Што изградил Ное?

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Ќе направиме неколку споредби со некој текстови од библијата.
1.
Битие (1 Moj.) 7:4 (MKB)
Зашто, по седум дена, ќе пуштам дожд на земјата: четириесет денови и четириесет ноќи, та ќе го истребам од лицето на земјата секое живо суштество, што сум го создал.”
ВтЗакон. (5 Moj.) 9:11 (MKB)
Кога поминаа четириесет денови и четириесет ноќи, Господ ми даде две камени плочи - плочи на Заветот.
Излез (2 Moj.) 34:28 (MKB)
Мојсеј остана таму со Господа четириесет денови и четириесет ноќи. Ниту јадеше леб ниту пиеше вода. Тогаш ги напиша врз плочите зборовите на Заветот - Десетте заповеди.
Лука 4:2 (MKB)
1 А Исус исполнет со Светиот Дух, се врати од Јордан, и Духот Го водеше во пустината
2 четириесет дена, каде беше искушуван од ѓаволот. А во тие дни не јадеше ништо, а кога поминаа тие, Тој огладне.

2. Арката нема кормило,ниту сидро и плови таму каде ја води водата.
Матеј 8:20 (MKB)
А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небесни - гнезда, а Синот Човечки нема каде да ја положи главата.”

3."Потопот" ја крена Арката највисоко од сите планини.
Марко 16:19 (MKB)
А Господ Исус, откако им го рече тоа, се вознесе на небо и седна оддесно на Бога.

Ова се само неколку,иако ги споредувам со приказната за Исус и Мојсе,битна е поентата да се разбере што точно преставувала Арката.

Прашав,но никој не даде одговор,дали видел некој како изгледа праведник?
Сето ова ме асоцира на едно прочистување, што е и самата поента на потопот, е сега може да се работи за прочистување на светот, но може да се работи и за внатрешно прочистување на секој човек посебно. Четириесет дена и четириесет ноќи се доволно да се излечи било која ,,болест", ако започне прочистувањето, под услов да се биде дисциплиниран и да не се јаде и да не се пие... за четириесет дена и четириесет ноки се исцелува се што е на земјата под услов да не се внесува било каов отров во себе, не е битно дали ке не отруе физички или духовно.

Инаку сметам дека потопот е симболика за настапување на ерата на водолија која што е ера на љубов и ера на исцелување. Ерата на водолија е ера во која што настануваат големи промени за кратко време и човештвото го менуваат од ,,корен'' затоа и во приказната се обновува човештвото за четириесет дена и четириесет ноќи, незнам дали овој период има некоја друга симболика освен симболиката на исцелување, кое малку го објаснив погоре.
Незнам точно која е симболиката на арката, најверојатно една од планетите кои што владеат со овјој знак -уран и сатурн...
Уран преставува бесполност, универзалност, единство, слобода и целосна промена, па некако се ми оди натака посебно ми се совпаѓа оној дел кога во арката влегуваат по едно машко и едно женско од секој вид, односно, половите се застапени во ист број, еднакви се, се соединуваат и со самото тоа никој од нив не преовладува...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Ќе направиме неколку споредби со некој текстови од библијата.
1.
Битие (1 Moj.) 7:4 (MKB)
Зашто, по седум дена, ќе пуштам дожд на земјата: четириесет денови и четириесет ноќи, та ќе го истребам од лицето на земјата секое живо суштество, што сум го создал.”
ВтЗакон. (5 Moj.) 9:11 (MKB)
Кога поминаа четириесет денови и четириесет ноќи, Господ ми даде две камени плочи - плочи на Заветот.
Излез (2 Moj.) 34:28 (MKB)
Мојсеј остана таму со Господа четириесет денови и четириесет ноќи. Ниту јадеше леб ниту пиеше вода. Тогаш ги напиша врз плочите зборовите на Заветот - Десетте заповеди.
Лука 4:2 (MKB)
1 А Исус исполнет со Светиот Дух, се врати од Јордан, и Духот Го водеше во пустината
2 четириесет дена, каде беше искушуван од ѓаволот. А во тие дни не јадеше ништо, а кога поминаа тие, Тој огладне.

2. Арката нема кормило,ниту сидро и плови таму каде ја води водата.
Матеј 8:20 (MKB)
А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небесни - гнезда, а Синот Човечки нема каде да ја положи главата.”

3."Потопот" ја крена Арката највисоко од сите планини.
Марко 16:19 (MKB)
А Господ Исус, откако им го рече тоа, се вознесе на небо и седна оддесно на Бога.

Ова се само неколку,иако ги споредувам со приказната за Исус и Мојсе,битна е поентата да се разбере што точно преставувала Арката.

Прашав,но никој не даде одговор,дали видел некој како изгледа праведник?
Ниту знам точно што претставува праведник, ниту можам да видам кога не го познавам и ајде не мачи не, кажи ни:(
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Ниту знам точно што претставува праведник, ниту можам да видам кога не го познавам и ајде не мачи не, кажи ни:(
Аврам, Ное, Јов,Мојсе сите тие се преставници на праведник од разни човечки родови кој постоеле во минато.
Нивните прикани се сиболичен приказ за тоа како изгледа еден праведник.
Ное со арката и потопот го објаснува внатрешното доживување што го снаоѓа еден праведник. Колку мачно и тешко е, првин да се изгради таков човек,а после уште потешко да се носи тоа.
 
Последна промена:

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Како може некој да види такво нешто што не постои? Ти си видел ли?
Зошто мислиш дека не постои?
Има тука луѓе кој настојуваат да достигнат и изградат праведен човек од себеси, така да секој кој зачекорува на таа патека е за почит како праведник.
 

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Зошто мислиш дека не постои?
Има тука луѓе кој настојуваат да достигнат и изградат праведен човек од себеси, така да секој кој зачекорува на таа патека е за почит како праведник.
Подобро прашање е зошто ти мислиш дека постои. Пак ќе те прашам, ти си видел ли таков?
Од настојување до достигнување, огромна е разликата. Како беше она некој пробал па......
Или ете да се послужам со прикаската за Исус и Марија Магдалена. Кој го фрли каменот? Се најде ли “праведник“, што и да значи тоа.

А желби има многу или тупкање в гради.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Подобро прашање е зошто ти мислиш дека постои. Пак ќе те прашам, ти си видел ли таков?
Од настојување до достигнување, огромна е разликата. Како беше она некој пробал па......
Или ете да се послужам со прикаската за Исус и Марија Магдалена. Кој го фрли каменот? Се најде ли “праведник“, што и да значи тоа.

А желби има многу или тупкање в гради.
Сеуште не сум видел, иако знам како би требало да изгледа (не мислам надворешно по лик, туку внатрешно)
 

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Сеуште не сум видел, иако знам како би требало да изгледа (не мислам надворешно по лик, туку внатрешно)
За внатрешно и зборувам де. А знаеш ли? Или веруваш дека знаеш? Ако не си видел (не биди буквалист, не мислам на органот за вид) како тоа знаеш како треба да изгледа? Или му веруваш на дедо? :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Мојсеј бил преварант ама роден психолог, изгледа имал природна дарба да манипулира со раја, е сега откако избегал од Амарна ги нашол племињата пустински и неписмени и им соопшти дека Атон многу ги сака, долга и широка е таа...

А за потопот, голема е можноста навистина да се случила една или повеќе глобални катаклизмички ситуации бидејќи потоп или слична катастрофа постои во илјадници митологии распоредени низ цел свет од Океанија до Андите, од Арктикот до Намибија, значи култури во огромен временски распон кои немале никаков допир едни со други.
Не е невозможно да постоела некаква форма на глобално присутна цивилизација за која денес малку се знае.
Ионака Гобекли Тепе ги помести сите временски граници поназад.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Idiot