таа планина е највисока точка во регионот.

arkwyattsite1.jpg


http://www.idividi.com.mk/Futurama/Nauka/596959/
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Имаше еден документарец на хистори, интересен беше обично ме импресионираат луѓе кои се посветуваат на барање на изгубени ствари или богатства.

Е сега причата со Ное е многу нелогична пошто има над 2 милиони видови на животињи и инсекти.
Плус никаде не се споменува тасманиски ѓаол. Дали Ное немал време да оди до Тасманија да земе мажјак и женка или пак не сакал да прима ѓаол на бродот?
Како тогаш успеал да преживее тасманискиот ѓаол?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Библијата раскажува за Ноевата арка и потопот како вистински настани...е сега јас незнам точно дали да верувам или не..едни велат дека потопот навистина се случил ама не дека бог така сакал само за да ги казни луѓето, туку дека потопот е всушност крајот на леденото доба, топење на глечерите.
Ако размислиме вака просто и се запрашаме, арката била градена околу 40 тина година, помагале само Ное, неговата жена, синови, снаи, внуци...додека се градело, истовремено се прибирале и животните..па нели треба за нив храна, некој да ги одгледува, да им чисти....како и да е, навистина интересна приказна:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
@alf дали знаеш колку години имал Ное кога се случил потопот?
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
@alf дали знаеш колку години имал Ное кога се случил потопот?
Околку 900 год. според приказната,а ти мислиш дека тоа се години според начин на броење кој сега би се однесувало за еден човек?
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Околку 900 год. според приказната,а ти мислиш дека тоа се години според начин на броење кој сега би се однесувало за еден човек?
Некои велат дека имал 600 год...искрено да си признам незнам како се рачуна, точно си помислил...хахаххаа..па уште си викам како Ное за толку години само три сина направил:sram
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Некои велат дека имал 600 год...искрено да си признам незнам како се рачуна, точно си помислил...хахаххаа..па уште си викам како Ное за толку години само три сина направил:sram
Нема што да се рачуна кога би се знаело што е преставено преку ликот, а уште повеќе кога како целина што се крие во самата приказна.
Еве постирав како одредени луѓе бараат со очи да најдат физички доказ за потопот и арката.
Но тоа се само јалови обиди колку само да си се убедат себеси, а и другите во веродостојноста на приказната што би им дала силен аргумен дека се верници на правиот пат.
Ти што мислиш, како ја разбираш приказната?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo