Праведник е човек што верува во бога и ги следи неговите заповеди а не е човек што прави добри дела. Само нели знаеме дека на светот не постои праведник, сите луѓе се грешници.
Интересно е што Израел доделувал одликување Праведник на луѓе од друга народност кои ги спасувале евреите за време на холокаустот од истребување, при тоа го ризикувале и својот живот.
Моабетот ми беше
@alf за прашањето дали сме виделе праведник.
Како треба по твое да се однесува еден праведник?
Праведен е оној човек чија перцепција не дозволува неправедности, односно човек кој на космичките закони гледа како непогрешни и не чувствува потреба да ја ,,мери,, нивната праведност.
Ное е опишан како праведен, затоа и е избран, но ако тој бил праведен според човековите стандарди за праведност, не би дозволил да преживее само неговото семејство, а суте други да потонат, но бидејки тој бил праведен според божјите стандади, на божјиот закон гледал како на нешто непогрешно и го направил она што го направил. Праведниот човек не бара правда, бидејки знае дека се што се случува е праведно и она што тој умее да го разбере е самиот смисол на дејствувањата на законите во универзумот кои во никој случај не се случајни.
Праведник постои во секој човек,но сите на површина ги вадат "животинските" особини кој постојано ги хранат сметајќи го тоа како карактерна особина.
Семејството на Ное кое е опишано во приказната,не се однесува на семејство кое ние го разбираме.Тие се човекови внатрешни доживувања,на пример со жена обично се преставува време,како што во битие од реброто на Адам е создадена жена,така од вечноста извадено е времето,да биде сопатник на вечниот Ное кое е присутен во секој човек.
Трите синови исто како и кај Јов трите пријатели со кој водел диалог,се оние три работи со кој имаме директен увид на се она што не опкружува,вид,слух и говор и тие имаат свое време,општо е познато дека човек во текот на својот период било кое може да го изгуби и да не може да го употребува,односно тие имаат свое време- жена.
Праведен човек се појавува на површина како плод на еден човечки род,како што едно дрво кое ги има сите промени во текот на годината до моментот да даде род,е сега не сите гранки даваат род,знаете она кога Исус побара смоква на дрвото и не најде,па ја проколна,всушност не нашол праведник од тој човечки род.И приказната за Содом и Гомор ,Авраам бараше праведници за да не бидат уништени градовите.
Во сите приказни провејува приказна за еден човечки род и неговиот плод-праведник кој сите го имаат внатре,но никој не го пушта на површина да никне!
Со приказната за Ное се опишува патот,страдањата и се она што се случува кога праведник ќе се "одвои" од земјата,носејќи го водата-мислите нагоре на највисокиот врв од земјата..метафорично вкусување на смртта.