Ете така и да не мижиш , учи си и никогаш не се одкажувај од ништо , успехот во животот се стекнува само со труд ... каков и да е убав ден имај ...
А да размислуваат во правец - која професија ја сакаат и за која професија имаат способност да ја работат????Јас мислам дека многу од луѓето избираат факултети без да помислат дали навистина можат да најдат работа со тој факултет. Обрнете внимание на тоа кои струку се ДЕфицитарни, па според тоа запишете се. Можеби ќе студирам година две повеќе но сигурно ќе се вработам, баш заради тоа што струката е дефицитарна.
Не е дека факултето те прави човек или нешто повеќе, сите учиме факултет за да ни биде повисока платата. Многу работи продавач, на бензинска, во аптека, во перална за автомобили, во печатница, во кладилница, бејбиситер, чувар, обезбедување, келнер, шанкер, ДИРЕКТОР
А да размислуваат во правец - која професија ја сакаат и за која професија имаат способност да ја работат????
Баш поради тоа што сите се запишуваат на факултети кои што подоцна можат да им обезбедат добро платено работно место или брзо вработување, подоцна истите се покажуваат како нестручен кадар, изложени се на огромен стрес, не се среќни на своето работно место, нивната психичка состојба влијае на останатите членови од нивното семејство и тн.
Мене не ми е јасно како може да си потрошите огромен дел од животот и тоа најубавиот дел - младоста, за учење на нешто кое можеби и не ве интересира, не го сакате, ама ке ви донесе работа и пари... Исто му доаѓа како да се проституираш, само што во овој случај не си го ,,продаваш,, телото, туку интелектот и душата, а најмногу од се времето кое никако не можеш да го надоместиш.
... а уште понејасно ми е како можете да се нафатите на трошење на остатокот од животот осудувајки се себеси на работа на работно место кое не го сакате, кое не ве прави среќни...
А бе да си гледаме реално, на денешницава ако немаш некој да те "пикне" на работа или среќата ќе ти проработи ќе влезиш на навистина залслужено место (тоа е 30% од 100%) или ке оставаш коски в маркет..
Ќе си тргнам од себе. Не отидов на факултетот што го "сонував", а не дека овој не го сакам далеку од тоа оти си се тешам млад е кадарот нема место, а реалноста е малце поинаква.
И ако не успеам да ја остварам целта со мојот факултет имам и друго решение . Пријатели кои ќе ме вработат во нивниот ресторан..
Значи сепак не газам на трула штица.
Не мора да значи дека факултето што го сакаш е идеален избор. Правилен избор е факултет со кој можеш најлесно да најдеш работа. Како и да е ти посакувам огромен успех и среќа за да го работиш тоа што си го учела
Многу лош одговор. Ке ти објаснам зоштоЗа тоа треба да прашаш некој друг човек. Јас сум среќна и задоволна од изборот и ќе сакам да го работам тоа што го учам. Не можеш ти амбицијата и учењето да го споредиш со проституција, зошто многу студенти на пола од студиите сфаќаат дека не е тоа за нив, а касно е да се откажуваат. Подобро на учење да губам време од колку на ништо ! А од што ќе живее семејството, од љубов и воздух ?! Пари требаат, во Македонија нема никој да те праша дали го сакаш тоа што го работиш. Стегнете заби и не фантазирајте. Не мора да го сакаш тоа што го работиш. Треба да си доволно паметен психички да не паднеш во депресија и да си свесен дека работиш за да преживееш, а не да си заљубен во професијата
Учителка е нели онаа која што држи клас од прво до четврто, сега петто одделение.. Па следат оредметни наставници и професори..Учителка во која смисла , а и имаш многу области ?