Да, наут е. Па имаш две варијанти едната е со варен наут другата е со киснат наут. Ако го киснеш ке треба да одстои околу 24 часа, натаму постапката е иста. Се додава сок од лимон, таан, сол и масло, многумина го прават и со лук. Јас не ставам секогаш лук, бидејки многу повкусен ми е со кари и бибер, а додавам и куркума за да добие убава жолта боја, некако попривлечен ми е . Сум пробала да ставам и сенф и мислам дека таа варијанта ми е една од поубавите. Напрај си ти хумус од основните состојки потоа извади си малку на страна и додавај што ти е по вкус и така ке си го приспособиш според твојот вкус.Барав некои рецепти за хумус на англиски и буквално секаде се спомнуваат некои chickpeas, па имам прашање - дали се работи за наут или е нешто друго? @malo ако знаеш нешто околу хумус, некакви мали финти за правење, би ти бил многу благодарен.
Постапката е следна - ставаш во блендер, додаваш малку вода и блендаш додека не се добие убава смеса.