Океј, нека ги укинат даноците скроз. Кој ќе ги плати даскалите?
Оној кој ќе ги користи нивните услуги. Дакле родителите кои ќе пратат деци на чколија. Чколијата која ќе зависи од тоа дали навистина ќе испорача некаков квалитет - и тоа како ќе внимава на тоа какви даскали работат таму и на програмата која ќе биде прилагодена на деците. Иначе њама пари. Јасно има деца без родители но тука во игра би стапиле солидарни фондови, тотално минимална сума на терет на поединците која би овозможила на такви деца да учат, мислам дека доброволно раја би дала неколку денари месечно без да праи фрки.
Друга опција е кооперативна ситуација каде што се плаќа поинаку ама основата е иста.
Е сега ако се пресмета колку се арчи во тек на живот како дел од порези на образовање ќе се дојде до заклучок дека би било неспоредливо поефтино ако родители директно плаќаат. Митот за `бесплатно` образовање е само тоа - мит.
Настрана новите технологии и можноста за елиминација на средновековните модели на образовање со клупи, табла/катедра и некој лик кој мумла нешто и млада раја као нешто учи...
@Outrider твоето глдиште е врз реалната моментална ситуација кај нас (и пошироко), не општо за општество каде работите би функционирале сто пати подобро. Општествата секако дека се темелат и врз даноци, инаку не би функционирале другачие. Со самото тоа што сакаш да се поврзеш со општеството, ти стапуваш во еден вид на „деловен“ контакт со истото. Се обврзуваш да плаќаш даноци за општото добро. Дури и во најлибералните општества, данокот не можеш да го искорениш. И самиот знаеш како е во западниве држави, дека театрите не се темелат само на публика која ќе купи карта, иако посетеноста е доста битна и, во правните држави во одреден театар ако нема посетеност а истиот црпи државни ресурси, има начини за негово затворање. Секогаш ќе има оштетување во државата, затоа тука се тераат разни правни системи кои ги следат малверзациите што одредени се обидуваат да ги сторат.
Ќе се повторам, се` ова го зборам за некое позрело општество, не за кај нас каде за коприви може да лежиш чорка 6 месеци а за гипс-картон можно е да те изберат уште еднаш за пастир.
Мислиш на теоријата за социјален договор, а тоа е чисто религиски концепт, додуша секуларен ама и секуларната религија е јака.
Нема никаков договор, никогаш немало, поимот дивајн рајт ту рул е заменет со `социјален договор`, подеднакво комични концепти кои паѓаат на елементарна логика.
Се согласувам дека има поразвиени и помалку развиени општества, дека западните се помало зло од некои други но тоа зависи и од перцепција...јасно дека ББЦ е јака ствар а МРТВ е срање ама принципот не е сменет, сменети се резултатите.
Е сега ако рационално се разгледа сето тоа ќе се дојде до заклучок дека огромен дел од животот бесповратно се арчи заради некои ликови кои ниту човек ги знае ниту познава, тотални странци. А тоа е зло. Барем за оние кои не веруваат во задгробен живот.
Тоа што на запад се арчи за војни во Ирак е едно, тоа што системот сепак враќа повеќе на поединецот него системите на фејл држави како Хунзистан или Бурунди не ја елиминира основната премиса за собирањето данок како грабеж.